
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Вивакс е македонска компанија која постои 30 години и брои повеќе од 110 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.
Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.
Искористете ја можноста за кариера во Вивакс и аплицирајте за позицијата:
РАКУВАЧ СО МАШИНИ – ОПЕРАТОР
Одговорности и задачи:
- Да ракува со машината на која е распределен согласно Упатствата за работа со машините;
- Да се грижи за техничка исправност на машината согласно неговата стручност;
Потребни квалификации:
- Минимум ССС – електро/машински техничар се смета за предност;
- Најмалку 1 година работно искуство;
Од кандидатот очекуваме:
- Способност за работа во тим;
- Самоиницијативност, исполнителност и чесност;
- Организираност и одговорност;
- Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
Ви нудиме:
- Минимална месечна плата во висина од 40.000 денари, (во зависност од предходното работно искуство на кандидатот на иста или слична позиција, додатоците на плата по основ на: минат труд, ноќен труд, бонус, оброк и други, согласно законските прописи);
- Исплата на прекувремени часови;
- Исплата на регрес за годишен одмор;
- Напредување во работата;
- Награди за работна успешност и посветено извршување на работните задачи;
- Обезбеден оброк;
- Работа во пријатна и позитивна атмосфера.
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака “РАКУВАЧ СО МАШИНИ – ОПЕРАТОР“.
Конкурсот е отворен 10 работни дена од неговото објавување (од 27.06.2024 до 10.07.2024 година).
Напомена:
Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака за позицијата на која кандидатот аплицира, НЕМА да бидат разгледани!
Слични огласи »