Промовирани огласи »

Во текот на денешниот ден ќе биде промовирана акцијата „Едно капаче - Една надеж“ од страна на заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули. Оваа акција е продложување на веќе постоечката на Македонската медицинска студентска асоцијација. Резултатите кои биле постигнати ги надминале капацитетите на иницијативата. 

Министерството за животна средина и просторно планирање ја препознало големината на оваа хуманитарно-еколошка акција и покренувајќи ги сопствените ресурси и ресурсите на партнерите од бизнис заедницата, успеало да најде решение за да се продолжи акцијата. Кон акцијата ќе се приклучат и Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „Пакомак“ и компанијата за рециклажа „РеПласт“. Друштвото „Пакомак“ ќе биде одговорно за собирање и транспор на собраните капачиња. 

Покрај ова, на настанот ќе бидат донирани и три инвалидски колички. 

Извор: http://www.slobodenpecat.mk/drustvo/makraduli-ke-ja-promovira-aktsijata-edno-kapache-edna-nadezh/

Промовирани огласи »

Како да се заштитите од грип доколку некој од колегите е болен?

Болеста во просек трае околу една недела, а доколку сте болни треба да се изолирате во посебна просторија со цел да ја намалите можноста од зараза на тие околу вас. Канцеларијата во која се наоѓате треба често да се проветрува, а лекарите препорачуваат и носење на маска за лице.

Доколку сакате да ги намалите шансите од зараза, почесто мијте ги рацете со сапун и вода. Исто така, хранете се здраво и правете паузи на чист воздух. Одбегнувајте контакт со колегите кои кашлаат или киваат и избегнувајте ракување и бакнување.

Најдобро е да се избегнуваат затворените простории во кои има поголем број на луѓе бидејќи можноста за ширење на заразата станува поголема. Тоа е особено важно доколку имате слаб имунитет.

Промовирани огласи »

Во денешната економија, луѓето се највредната карактеристика на една компанија и губењето на талентирани вработени може да биде екстремно скапо. Лазло Бок, потпретседателот на Секторот за човечки ресурси на Google и автор на новата книга „Работата е одлична!“ во едно панел интервју се изјаснува дека најголем дел од компаниите не знаат како да ги задржат своите најквалитетни ресурси, луѓето. 

„Луѓето не остануваат поради парите,“ вели Бок, забележувајчи дека повеќе од една третина од првите вработени во Google се уште се вработени во Google. 

Според Бок, луѓето остануваат во една компанија поради следниве две причини:

1. Квалитетот на луѓето со кои работат

„Поради ова, вработувањето и целиот процес на вработување е многу важен“, објаснува тој. Google поставува високи стандарди за секој кој го вработува. Без разлика дали аплицирате за административен асистент или за сениор инженер, секој кандидат е набљудуван од неговиот потенцијален претпоставен, потенцијални колеги, комисија за вработување и на крајот, Генералниот директор на Google, Лери Пејџ.

2. Корисноста од нивната работа

„Луѓето сакаат да направат нешто повеќе од само пари“, вели Бок. „Луѓето сакаат да работат нешто што има одредена вредност, што е значајно.“ Дополнително на ова, споделувањето на чувство на цел на вашите вработени има огромни бенефиции. Тој открил дека кога се способни да ја поврзат нивната работа со нешто значајно, нивото на продуктивност се зголемува за пет пати повеќе. 

Интересни се останатите бенефиции по кои Google e надалеку познат - бесплатни гурмански оброци, масажи како и хемиско чистење, кои е одлично за една фирма да ги овозможува, но не се пресудни. 

„Вистината позади сите тие бенефиции е дека всушност тие не ги задржуваат ниту привлекуваат луѓето,“ според Бок. Додека бенефициите може да овозможат зголемена ефикасност, чувство на култура во компанијата како и добредојдена и пријатна атмосфера, тој верува дека на крајот на краиштата, овие бенефиции нема да го променат мислењето на вработениот кој е одлучен да ја напушти компанијата.

Промовирани огласи »

Берлин е седмиот рангиран град во Европа за поддршка на дигиталното претприемништво, според Европскиот Дигитален Индекс. 

Погледнете го видеото за тоа колку всушност Берлин е развиен во тој поглед: https://www.facebook.com/foundcenter/videos/735287580002341/

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »