Промовирани огласи »

Револтирани граѓани велат дека радијаторите им се млаки додека надворешните температури стигнуваат до 1 Целзиусов степен, па се присилени да ги вклучуваат климите или калориферите за да се стоплат.

Од БЕГ истакнуваат дека работат во согласност со Мрежните правила утврдени од Регулаторна

Инаку, “Балкан енерџи груп” ја стартуваше грејната сезона порано од вообичаениот термин – 15 октомври, поради тоа што температурите надвор паднаа под 12 степени што е услов да зачурат оџаците на оваа топлификациона компанија.

Во согласност со законските прописи, грејната сезона може да почне секој ден по 30 септември 2017 година, доколку временските услови тоа го наложуваат, поради што се извршени редовните проверки на подстаниците и на нивната функционалност со цел да се обезбеди сигурно и квалитетно загревање на домовите на сите потрошувачи – информираа тогаш од “Балкан енерџи груп” и појаснија дека во 200 објекти се уште не биле обезбедени условите да бидат вклучени во топлификациониот систем.

Оттогаш помина еден месец, но домовите на Скопјани не се загреаја како што треба. Од БЕГ велат дека работат во согласност по строго утврдени правила и дијаграми што ги има усвоено Регулаторната комисија за енергетика. Во нив е утврдено дека во периодот од 1 октомври до 15 ноември и од 15 март до 30 април топланите работат според правилата што ги диктира надворешната температура.

Начинот на испорака на топлинска енергија е детално пропишан во Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија. Крајната цел е постигнување и одржување на 20+10С во објектите. Доколку одреден потрошувач смета дека нема соодветна испорака на топлинска енергија во неговиот дом или работно место, за истото може да поднесе рекламација до нас, преку веќе добро познатите канали, по што ќе се изврши проверка на состојбата и параметрите во топлинската станица, проверка во самиот објект, како и по потреба мерење на внатрешната температура – велат од БЕГ.

Доколку потрошувачите сакаат да им се зголеми испораката на топлинска енергија, а со тоа да се зголеми внатрешната температура во објектот, од БЕГ упатуваат за истото може да достават барање, одобрено од страна на назначеното лице за управување на објектот (станбен управител, претседател на куќен совет, сопственик на објект итн.),.

Но, мора да се истакне дека секое покачување на испораката на топлинска енергија до одреден објект значи и зголемување на потрошувачката на енергија, а со тоа и трошоците – истакнуваат од компанијата.

БЕГ иако мора да работи по овие правила, граѓаните велат дека во 8:30 часот во изминативе денови температурите во Скопје се движеа од 2 до минус 2 целзиусови степени, а не над 10 степени за да радијаторите бидат исклучени.

Најран прекин има доколку е времето сончево и мирно, а надворешната температура во топланите “Исток” и “Запад” во 8:30 часот порасне над 10 степени Целзиусови, работата на котлите веднаш се прекинува, а циркулационите пумпи продолжуваат да работат уште 120 минути.

При сончево време ако надворешната температура е над 11 степени целзиусови, во периодот меѓу 9 и 14 часот, се прекинува работата на котлите, а циркулационите пумпи продолжуваат да работат уште 120 минути. Ако за време на работа на циркулационите пумпи надворешната температура порасне над 12 степени и има тенденција на пораст, после 120 минути се прекинува со работа и на циркулационите пумпи.

Доколку пак, во периодот на работа на циркулационите пумпи температурата не порасне над 12 степени, повторно се стартуваат котлите и топланите продолжуваат со испорака на топлинска енергија.

Промовирани огласи »

Семејството Иванови од Неготино е семејство кое секојдневно се соочува со големи предизвици. Драгица и Стефан се деца на Светлана и Трајче кои имаат дијагностицирана церебрална парализа. Иако во семејството секогаш постои позитивна енергија која несебично ја делат со секој посетител на нивниот дом, секој ден станува се потешко преместувањето на децата од една во друга соба. 

Кран дигалката, која во текот на вчерашниот ден, беше доставена во домот на Иванови, ќе им биде од огромна корист. Со помош на дигалката, децата ќе може слободно да се преместуваат во било која од собите од домот и многу полесно да се извршуваат секојдневните обврски. Како што раскажува мајката Светлана, до сега, секој ден таткото Трајче пред одење на работа морал заедно со неа да ги преместува децата, а сега може слободно и таа самата да го прави ова. 

Иницијативата за донесување на дигалката во домот на Иванови потекнува од повеќе места. Значаен дел има Ристо Стефанов од Неготино, кој е среќниот добитник од наградната игра Ново Лото 7/34 од пред еден месец, кој веднаш по добивката, се упатил кон домот на Иванови за да им донира одредена сума од парите. 

Покрај господинот Стефанов, во целиот процес се вклучени и активистите на граѓанската иницијатива „И ЈАС СУМ“ од Неготино, кои на вчерашниот ден во домот на семејството, беа претставени од активистот Симон Андов. Огромен удел во донацијата имаат и вработените и одговорните во „Медикус Хелп“ кои се вклучиле во донацијата и успешно го доставиле производот на адресата на фамилијата Иванови. 

Хуманиот потег на сите лица вклучени во донацијата е од огромна корист за целото семејство, особено за родителите бидејќи сега околностите се многу полесни за нив. 

Повеќе за оваа вест може да прочитате на следниов линк: http://www.rtk.mk/index.php/kavadarci/2491-semejstvoto-ivanova-od-negotino-dobija-kran-digalka.html

Промовирани огласи »

Шефот на Конфедерацијата на турските трговци и занаетчии Бендеви Паландокен ја повика земјата да се откаже од системот на „All Inclusive“, кој е толку посакуван од многу туристи. 

Тој е сигурен дека ова е најефективниот начин да натераат туристите да посветат внимание на знаменитостите. 

Бендеви Паландокен верува дека повеќето туристи ја гледаат Турција само по патот до и од хотелот и немаат информации за природата и културата на земјата. 

Ако се укине системот на „All Inclusive“, туристите ќе го напуштаат хотелот и ќе посетуваат почесто знаменитости и ќе купуваат. Ова ќе овозможи заживување на секторот на занаетите и ќе придонесе на некој начин за подобрување на економијата. тврди тој.

Промовирани огласи »

Што се случува со човек кој нема никаква социјална активност? Погледнете го овој интересен експеримент за тоа како се однесува еден човек кој нема никаква комуникација со надворешниот свет, затворен во својот стан - НЕВЕРОЈАТНО!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »