Промовирани огласи »

1. Apple ги објави заработувањата од кварталот и ги надмина очекувањата - Приходот изнесува 52,6 билиони долари наспроти очекувањата од 50.5 билиони долари, како и самите предвидувања на Apple od 50 - 52 билиони долари.

2. Вработен од Твитер на неговиот последен ден го сруши профилот на Трамп за време од 11 минути - Одговорните од Твитер објавиле дека превземаат мерки за ова да не се случи повторно.

3. Денеска почнува продажбата за iPhone X - Луѓето чекаат пред продавниците на Apple со денови. 

4. Компанијата Alibaba објави дека е постигнат приходот на обетки за годинава - Најголемата е-бизнис компанија во Кина објави дека веќе го постигнале нивото на продажба на обетки (1,29$ по обетка) надминувајќи ја планираната цена од 1.04$ по обетка. 

5. Цената на Bitcoin достигна 7.300$ вчера - Bitcoin расте во текот на целата измината недела, постигнувајќи рекорди. 

6. Нов телефон доаѓа од OnePlus - Генералниот директор на OnePlus, Пит Лау напишал блог вчера каде ги потврдил сомневањата за лансирање на нов производ.

7. HTC официјално го објавија нивниот нов производ

Промовирани огласи »

Организацијата за економска соработка и развој објави во кои десет земји е најлесно да се најде работа. 

Земени се во обзир фактори како работна сила, број на жители и број на работни места. 

1. Исланд - можете хонорарно да работите две или три работи 

2. Шведска - невработени кај нив се 7.4% од населението

3. Норвешка - важи за една од најперспективните земји за работа 

4. Колумбија - има работа, но стандардот  е низок

5. Естонија - оваа земја станува лидер во Источна Европа 

6. Русија - економијата им се опоравува од санкции

7. Нов Зеланд - станува позната дестинација за барање работа 

8. Швајцарија - нуди добри плати и пензии 

9. Финска - платите им се одлични 

10. Канада - имаат смао 6.9% невработеност

Промовирани огласи »

Покрај дизелот, наредната година ќе поскапат и цигарите. Според планот за зголемување на акцизата на тутунските производи, од 1 јули идната година, секоја кутија цигари ќе поскапи по најмалку 4 денари. Така ќе биде во наредните 7 години, односно, секоја година цигарите ќе поскапуваат по најмалку 4 денари за една кутија, што значи дека секоја кутија за 7 години ќе биде за 28 денари поскапа.

Цените ќе бидат вакви доколку во меѓувреме поризводителите не решат дополнително да ги коригираат цените. Простор за тоа отвора новата акциза на дизелот кој ќе стане поскап за 3,54 денари по литар, а тоа, ќе ги зголеми трнанспортните трошоци на компа

Промовирани огласи »

Во даден момент, како сопственик на бизнис може да реализирате дека вашиот моментален бренд не функционира. Можеби планираните активности не се одвиваат како што очекувавте или едноставно, потребно ви е обновување. Нова насока не е исклучена можност. 

Пред да почнете да размислувате за ребрендирање, важно е да одлучите дали е вистинскиот потег за вас, а следниве насоки може да ви помогнат во изборот:

1. Вашиот бренд е сличен со останатите - имате потешкотии да го разликувате вашиот бренд од оној на конкуренцијата? Ова може да е знак дека ребрендирањето е вистинскиот потег. Ако луѓето продолжат да не ве разликуваат од останатите брендови, ако немате единствена вредност, тоа може да биде проблематично. Одвојте време да размислете дали вашиот бренд навистина е премногу сличен со веќе постоечки. Ако одговорот е позитивен, размислете како може да ја развиете вашата уникатна вредност и тогаш создадете го вашето брендирање по кое ќе се одвоите од толпата. 

2. Вашиот бренд се развил - Сите ние се менуваме и одиме напред. Истото се случува и со вашиот бренд. Доколку настанале значајни промени, можеби во понудата, производството, начинот на нудење услуги, тоа треба да е вклучено во брендот. Вашиот бренд мора да ги претставува вашите вредности. Создадете порака околу она што сте сега, не она што сте биле

3. Потребен ви е нов изглед и нова порака - Ребрендирањето не секогаш значи насочување кон нешто сосема различно. Понекогаш може да значи дека ви е потребно само нов изглед или креативна, нова порака. Ако ви е потребно освежување, може да започнете од креирање ново лого или промена на боите на постоечкото. За што и да се одлучите, може да привлечете нови клиенти и потрошувачи ако ребрендирате нешто со кое тие може да се поврзат, да најдат сличност. 

4. Вашите постоечки клиенти не се чувстуваат поврзани со Вас - Во некои случаи, можно е да ви е потребно ребрендирање за да ги вклучите вашите потрошувачи. Ребрендирањето миже да е начин на кој вашите клиенти може да се вклучат. Може да им дадете до знаење дека ребрендирањето е вашиот следен потег или уште подобро, дајте им шанса да се вклучат во идеите за вашето ребрендирање. Откријте што е она што им е вредно на вашите потрошувачи и нека тоа биде основа од каде би почнале. Ова е одличен начин да им дадете до знаење на вашите потрошувачи дека се грижите за нив и така, одново да бидат задоволни од Вас. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »