Веќе подолго време размислувате да ја промените вашата работна позиција меѓутоа никако да се решите да го направите првиот чекор. Со вас во иста ситуација се илјадници други луѓе кои се во иста ситуација.
Токму поради тоа тимот на KARIERA.mk споделува со вас неколку причини зошто е тоа така најчесто:
Ја обожавате програмата, дејноста или продуктот кој го нудите или продавате
Не е лесно да се работи против себе, меѓутоа бидете свесни дека доколку не се чувствувате убаво на работа, насвистина не е важно што мислите за дејноста, продуктот или програмата која ја нудите. Вие секогаш сте на прво место!
„Немам време да си го средам CV-то“
Пријателите веќе немаат нерви да ги слушаат вашите жалби и поплаки во врска со работата. Кога ве прашуваат зошто не преземате ниту најмала иницијатива за промена, вие одговарате дека CV-то ви е хаотично и немате време да го средите.
Тоа секако – е лага. Доколку вистински посакувате да го смените работното место мора да вложите малку напор, а средувањето на професионалното резиме е минимален почетен чекор кој треба да го направите.
„Можеби не е толку лошо како што си мислам“
Некој ден на работа е малку подобар од останатите. Тогаш се враќа тој добропознат оптимизам кој успева да ве залаже. За момент вие сте среќни и комфорни во својата зона.
Момент подоцна лажниот оптимизам и позитивна енергија се уриваат како кула од карти. Одеднаш сте свесни за сите лоши и негативни работи кои ви се случуваат, мобингот, платата која е ниска и згора на сé доцни, шефот кој не умее да менаџира.
„И да одберам друга работа, нема да биде подобро од ова“
Па зошто тогаш би се мачел/а да правам промена? Зошто да се малтретирам и да си го губам времето?
Затоа што ништо нема да постигнете без малку ризик и добра волја. Ова е последниот и најтежок изговор кој ве влече назад врзувајќи ве за лошата работа како со синџири.
Вие во принцип не можете да знаете како може да изгледа вашата следна работна позиција. Бидете храбри, бидејќи како што велат – среќата ги следи токму таквите луѓе.
Вие заслужувате подобро отколку да бидете проколнати со работни позиции кои ќе ги мразите до крајот на животот.