Промовирани огласи »

Дождлив ден пред нас: Проверете ја најновата прогноза!

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Времето ќе биде променливо облачно, со можност за повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје, се очекува облачно време со периодични врнежи од дожд, проследени со слаб до умерен северен ветер.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

16.04.2025 Среда   15° / 21° 06:53   20:18
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h














19°
21°
21°
21°
20°
18°
17°
16°
16°
15°

3

4

4

4

3

2

2

2

2

3
17.04.2025 Четврток   11° / 23° 06:51   20:19
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
14°
14°
13°
12°
12°
11°
11°
11°
12°
14°
16°
17°
19°
21°
23°
23°
22°
21°
20°
18°
17°
16°
16°
15°

2

3

3

2

3

2

2

3

2

3

3

3

4

5

5

6

5

5

5

4

3

3

4

4
18.04.2025 Петок   11° / 20° 06:50   20:20
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
15°
14°
13°
13°
13°
12°
11°
12°
12°
14°
15°
17°
18°
19°
19°
19°
20°
19°
18°
16°
14°
13°
13°
12°

4

3

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

3

3

2

3

3

2

2

2

3

3

Промовирани огласи »

Амбасадата на САД во Македонија: Носителите на визи да ги следат американските закони и правила, во спротивно депортација

Амбасадата на САД во Скопје апелира носителите на визи да ги следат американските закони и правила

Американската амбасада во Скопје апелира носителите на визи да ги следат американските закони и правила. 

Скринингот на визите за САД не престанува по издавањето на визата. Ние постојано ги проверуваме носителите на виза за да утврдиме дали ги следат сите американски закони и правила и ако не ги следат ќе им ги укинеме визите и ќе ги депортираме, стои во Фејсбук објавата на Амбасадата.

Амбасадата и минатата недела објави апел до граѓаните кои што поседуваат американска виза, со цел нејзино правилно користење. Оттаму наведоа дека ако се престојува подолго отколку што е пропишано на самата виза, лицата може да се соочат со трајна забрана за патување во САД.

Тагови: визи САД Скопје амбасада

Промовирани огласи »

Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%

Зголемени платите на припадниците на МВР за 10%

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.

Тагови: МВР плата Панче Тошковски

Промовирани огласи »

709 милиони евра во онлајн трансакции во Македонија

Нови податоци од Асоцијацијата за е-трговија покажуваат значителен пораст на онлајн трансакциите во Македонија за 2024 година, со вредност од 709 милиони евра.

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) објави дека во 2024 година, вкупната вредност на онлајн трансакциите изнесува 709,4 милиони евра, што претставува зголемување од 9,3 проценти во споредба со претходната година. Вкупниот број на спроведени онлајн трансакции достигна 21,6 милиони, што е за 11,4 отсто повеќе од 2023 година.

Македонските е-трговци ги имаат добиените 60 отсто од онлајн трансакциите, вредни 425 милиони евра, од домашни и странски даватели на картички, додека останатите 40 отсто од трансакциите Македонците ги извршиле во странство. Просечната вредност на онлајн трансакција во 2024 година е 33 евра, малку пониска од претходната година.

Според Нина Ангеловска Станков, претседателка на АЕТСМ, годината донесе повеќе конкурентни понуди и промоции од домашните е-трговци, како и подобра достапност на меѓународни е-продавници за македонските потрошувачи. Таа исто така истакнува дека главниот предизвик останува доставата на производи додека порастот на онлајн купувањето ги менува навиките на граѓаните.

Тагови: е-трговија онлајн купување Асоцијација за е-трговија на Македонија

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »