Ако сте насочени кон тоа да ја изградете вашата кариера а не само да пронајдете работа, развивањето на вашата професионална мрежа ќе е далеку поважно и повредно отколку прикачување на вашето CV на секој сајт за работа на Интернет.
Не отфрлајте никого кој/а вие сметате дека нема да ви е од помош и бидете љубезни кон секого што го/ја запознавате. Никогаш не знаете кој/а личност би можела да ве поврзи кон одлична можност. Наместо да ја гледате вашата мрежа како луѓе кои вие би можеле да ги искористите во блиска или подалечна иднина, пристапете на таа идеја како можност да запознаете интересни, различни луѓе кои ќе ви ги прошират хоризонтите и вашиот свет и ќе ве запознаат со нови искуства, без разлика дали тоа ќе се работни места или не. Не се ограничувајте на целите на краток рок или на пронаоѓањето работа; инвестирајте во односи и врски кои може да чувате со години.
Ако сте нови во пронаоѓањето на кариера и немате за што специфично да се докажете, развивањето на мрежата може да непријатно. Особено ако сте срамежливи по природа, може да биде уште потешко да иницирате разговори со луѓе кои одвај ги познавате или со повозрасни колеги кои имаат многу поголемо искуство. Вистината е дека многу од успешните менаџери, сопственици или колеги вообичаено уживаат да ги користат своите успеси за да помогнат на некого кој покажува амбиција и квалитет во работата.
LinkedIn е одлично место за поврзување со потенцијални ментори како и поединци кои нудат работни места. Исто така може и да ги посетете страните на комапниите кои ве интересираат или да пронајдете вработени во секторот каде вие би сакале да работите. Но, исто како што слепото споделување на вашето резиме не ви гарантира резултати, ќе треба да направите нешто повеќе од само праќање на покани за поврзување. Креирајте персонализирана порака кон секоја личност овјаснувајќи ги вашите цели, зошто ја сметате оваа личност за ваш идол и зошто заслужувате половина час од нивното време.
Дополнително, потребно е да им пристапувате на луѓето и во реалноста. Излезете од комфорната зона, присуствувајте на конференции или јавни состаноци од индустријата која ве интересира, барајте неформални интервјуа со луѓе вработени во секторот кон кого вие целите. Најлошото што може да се случи и тие да одговорат „не, благодарам“ или воопшто да не одговорат.
Продолжување на образованието е друг начин за запознавање луѓе вклучени во вашата област, како професори така и студенти. Прашајте каде работеле претходно, како ги пронашле нивните работни места и дали би сакале да ве поврзат вас. Дополнително, поврзете се онлајн за да пронајдете други личности кои биле во контакт со нив.
Не го формирајте секој разговор во професионално поврзување, држете ги очите и ушите отворени и кога се социјализирате. Можеби има некој/а со кој би можеле да се поврзете во локалната библиотека, локалниот парк или фитнес час кој познава некој/а кој би можел да ви значи многу како професионална конекција.
Пред се, запомнете дека вие ги замолувате луѓето да ви дадат нешто: нивното време, нивниот совет, нивната поддршка. Вие ги замолувате нив за услуга, затоа бидете љубезни, трпеливи и гостопримливи. Слушајте повеќе отколку што зборувате. Бидете љубопитни, отворени за предлози и флексибилни, отколку да имате фиксирана агенда и очекувања. Ако сте имале добар прв состанок, но не сте сигурни каде одите од таму, прашајте дали би можеле привремено да се консултирате со нив при подготовката за важни интервјуа. Доколку не успеете да се договорите ништо на еден состанок, тоа не е неуспех. Ја градите вашата кариера и врски, не барате работа. Ова може да трае многу подолго отколку работа, ако има вредност и за двете страни.