Промовирани огласи »

Берлин е седмиот рангиран град во Европа за поддршка на дигиталното претприемништво, според Европскиот Дигитален Индекс. 

Погледнете го видеото за тоа колку всушност Берлин е развиен во тој поглед: https://www.facebook.com/foundcenter/videos/735287580002341/

Промовирани огласи »

Што мислите за девојките кои станале жени и мајки пред да ја започнат својата кариера? Или пак никогаш немале време да се изразат во она што го прават најдобро на бизнис план?

Од друга страна, од биолошка гледна точка, дваесеттите се најдобрите години за мајчинство. Со социјалните промени и еманципацијата на припадничките на понежниот пол, добата за првата бременост значително се помести, што не значи дека и женското тело се прилагоди на истото.

Според статистиките, процентот на првородени деца кои на свет ги донеле мајки над 30 години, бележи драстичен пораст во однос на минатото, додека бројот на породувања после 35-тата година, пак, речиси двојно е зголемен во последните неколку децении.

Жената се чувствува свежо и полетно, па полесно ги поднесува и бројните непроспиени ноќи покрај детето, за ралика од тие во 30-тите, а особено во споредба со постарите жени.

Кај жените во раните дваесетти, поголеми се и шансите на свет да донесат дете со премала тежина, што во најголема мера е последица на лошите здравствени навики.

Тие почесто пушат, послабо се хранат и ја одложуваат пренаталната нега, односно добиваат помалку на тежина од препорачаното, за разлика од жените кои се постари од 25 години.

Од друга страна, иако за здравјето на мајката и детето е најдобро да забремени во 20-тите години, тоа е и периодот во кој жените се образуваат и градат кариера.

Бидејќи живееме во модерно општество и жените имаат право на своја одлука кога ќе го започнат своето семејство, размислете што ќе ви донесе оваа животна одлука и во кој момент за вас ќе биде најдобро да го направите тоа.

Децата и семејството се најубавите дарови кои ни ги носи животот и важно е да се дојдени во вистински момент!

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Регресот за годишен одмор или К-15 и оваа година ќе им следува на вработените во приватните компании од македонското стопанство. Фирмите коишто не го исплатиле во претходните 10 месеци ќе мораат тоа да го направат во ноември и декември, а во случај да не го исплатат предвидени се парични и затворски казни за работодавачите.


 
Висината на К-15 се одредува врз основа на податоците за износот на просечната нето и бруто плата по вработен исплатена во последните три месеци. Врз основа на овие пресметки, минатата година тој износ беше најмалку 8.909 денари – најмалку 40% од просечната нето плата, а најмногу до 13.116 денари – најмногу до 40% од просечната бруто плата по вработен објавена за последните 3 месеци.
 
ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ОЧЕКУВА ПОВИСОК К-15 ЗА 2017?
 
Зголемувањето на минималецот од 10.080 на 12.000 денари и постојаниот пораст на просечната бруто и нето плата по вработен во Македонија се двата фактори кои влијаат на тоа работниците на крајот од годината да добијат поголем износ за К-15 во однос на оној кој беше исплатен минатата година.
Нашата пресметка врз основа на податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) за движењето на просечната нето и бруто плата во месец јуни покажа дека износот на К-15 за секој вработен во Македонија треба да се движи во интервал од 9.123 до 13.403 денари.
Доколку истата пресметка ја адаптираме на најновите податоци на ДЗС за месец август, тогаш износот на К-15 за 2017 година би бил уште поголем во однос на бројките добиени за месец јули. Така, минималниот износ на к-15 би бил 9.164 денари (40% од 22.912 – просечна нето плата по вработен за август), а максималниот износ би изнесувал 13.470 денари (40% од 33.675 – просечната бруто плата по вработен за август).

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »