Промовирани огласи »

Во даден момент, како сопственик на бизнис може да реализирате дека вашиот моментален бренд не функционира. Можеби планираните активности не се одвиваат како што очекувавте или едноставно, потребно ви е обновување. Нова насока не е исклучена можност. 

Пред да почнете да размислувате за ребрендирање, важно е да одлучите дали е вистинскиот потег за вас, а следниве насоки може да ви помогнат во изборот:

1. Вашиот бренд е сличен со останатите - имате потешкотии да го разликувате вашиот бренд од оној на конкуренцијата? Ова може да е знак дека ребрендирањето е вистинскиот потег. Ако луѓето продолжат да не ве разликуваат од останатите брендови, ако немате единствена вредност, тоа може да биде проблематично. Одвојте време да размислете дали вашиот бренд навистина е премногу сличен со веќе постоечки. Ако одговорот е позитивен, размислете како може да ја развиете вашата уникатна вредност и тогаш создадете го вашето брендирање по кое ќе се одвоите од толпата. 

2. Вашиот бренд се развил - Сите ние се менуваме и одиме напред. Истото се случува и со вашиот бренд. Доколку настанале значајни промени, можеби во понудата, производството, начинот на нудење услуги, тоа треба да е вклучено во брендот. Вашиот бренд мора да ги претставува вашите вредности. Создадете порака околу она што сте сега, не она што сте биле

3. Потребен ви е нов изглед и нова порака - Ребрендирањето не секогаш значи насочување кон нешто сосема различно. Понекогаш може да значи дека ви е потребно само нов изглед или креативна, нова порака. Ако ви е потребно освежување, може да започнете од креирање ново лого или промена на боите на постоечкото. За што и да се одлучите, може да привлечете нови клиенти и потрошувачи ако ребрендирате нешто со кое тие може да се поврзат, да најдат сличност. 

4. Вашите постоечки клиенти не се чувстуваат поврзани со Вас - Во некои случаи, можно е да ви е потребно ребрендирање за да ги вклучите вашите потрошувачи. Ребрендирањето миже да е начин на кој вашите клиенти може да се вклучат. Може да им дадете до знаење дека ребрендирањето е вашиот следен потег или уште подобро, дајте им шанса да се вклучат во идеите за вашето ребрендирање. Откријте што е она што им е вредно на вашите потрошувачи и нека тоа биде основа од каде би почнале. Ова е одличен начин да им дадете до знаење на вашите потрошувачи дека се грижите за нив и така, одново да бидат задоволни од Вас. 

Промовирани огласи »

Веќе одамна го поминавте рокот одреден за зголемување на вашата плата, а вашиот претпоставен се чини дека не прави ништо околу тоа прашање. Дури и ако сте свесни дека заслужувате повисока плата, Вие, како и многу други луѓе, може да се двоумите дали да побарате или не. 

Ви стојат три опции на располагање. Може ништo да не правите, но тогаш може да останете со моменталната плата бесконечно. Може да побарате работна позиција која нуди подобра плата, или едноставно, можете да прашате за покачување. Очигледно е дека седењето и чекањето вашиот шеф да го направи првиот потег не вродило со плод, а барањето на нова работа може да донесе дополнителни проблеми кои на никого не му се потребни. 

Искористете некои од следниве совети за како најефикасно да побарате зголемување на вашата плата и да успеете во таа цел:

  • Откријте колку изнесуваат приходите на другите во вашата индустрија 
    • Пред да пристапите на вашиот претпоставен, потребно е да направете мало истражување. Време е да научите за просечниот износ на плата во вашата индустрија за да може да дефинирате дали заработувате помалку отколку што би требало. Може да разговарате со вашите колеги од други компании, но имајте на ум дека разговорот за пари секогаш е непријатен. 

  • Откријте колку би можеле да заработувате 
    • Запомнете дека поради фактори како што се стекнатото образование и искуство, вашата плата може да се разликува од просечната во вашата индустрија или од платите на познаници во истиот сектор. Бидете реални кога размислувате за вашите очекувања. Земете го предвид бројот на години на работење во секторот, вашата едукација и кредибилитет, како и должината на времето за сегашниот работодавец. Земета ја во предвид и локацијата, работните места во поголемите градови вообичаено се платени повеќе отколку работните места во помалите места.
  • Евалуирајте ја финансиската состојба на вашиот работодавач 
    • Бидете внимателни со вашиот тајминг за разговор за зголемување на вашата плата. Воздржете се од разговорот ако вашиот работодавач има финансиски проблеми или ако постои огромна несигурност во индустријата. Додека, како вработен, сте свесни за финансиското здравје на компанијата, не се потпирајте единствено на она што го гледате. Направете мало истражување за компанијата, кое вклучува преглед на финансиски извештаи и следење на бизнис новостите. 

  • Подгответе се
    • Од кога сте сигурни дека тајмингот е вистинскиот за вас, како и сте извршиле истражување, може да се состанете со вашиот претпоставен. Дури и ако вие сметате дека заслужувате, вашиот шеф може тоа да не го забележува. Од вас зависи да го/ја убедите во тоа. Прикажете се во светло како ова да е нова работна позиција и се борите за истата, а не за зголемување на вашата плата. 
    • Најпрво, направете листа на сите ваши достигнувања. Започнете со овие од последниот месец па наназад. Опишете како вашиот работодавец профитирал од вашата работа. Бидете многу специфични. На пример, не изговарајте само дека сте го зголемиле профитот, кажете конкретни бројки. Следно, направете листа на вашите вештини, што е она што ве прави успешен во работата. Вклучете ги вашите меки и тврди вештини. На крај, подгответе се да дадете опис на сите активности кои планирате да ги направете за компанијата во иднина. Запомнете, се е во деталите!
  • Што ако добиете „не“?
    • Пред да влезете во канцеларијата на вашиот претпоставен, размислете за можното сценарио на слушање на „не“ или добивање на покачување многу помало од вашите барања. Дали ќе дадете отказ или ќе почекате и повторно ќе се обидете после некоја недела? Вашиот одговор може да зависи од одговорот на вашиот шеф.
  • Презентирајте 

    • Вашиот шеф може веднаш да ви даде зголемвуање на платата. Тоа би било одлично, зарем не? Можеби нема да биде потребно ништо повеќе од само да го/ја прашате за тоа/, што може да направи да се запрашате зошто тие самите не го направиле на своја волја. Во било кој случај, останете смирени. Емоциите не се на ваша страна и дури може и да наштетат во целиот процес на преговарање. Не ги спомнувајте вашите лични трошоци, затоа што тие не се одговорности на вашиот претпоставен. Во очите на вашиот работодавач, вашата плата е поврзана со тоа како компанијата има корист од вас како вработен/а и ништо со вашите лични потреби.
  • Одговор на „не“
    • Можно сценарио е и следново - вашиот шеф да ве одбие. Што да се прави потоа зависи единствено од одговорот што тој/таа ќе ви го даде. Ако одговори дека ви го одбива барањето поради вашиот перформанс, ваше е да одлучите дали е во право. Ако да, размислете што би можеле да промените кај себеси за подобри резултати. Ако одговорот е не и ако сметате дека ова се само изговори, можеби треба да работите на место каде вашиот труд ќе биде ценет. 

Сепак, откријте дали има простор за работа. Не брзајте со одлуката, можеби заедничката одлука на вашиот шеф да ви помогне во вашата работа може да резултира со подобри резултати за компанијата а тоа да доведе до зголемување на вашата плата, вашата првична цел. 

Промовирани огласи »

Британската фунта повторно паѓа. 

Оваа валута доживеа остар пад откако Централната банка на Англија првпат во последните 10 години ја крена референтната каматна стапка.

Фунтата падна за 1,0%  на 1,31 долар откако Банката на Англија изгласа зголемување на РЕПО каматната стапка за четвртина процентни поени на 0,5%. 

По одлуката на Бранците да ја напуштат ЕУ фунтата се соочи со повеќе падови.

Промовирани огласи »

Револтирани граѓани велат дека радијаторите им се млаки додека надворешните температури стигнуваат до 1 Целзиусов степен, па се присилени да ги вклучуваат климите или калориферите за да се стоплат.

Од БЕГ истакнуваат дека работат во согласност со Мрежните правила утврдени од Регулаторна

Инаку, “Балкан енерџи груп” ја стартуваше грејната сезона порано од вообичаениот термин – 15 октомври, поради тоа што температурите надвор паднаа под 12 степени што е услов да зачурат оџаците на оваа топлификациона компанија.

Во согласност со законските прописи, грејната сезона може да почне секој ден по 30 септември 2017 година, доколку временските услови тоа го наложуваат, поради што се извршени редовните проверки на подстаниците и на нивната функционалност со цел да се обезбеди сигурно и квалитетно загревање на домовите на сите потрошувачи – информираа тогаш од “Балкан енерџи груп” и појаснија дека во 200 објекти се уште не биле обезбедени условите да бидат вклучени во топлификациониот систем.

Оттогаш помина еден месец, но домовите на Скопјани не се загреаја како што треба. Од БЕГ велат дека работат во согласност по строго утврдени правила и дијаграми што ги има усвоено Регулаторната комисија за енергетика. Во нив е утврдено дека во периодот од 1 октомври до 15 ноември и од 15 март до 30 април топланите работат според правилата што ги диктира надворешната температура.

Начинот на испорака на топлинска енергија е детално пропишан во Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија. Крајната цел е постигнување и одржување на 20+10С во објектите. Доколку одреден потрошувач смета дека нема соодветна испорака на топлинска енергија во неговиот дом или работно место, за истото може да поднесе рекламација до нас, преку веќе добро познатите канали, по што ќе се изврши проверка на состојбата и параметрите во топлинската станица, проверка во самиот објект, како и по потреба мерење на внатрешната температура – велат од БЕГ.

Доколку потрошувачите сакаат да им се зголеми испораката на топлинска енергија, а со тоа да се зголеми внатрешната температура во објектот, од БЕГ упатуваат за истото може да достават барање, одобрено од страна на назначеното лице за управување на објектот (станбен управител, претседател на куќен совет, сопственик на објект итн.),.

Но, мора да се истакне дека секое покачување на испораката на топлинска енергија до одреден објект значи и зголемување на потрошувачката на енергија, а со тоа и трошоците – истакнуваат од компанијата.

БЕГ иако мора да работи по овие правила, граѓаните велат дека во 8:30 часот во изминативе денови температурите во Скопје се движеа од 2 до минус 2 целзиусови степени, а не над 10 степени за да радијаторите бидат исклучени.

Најран прекин има доколку е времето сончево и мирно, а надворешната температура во топланите “Исток” и “Запад” во 8:30 часот порасне над 10 степени Целзиусови, работата на котлите веднаш се прекинува, а циркулационите пумпи продолжуваат да работат уште 120 минути.

При сончево време ако надворешната температура е над 11 степени целзиусови, во периодот меѓу 9 и 14 часот, се прекинува работата на котлите, а циркулационите пумпи продолжуваат да работат уште 120 минути. Ако за време на работа на циркулационите пумпи надворешната температура порасне над 12 степени и има тенденција на пораст, после 120 минути се прекинува со работа и на циркулационите пумпи.

Доколку пак, во периодот на работа на циркулационите пумпи температурата не порасне над 12 степени, повторно се стартуваат котлите и топланите продолжуваат со испорака на топлинска енергија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »