Промовирани огласи »

Огласи за работа во Штип!

Најновите огласи за работа во Штип!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции во Штип на KARIERA.mk! Се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив. 

Штип – градот на индустријата, образованието и традицијата, нуди многу можности за вработување во различни сектори. За да го пронајдете вашето идеално работно место во Штип, посетете го нашиот веб сервис KARIERA.mk и следете нè на нашите социјални мрежи, каде многу работодавци редовно објавуваат отворени позиции.

Моментално отворени позиции:

Техничко лице за поддршка при следење на производствените процеси и одржување
Хигиеничар/ка
Референт за продажба во Штип
Асистент за продажба - Stip City Mall

Се уште невработени? Не грижете се, сите останати работни места можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Најновите огласи за работа во Скопје!

Промовирани огласи »

Зошто луѓето денес имаат сè помалку енергија?

Еве што најмногу нè исцрпува

Во време кога технологијата ни овозможува сè да завршиме побрзо и полесно, сè повеќе луѓе се жалат дека се чувствуваат уморно, исцрпено и без енергија. Без разлика дали станува збор за работа, учење или секојдневни обврски, многумина велат дека имаат чувство како постојано да им недостасува сила и мотивација.

Една од главните причини е брзиот начин на живот. Денес речиси секојдневно сме под притисок да постигнеме повеќе, да бидеме постојано достапни и да следиме темпо кое ретко остава време за вистински одмор. Стресот, недоволниот сон и премногу време поминато пред екрани дополнително влијаат врз физичката и менталната состојба.

Сè почесто се споменува и влијанието на социјалните мрежи. Постојаното споредување со другите, огромниот број информации и чувството дека мораме постојано да бидеме „во тек“ може сериозно да ја исцрпат психичката енергија.

Исхраната и физичката активност исто така играат голема улога. Брзата храна, нередовните оброци и недоволното движење можат дополнително да придонесат за чувство на замор и недостаток на концентрација.

Експертите советуваат дека малите промени можат да направат голема разлика  повеќе сон, помалку време на телефон, физичка активност и време посветено на себе може значително да помогнат за подобро расположение и повеќе енергија во текот на денот.

Иако модерниот живот носи многу предности, сè повеќе луѓе сфаќаат дека балансот помеѓу обврските, одморот и менталното здравје е клучен за да се чувствуваат подобро и поисполнето

Тагови: здрава храна здравје стрес на работно место

Промовирани огласи »

Пет нови дестинации преку македонските аеродроми ова лето

Министер за транспорт и врски, Александар Николоски најави дека ова лето ќе бидат отворени пет нови авиодестинации.

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, соопшти дека ова лето ќе бидат отворени пет нови дестинации, оценувајќи дека земјава бележи раст во авио-сообраќајот и покрај кризата со која се соочува глобалната авиоиндустрија.

Според него, државата останува подготвена за соработка со сите авиокомпании, но нема да прифати услови што би биле на штета на останатите превозници и на државните интереси.

Даваме субвенција од 9 евра за секој странски патник на скопскиот аеродром и 12 евра за охридскиот. Ако сакаат да учествуваат, вратата е отворена. Но, не можеме да прифатиме уцени и барања за повисоки субвенции само за една компанија, истакна Николоски.

Тој најави дека Austrian Airlines ќе воспостави директна линија Виена–Охрид, а во јуни ќе започнат и летови од Краков и Вроцлав кон Охрид. Дополнително, од скопскиот аеродром ќе се воведат две нови летни дестинации – Палермо на Сицилија и Алгеро на Сардинија.

Николоски посочи дека Македонија е единствената земја во регионот што отвора нови авиолинии во период кога светската авиоиндустрија се соочува со сериозни предизвици.

Министерот информираше и дека Wizz Air ќе стационира седми авион на скопскиот аеродром, а компанијата разгледува можност и за воспоставување база на охридскиот аеродром.

Тагови: Wizz Air Александар Николоски дестинација

Промовирани огласи »

Европската централна банка е во завршна фаза од проектот за редизајнирање на банкнотите во евра, кој беше започнат кон крајот на 2021 година.

Новата серија ќе донесе значајни промени во изгледот, но и во структурата на апоени, вклучително и укинување на банкнотата од 500 евра.

Во јули минатата година, ЕЦБ започна натпревар за европски графички дизајнери за собирање визуелни предлози за новата серија банкноти.

Дизајнерите кои ја поминаа селекцијата имаат рок до крајот на овој месец да ги достават своите конечни решенија. После тоа, предлозите ќе бидат доставени до стручно жири, а потоа до Управниот совет на ЕЦБ за конечно разгледување.

За потсетување, ЕЦБ најави развој на нова серија банкноти на крајот на 2021 година, додека во 2023 година беше прецизирано дека редизајнот ќе се базира на две главни теми: „Европска култура“ и „Реки и птици“.

Според ЕЦБ, целта на овој процес е да се обезбеди евро банкнотите да останат достапно, безбедно и ефикасно средство за плаќање, но исто така да станат поодржливи и еколошки.

Во овој поглед, се разгледува и нивното влијание врз животната средина, со напори да се намали ова влијание преку нови материјали и производствени процеси. Редизајнот, исто така, претставува можност банкнотите да се направат поинклузивни и подостапни за сите корисници.

ЕЦБ потврди дека новата серија банкноти ќе ја укине апоенската валута од 500 евра, како што беше претходно најавено. Оваа одлука е донесена со цел да се намали ризикот од перење пари и да се олесни следењето на финансиските текови. Сепак, ова не значи дека постојните банкноти од 500 евра ќе престанат да важат.

Тие ќе продолжат да останат законско средство за плаќање и ќе можат да се користат без временско ограничување, иако нови повеќе нема да се печатат. Редизајнот на евро банкнотите претставува една од најголемите промени во еврозоната во последните две децении, а неговото завршување и воведувањето на новата серија се очекува откако ЕЦБ ќе го финализира изборот на дизајнот и техничките решенија.

Тагови: евро ЕУ ЕЦБ

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »