Промовирани огласи »

Џули Брискман добила отказ од работа поради фотографијата на која таа му покажува среден прст на американскиот претседател Доналд Трамп, кој се враќал од играње голф недалеку од Вашингтон.

Фотографијата направена од фотографот на Белата куќа предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

На компанијата „Акима“, која е владин изведувач, не ѝ се допаѓала оваа ситуација, па Брикман е отпуштена од работа.

Како што ѝ кажале нејзините работодавци, со објавувањето на фотографијата на своите профили на „Твитер“ и на „Фејсбук“ оваа 50-годишна мајка на две деца ги прекршила правилата на компанијата во врска со социјалните медиуми.

Брискман се јавила во Американската унија за граѓански слободи и, како што вели, повторно би го сторила истото.

Промовирани огласи »

Повеќето луѓе ги сметаат парите како главна мотивација, но односот на менаџерот е исто така клуч за начинот на кој работат вработените. Важно е на тимот да му покаже дека е вредно што неговите напори се забележани дека тој има вистински ефект врз неговата работа.

За таа цел, шефовите не треба да ја чуваат својата пофалба кога ќе биде заслужена. Inc.com дава пример со неколку реченици, што е добро за секој шеф често да ги каже.

Пофалба за одредена задача

1. "Знам дека анализата на овие податоци е многу тешка и одзема многу време. Сте направиле одлична работа!"

2. "Убаво е што успеавте да го научите вашиот нов колега да работи толку брзо, а тоа многу му помогна на тимот!"

Пофалба за квалитети

3. "Вашиот позитивизам навистина создава пријатна атмосфера во канцеларијата!"

4. "Мирот со кој се соочи по напната ситуација вчера, беше исклучително важно. Тоа помогна и на останатите да не паничарат, туку да се фокусираат на најважните работи!"

Пофалба за придонес

5. "Вашето присуство тука беше клучен фактор во развојот на компанијата. Без вас, немаше да постигнеме таков успех!"

Пофалби кои покажуваат дека мислењето на вработениот е ценето

6. "Имаме важен состанок денес. Ќе ми биде драго да присуствуваш, бидејќи си добар експерт во областа и идеите ти се многу оригинални!"

Пофалби придружени со награди

7. "Оваа недела работеше напорно, може да земеш слободен ден во следната".

8. "Во последните три месеци Ти издржа најмногу работа на грбот. Затоа од фирмата сакаме да ти подариме одмор за време на викендот."

Промовирани огласи »

Учиме додека сме живи, но од толку многу информации голем дел забораваме. 

Сајтот Bright Side советува како подобро да паметите. 

1. Обидете се да го разберете она што го учите

2. Учите ги информациите кои се најважни

3. Имајте на ум дека информациите на почеток и крај најлесно се паметат

4. Своето внимание насочете го од една тема на друга 

5. Учете спротивни работи

6. Направете своја „палата во умот“

7. Користете поврзување на зборови

8. Поврзете ги новите зборови со оние кои веќе ги знаете 

9. Ако морате да паметите многу информации, од нив направете приказна

10. Визуализирајте. Користете говор на телото кога учите.

11. Изберете метод на учење кој највеќе ви лежи

12. Ако е потребно користете диктафон

Промовирани огласи »

Тимот на KARIERA..mk разгледува илјадници cv од луѓе кои се во потрага по својата совршена работна позиција. Сите се сложивме дека на поголемиот дел од младите луѓе им фали една карактеристика која за жал е многу тешко да се научи во подоцнежните години од животот. Височеството - самодоверба !

Самодовербата не е нешто што природно се појавува кај децата, туку родителите се тие што треба да помогнат тоа да се развие кај нив. Еве што росителите би можеле да направат, за нивните ќерки да израснат во личности со висок степен на самодоверба:

Пофалете го детето секогаш кога ќе направи нешто успешно

Секој сака да слушне комплимент на своја сметка, но важно е внимателно да ги одберете зборовите кои ќе ги упатите кој својата мала дама, бидејќи не можете ниту да претпоставите што се одвива во нејзината глава и како вашиот коментар би можел да влијае врз неа.

Пофалете ја вашата ќерка за нејзиното однесување, поради она што е, а не поради нејзиниот изглед, советува психолог Еми Бранер.

Не зборувајте за своите мани

Многу е значајно пред своето дете да не укажувате на она што кај себеси го сметате за мана.

Нашите деца многу повеќе учат од она што го правиме, отколку од она што го зборуваме. Бидете примерот кој сакате вашето дете да го види

Објаснете дека знаењето и шармот е нешто повеќе од убавината

Нагласете колку е значајно да се води грижа за менталното здравје, наспроти физичкото совршенство. Многу е поважно да водиме грижа за менталната состојба и здравјето, отколку за достигнување на некој физички идеал

Со други зборови, секогаш учете ја вашата ќерка дека физичкиот изглед не е совршенството кое е единственокон кое треба да се стреми

.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »