Промовирани огласи »

Што беше првото нешто што го направивте кога се разбудивте ова утро? Дали случајно го грабнавте телефонот и почнавте да пребарувате по социјални мрежи или да ги проверувате вашите пораки? Ако е така, не сте сами. Според една неодамнешна студија, 80% од луѓето под 40-годишна возраст во САД се фаќаат за телефоните веднаш по станување.

Сепак, ова не дава добра основа за претстојниот ден. Ова го тврди и актерот и претприемач Ештон Качер, кој тоа го правел многу години, вели тој.

„Наутро веднаш почнував да одговарам на пораки. На секој мој одговор добивав по уште три мејлови. Чиниш исполнував листа со нечии туѓи задачи. Жртвував голем дел од своето време за приоритетите на некој друг“, изјавил тој во интервју, цитирано од Inc.com.

За да го промени овој тренд, Качер донесе нов пристап.

Јас создадов ритуал - јас не користам никакви уреди во првиот час откако ќе станам наутро, но седнувам и рачно пишувам што сакам да направам денес, а потоа се занимавам со прашањата на другите, вели Качер.

Промовирани огласи »

Две земји се против доминација на доларот. 

Русија и Кина размислуваат за поврзување на своите платежни системи, вели рускиот премиер Дмитриј Медведев и повика на изградба на поурамнотежена глобална финансиска структура.

Медведев потсети дека Русија развива свој платежен систем познат како „Карта Мир“. Се смета дека со тоа би се избегнале проблемите кои се создаваат со користењето на американските платежни системи.

Во моментов се разговара за тоа дали „Карта Мир“ треба да се поврзе со кинескиот платежен систем- вели Медведев. 

Во настојувањето да се ослободи од зависноста од доларот, Русија се обидува да постигне договор за плаќање во други валути за нафтата и гасот кои ги продава на глобалниот пазар.

Москва престана и да зависи од „Виза“ и „Мастеркард“ и останатите западни механизми и воведе своја дебитна картичка. Западните компании кои пружаат услуги за плаќање со кредитни картички престанаа тоа да го прават преку руските банки откако САД ѝ воведоа санкции на Москва поради агресијата во Украина и анексијата на Крим.

Инаку, кредитната картичка „Мир“ се користи и на Крим каде е забрането работењето на западните банки во рамки на санкциите што ги воведоа ЕУ и САД.

Економистите велат дека санкциите ја разнишаа руската економија. 

Промовирани огласи »

Британската фирма за продажба на недвижен имот Allsopp & Allsopp бара луѓе кои ќе работат за плата од 200.000 фунти годишно. 

За оваа работа не бараат никакви квалификации. Сепак потребно е да бидете способни да продадете, објави Coventry Telegraph.

Allsopp & Allsopp со седиште во градот Нанинтон Централна Англија, бара луѓе кои се ентузијасти за работа. 

„Работа од соништата“ подразбира ангажман во една од нивните експозитури во Дубаи. 

Промовирани огласи »

Никола Тодоров, поранешниот министер за здравство од ВМРО ДПМНЕ, вчера свечено ја отвори својата адвокатска канцеларија, сместена во Капиштец.

Во друштво на својот брат Мартин, со синовите и пријатели, тој вчера позираше за време на свеченото отворање, со чаша бело вино во рака. Со средена фризура, во бела кошула и црно сако, со вратоврска со модерна шнола, насмеан, Тодоров очигледно е дека продолжува со животот оставајќи ги зад себе сите настани кои што ги доживеа во здравството и политиката, свртувајќи нов лист, како адвокат. Зад него, во кадар, убаво уредена канцеларија, со статуетка од воин на коњ, во коментари од пријателите, желби за среќа и успех.

Уште во мај годинава, откако беше избран за пратеник изјави дека се повлекува од пратеничкото место, со цел да се посвети на својата професија и да отвори своја адвокатска канцеларија. По само околу пет месеци, успеа да си го оствари сонот и ја отвори канцеларијата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »