Промовирани огласи »

Маркетинг консултантот ја врши целата работа околу маркетингот на одредена компанија. Тие развиваат јасни стратегии за да ги остварат целите на компанијата - се од дефинирање на таргетираната публика до одлучување на главната порака и најефективните канали кои треба да се употребат за да се допре до определената публика. Потоа, тие го имплементираат планот, ги бележат резултатите и ги менуваат методите доколку е потребно. 

Добар маркетинг консултант може да работи со вас и вашиот тим за да ги идентификува постоечките грешки и да креира решенија. Често, тие се специјализирани во одредена област, вклучувајќи дигитална маркетинг стратегија, маркетинг на социјални медиуми и слично. 

Внимателно постапувајте со изборот на маркетинг консултант!

Консултатантите генерално, се сметани за експерти во својата област. Нажалост, не е потребно да бидете експерт за да се нарекувате така. Овие денови, се повеќе се појавуваат „консултанти“, квалификувани или не. При вработувањето на консултант, забележете дали кандидатот го поседува следново:

  • Дали ги поседува бараните квалификации - Таков вид на квалификации се дипломата во маркетинг (можно е и мастер) или во слична област, докажано искуство и резултати, како и работна историја во поголема компанија во департманот за маркетинг.
  • Дали поседува дигитално искуство - Без разлика дали моментално се фокусирате на дигиталната стратегија или не, доколку кандидатот не е запознан со дигиталниот маркетинг, тоа е доволно предупредувачки знак во денешно време. 
  • Дали се експерти во својата област - Во идеални услови, вашиот консултант во најмала рака, ќе биде запознаен со сите аспекти на маркетингот и ќе биде експерт во својата област. Тоа може да биде дигитален маркетинг, социјални медиуми, содржински маркетинг и слично. 
  • Дали има искуство во вашата индустрија - Не постојат две слични индустрии и истото важи и за маркетинг стратегиите. Додека некој со помалку искуство во вашата област може да биде успешен, посигурно е да вработите некој кој има искуство токму во вашата индустрија

Знаци дека ви е потребен маркетинг консултант 

1. Потребни ви се повеќе работници - ова посебно се однесува на малите бизниси и старт-ап компаниите. Доста често, ова значи ограничувања во буџетот и човечките ресурси. А најчесто, токму на малите бизниси најмногу им е потребен маркетинг консултант. Ако забележете дека немате доволно луѓе за да креирате успешна маркетинг стратегија, може многу да ви користи вработувањето на маркетинг консултант, макар и хонорарно или на половина работно време. Тие ќе работат со вас и вашиот тим за да ги остварат целите кои веднаш ќе покажат растење на вашиот бизнис. 

2. На вашиот тим му е потребен тренинг - Можеби ги имате човечките ресурси, но можеби на нив може да им користи мал тренинг и менаџирање, како и советите кои еден експерт може да ги понуди. Еден од бенефитите на маркетинг консултантот се што тие нудат и персонализирани услуги, кои можат да бидат искористени за оформување нови знаења и подобрување на вештините

3. Потребна ви е солидна маркетинг стратегија која носи резултати - Како што секој успешен маркетер знае, постигнувањето резултати започнува со солидна стратегија. Маркетинг стратегиите се креирани за идентификување на главните цели на компанијата и начините на кои тие можат да бидат постигнати. Но, многу луѓе кои не се запознаени со овој процес едноставно ја прескокнуваат стратегијата и одат веднаш на испораката на резултатите. Не е изненадување дека оваа тактика доста често не резултира позитивно. Ако инвестирате во маркетинг (нешто што апсолутно би требало да го направите), не смеете да си дозволите стратегија која што не функционира, која ќе се сврти против вас или полошо, која не постои. Заштедете си време и грижи и најмете консултант кој може да ги води сите ваши маркетинг активности. 

4. Пробавте многу тактики и ниту една не функционира - Активни сте по социјалните медиуми? Имате блог? SEO функционира? Резултатите - не целосно. Можете да се обидувате со сите вистински нешта, но понекогаш она што навистина ви е потребно е некој кој ќе го возвиши вашиот тим и ќе го постави на јасниот пат на успехот. Маркетинг консултантот може да го направи тоа, тој/таа ќе ги состави сите овие парчиња во стратегиски план, осигурувајќи дека секоја акција ќе има цел и ќе допринесе до поголемата слика

Промовирани огласи »

Во Европската Унија најмногу невработени има Грција и тоа 21%, а во Чешка бројот на невработени е 2.7%, покажуваат податоците на Евростат. 

Во Шпанија 16.7% од населението е без работа, а на врвот според бројот на невработени се Италија и Хрватска. 

Освен Чешка, најмалку невработени има и Германија, односно 3.6%. 

Во Малта 4.1% од жителите се невработени. 

Во септември ЕУ имала најниска невработеност од ноември 2008 години, односно 7.5%. 

Во еврозоната невработеност е поголема и изнесува 8.9%, и тоа е најдобар резултат од јануари 2009 година. 

Промовирани огласи »

Една фирма во Македонија на својот вработен му исплатила нето-плата од 210 илјади евра во јули годинава. Управата за јавни приходи сега врши дополнителна контрола на оваа исплата.


Надлежните од УЈП појаснуваат дека сумата од 210 илјади евра, што е исплатена како нето плата, и е евидентирана преку системот за интегрирана наплата, е предмет на дополнителна проверка. 

Која е компанијата што на име нето плата го исплатила ово износ и кое е лицето што ја добило не се открива, но најверојатно станува збор менаџер на една од најголемите компании во земјава. 

Од друга страна, во јули годинава, 10.357 вработени не добила плата. Пресметките за плата биле поднесени, но истата не била исплатена.

Промовирани огласи »

Над 275 илјади граѓани на Македонија ја посетиле Грција од почетокот на годинава до крајот на септември.

Според податоците на грчките статистички служби, бројот на македонски граѓани кои годинава ја посетиле Грција е за седум проценти поголем од лани.

Македонците начесто патувале во Грција поради туризам, бизнис и шопинг.

Од земјите во регионот, најмногу посети имало од Бугарија од каде во Грција дошле 858 илјади граѓани, што е зголемување за 27,5 проценти.

До крајот на септември, Грција ја посетиле и 142.000 граѓани на Турција, за 19,5 проценти повеќе од лани.

Намалување од 10,2 проценти е регистрирано кај граѓаните на Албанија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »