Промовирани огласи »

Телеком Австрија стана единствен сопственик на оператор Оне.Вип, објави Словенечка берза.

Телком Австрија  ги купи 45 отсто од акциите кои беа сопственост  на Телеком Словенија.

Продажбата е извршена за 120 милиони евра.

Спојувањето на Вип и Оне беше договорено во 2014 година. Догоборено беше Телеком Австрија да има 55 отсто од акциите  и целосна контрола во новосоздадената компанија, а Телеком Словенија 45 отсто, со отворена можност за докуп на акции.

Промовирани огласи »

Дали мислите дека колку повеќе работите толку повеќе задачи ќе завршите? За жал, ова е илузија во која веруваат поголемиот дел од луѓето. Во денешно време, сѐ повеќе луѓе работат по 50, 60, па дури и 70 часа неделно. Канцелариите ги претвораат во втор дом а нивните животи во механички акции.

Меѓутоа, К. Андерс Ериксон, еден од најпознатите експерти за професионална психологија, направил неколку експерименти и докажал дека луѓето можат продуктивно да работат само 4 до 5 часа дневно. Кога ќе го остварат максимумот, ефикасноста почнува да опаѓа и луѓето страдаат.

И покрај тоа што вработените понекогаш работат прекувремено во петоците, нивната ефикасност е многу поголема. Не можете да си замислите колку луѓето брзаат да ги завршат проектите пред да одат на одмор“, открива еден познат сопственик на голема бизнис компанија од светот

Ова истражување покажува дека дури и најмалата промена во работното време може да биде од голема корист за вработените и компаниите.

Кога луѓето имаат пократок период за работа, тие се автоматски прогресивни и продуктивни. Ваквата иницијата ќе ги натера луѓето да размислуваат дека имаат помалку време за обврските кои ги чекаат на работното место и со самото тоа ќе работат побрзо и подобро.

За да ја разберете филозофијата на четиридневната работна недела само пробајте да размислите како работите неколку часови пред да дојде вашиот краен рок за предавање на проектот или некоја важна доделена задача.

Промовирани огласи »

Работодавците од приватниот сектор кои нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, односно К-15, треба да се подготвени да платат казна и до 4.000 евра.

Ако и по плаќањето на казната тие и натаму ја игнорираат оваа обврска и не исплатат К-15, вработениот може да ги тужи и да го добие спорот, што ќе повлече обврска за работодавецот да ги подмири трошоците за водење на судскиот процес и да го исплати износот на регресот од 8.500 денари.

Притоа, предвидена е глоба од 2.000 до 3.000 евра, која би ја платило правното лице, додека парична глоба во висина од 500 до 1.000 евра ќе плати одговорното лице кај работодавецот.

Инаку, познато е дека обврската за исплата на регресот за годишен одмор или популарно наречениот К-15 беше воведен со измени на Општиот колективен договор за стопанството пред неколку години. Тој предвидува дека работникот има право на овој регрес само доколку работел најмалку шест месеци во текот на годината кај еден ист работодавец. Овој приход се исплаќа еднаш годишно најдоцна до 31 декември во годината.

Според пресметките на синдикатите, К-15 треба да добијат околу 300.000 работници од приватниот сектор. Вработените во јавната администрација и во јавните претпријатија не може да се надеваат на овој приход.

Инаку, со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавец може да се утврди и регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор. Се потенцира дека регресот за годишен одмор е право на работникот, така што работодавецот треба да донесе одлука само за висината на регресот за годишен одмор, а не и за правото на овие надоместоци. Кога не е донесена одлука за висината, работодавецот има обврска да ги исплати износите предвидени со Колективниот договор на ниво на работодавец.

Промовирани огласи »

Дали ви се верува дека 13% од жените не го одобруваат гледањето со колеги од работа, а со тоа се сложуваат и 8% од мажите?

На прашањето дали имаат сексуални фантазии за колешките од работа, повеќе од половина од мажите се изјасниле дека имаат. За истото фантазираат и 30% од жените.

Резултатите од најновото истражување откриваат дека секој единаесетти вработен го користи работното време за секс.

Истражувачите испитале илјада луѓе за нивниот однос на работа и дознале дека сексот на работа не е мит, туку дека навистина се случува и тоа почесто отколку што мислиме.

Дури 11 отсто од испитаниците откриле дека имале секс на работа со колеги.

Романсите на работно место се случуваат многу почесто отколку што можете да претпоставите. Се почнува незабележително, со флерт во ходник или лифт. Еден од нив испраќа симпатичен имеил или СМС, а другиот одговара со комплимент. И двајцата ја темпираат паузата за кафе или ручек, а кога ќе се сретнат разменуваат по некој нежен збор или допир.

Најголем дел од нив, сакаат ова да остане тајна, посебно ако е во прашање само секс, но тоа им успева само на половина од нив. Добрата работа е дека секоја десета од вака започнатите врски завршуваат со брак, а во секоја трета колегите и по раскинување остануваат во добри односи.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »