Во даден момент, како сопственик на бизнис може да реализирате дека вашиот моментален бренд не функционира. Можеби планираните активности не се одвиваат како што очекувавте или едноставно, потребно ви е обновување. Нова насока не е исклучена можност.
Пред да почнете да размислувате за ребрендирање, важно е да одлучите дали е вистинскиот потег за вас, а следниве насоки може да ви помогнат во изборот:
1. Вашиот бренд е сличен со останатите - имате потешкотии да го разликувате вашиот бренд од оној на конкуренцијата? Ова може да е знак дека ребрендирањето е вистинскиот потег. Ако луѓето продолжат да не ве разликуваат од останатите брендови, ако немате единствена вредност, тоа може да биде проблематично. Одвојте време да размислете дали вашиот бренд навистина е премногу сличен со веќе постоечки. Ако одговорот е позитивен, размислете како може да ја развиете вашата уникатна вредност и тогаш создадете го вашето брендирање по кое ќе се одвоите од толпата.
2. Вашиот бренд се развил - Сите ние се менуваме и одиме напред. Истото се случува и со вашиот бренд. Доколку настанале значајни промени, можеби во понудата, производството, начинот на нудење услуги, тоа треба да е вклучено во брендот. Вашиот бренд мора да ги претставува вашите вредности. Создадете порака околу она што сте сега, не она што сте биле.
3. Потребен ви е нов изглед и нова порака - Ребрендирањето не секогаш значи насочување кон нешто сосема различно. Понекогаш може да значи дека ви е потребно само нов изглед или креативна, нова порака. Ако ви е потребно освежување, може да започнете од креирање ново лого или промена на боите на постоечкото. За што и да се одлучите, може да привлечете нови клиенти и потрошувачи ако ребрендирате нешто со кое тие може да се поврзат, да најдат сличност.
4. Вашите постоечки клиенти не се чувстуваат поврзани со Вас - Во некои случаи, можно е да ви е потребно ребрендирање за да ги вклучите вашите потрошувачи. Ребрендирањето миже да е начин на кој вашите клиенти може да се вклучат. Може да им дадете до знаење дека ребрендирањето е вашиот следен потег или уште подобро, дајте им шанса да се вклучат во идеите за вашето ребрендирање. Откријте што е она што им е вредно на вашите потрошувачи и нека тоа биде основа од каде би почнале. Ова е одличен начин да им дадете до знаење на вашите потрошувачи дека се грижите за нив и така, одново да бидат задоволни од Вас.