Промовирани огласи »

Aко почнувате свој бизнис, а при тоа не располагате со големи средства, тогаш нека биде тоа бизнис кој е во склад со вашите вештини. 

Инсистирајте на авансно плаќање. 

Сите работи трудете се да ги завршите сами. 

Концентрирајте се на услуги и производи кои се потреба, а не желба. 

Многу е важно на почеток остварените приходи да ги вложите за развој на бизнисот. 

Ако имате работа, задржете ја. Со бизнис занимавајте се по завршување на работното време. 

Сведете ги трошоците на минимум. 

Не вработувајте луѓе на почетокот, освен ако навистина тоа не е неопходно. 

Користете ги сите достапни ресурси. 

Промовирајте се на интернет. 

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Веќе подолго време размислувате да ја промените вашата работна позиција меѓутоа никако да се решите да го направите првиот чекор. Со вас во иста ситуација се илјадници други луѓе кои се во иста ситуација.

Токму поради тоа тимот на KARIERA.mk споделува со вас неколку причини зошто е тоа така најчесто:

Ја обожавате програмата, дејноста или продуктот кој го нудите или продавате

Не е лесно да се работи против себе, меѓутоа бидете свесни дека доколку не се чувствувате убаво на работа, насвистина не е важно што мислите за дејноста, продуктот или програмата која ја нудите. Вие секогаш сте на прво место!

„Немам време да си го средам CV-то“

Пријателите веќе немаат нерви да ги слушаат вашите жалби и поплаки во врска со работата. Кога ве прашуваат зошто не преземате ниту најмала иницијатива за промена, вие одговарате дека CV-то ви е хаотично и немате време да го средите.

Тоа секако – е лага. Доколку вистински посакувате да го смените работното место мора да вложите малку напор, а средувањето на професионалното резиме е минимален почетен чекор кој треба да го направите.

„Можеби не е толку лошо како што си мислам“

Некој ден на работа е малку подобар од останатите. Тогаш се враќа тој добропознат оптимизам кој успева да ве залаже. За момент вие сте среќни и комфорни во својата зона.

Момент подоцна лажниот оптимизам и позитивна енергија се уриваат како кула од карти. Одеднаш сте свесни за сите лоши и негативни работи кои ви се случуваат, мобингот, платата која е ниска и згора на сé доцни, шефот кој не умее да менаџира.

„И да одберам друга работа, нема да биде подобро од ова“

Па зошто тогаш би се мачел/а да правам промена? Зошто да се малтретирам и да си го губам времето?

Затоа што ништо нема да постигнете без малку ризик и добра волја. Ова е последниот и најтежок изговор кој ве влече назад врзувајќи ве за лошата работа како со синџири.

Вие во принцип не можете да знаете како може да изгледа вашата следна работна позиција. Бидете храбри, бидејќи како што велат – среќата ги следи токму таквите луѓе.

Вие заслужувате подобро отколку да бидете проколнати со работни позиции кои ќе ги мразите до крајот на животот.

Промовирани огласи »

Сигурно забележувате дека околу нас се помалку луѓе пушат цигари и тоа е навистина убав тренд.

За потенцијалните негативни здравствени ефекти на пушењето постои сомневање уште од 1859 година. Епидемиолошки докази од потенцијално штетните ефекти од пушењето цигари се зголемуваа во  текот на следните години. Конечно, во 1962 година, кралскиот колеџ за лекари од Лондон официјално потврди дека пушењето претставува сериозна закана по здравјето на луѓето а во 1964 година хирурзите од САД го потврдија мислењето.

Сепак, има една загатка која не е логична и е поврзана со овој тренд во светот. Во последните 15 години продажбата на цигари паѓа за 37% додека тутунските компании имаат раст на приходите од цигари за околу 32%, и во 2016 тие достигнуваат 93,4 милијарди долари.

Всушност една кутија цигари што порано во просек чинела 3,73 долари, денес чини 6,42 долари. Иако компаниите губат пушачи, тие ова го компензираат со поскапување на нивната навика. Според Вол стрит журнал минатата година Американците трошат повеќе пари на цигари отколку на пиво и негазирани пијалоци.

Вака позитивните исходи резултираа и со скок на акциите на производителите на цигари, па според Вол стрит журнал во последните 10 години Тутунскиот индекс е зголемен за 178%.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »