Промовирани огласи »

Кога е распишан оглас, работодавците добиваат стотици досиеа кои треба да ги погледнат и да ги селектираат. Тимот на KARIERA.mk секојдневно слуша како еден апликант испратил cv на 20 места оваа недела и отишол на 7 интервјуа меѓутоа ниту еден разговор не резултирал со вработување.

Токму заради ваквите забелешки, решивме да издвоиме неколку ситуации во кои можете да се издвоите од толпата апликации за истата работна позиција.

Имајте одговор на прашањето - Колку очекувате да биде вашата плата?

Најпрво, одлучете си од дома која е најмалата сума што сте подготвени да ја прифатите и која би била вашата идеална плата, а потоа обидете се да се распрашате кои се цифрите што се вртат внатре во фирмата. Врз основа на сето ова, пресметајте го износот кој би можел да биде реален за вашата позиција и не се ни обидувајте да се ценкате на лице место

Никогаш не звучете очајнички

Колку и да ви е потребна работа, никогаш не нагласувајте дека ќе направите апсолутно сè и ќе работите 24 часа. Добриот работник ја знае својата вредност, не му е тешко да остане малку подолго на работа, но бара и почитување.

Не плукајте по поранешните работодавци

Може да кажете дека не сте биле задоволни од условите или дека сте барале нови предизвици, но плукањето по поранешните шефови и изнесување на нивниот „валкан веш“ е строго забрането на разговорот за работа. Поради таквото непрофесионално однесување, повеќето работодавци глатко ќе ве пречкртаат.

Промовирани огласи »

Ако сте насочени кон тоа да ја изградете вашата кариера а не само да пронајдете работа, развивањето на вашата професионална мрежа ќе е далеку поважно и повредно отколку прикачување на вашето CV на секој сајт за работа на Интернет.

  • Каде да започнете? 

Не отфрлајте никого кој/а вие сметате дека нема да ви е од помош и бидете љубезни кон секого што го/ја запознавате. Никогаш не знаете кој/а личност би можела да ве поврзи кон одлична можност. Наместо да ја гледате вашата мрежа како луѓе кои вие би можеле да ги искористите во блиска или подалечна иднина, пристапете на таа идеја како можност да запознаете интересни, различни луѓе кои ќе ви ги прошират хоризонтите и вашиот свет и ќе ве запознаат со нови искуства, без разлика дали тоа ќе се работни места или не. Не се ограничувајте на целите на краток рок или на пронаоѓањето работа; инвестирајте во односи и врски кои може да чувате со години. 

Ако сте нови во пронаоѓањето на кариера и немате за што специфично да се докажете, развивањето на мрежата може да непријатно. Особено ако сте срамежливи по природа, може да биде уште потешко да иницирате разговори со луѓе кои одвај ги познавате или со повозрасни колеги кои имаат многу поголемо искуство. Вистината е дека многу од успешните менаџери, сопственици или колеги вообичаено уживаат да ги користат своите успеси за да помогнат на некого кој покажува амбиција и квалитет во работата.  

  • Како да се развиете? 

LinkedIn е одлично место за поврзување со потенцијални ментори како и поединци кои нудат работни места. Исто така може и да ги посетете страните на комапниите кои ве интересираат или да пронајдете вработени во секторот каде вие би сакале да работите. Но, исто како што слепото споделување на вашето резиме не ви гарантира резултати, ќе треба да направите нешто повеќе од само праќање на покани за поврзување. Креирајте персонализирана порака кон секоја личност овјаснувајќи ги вашите цели, зошто ја сметате оваа личност за ваш идол и зошто заслужувате половина час од нивното време. 

Дополнително, потребно е да им пристапувате на луѓето и во реалноста. Излезете од комфорната зона, присуствувајте на конференции или јавни состаноци од индустријата која ве интересира, барајте неформални интервјуа со луѓе вработени во секторот кон кого вие целите. Најлошото што може да се случи и тие да одговорат „не, благодарам“ или воопшто да не одговорат. 

Продолжување на образованието е друг начин за запознавање луѓе вклучени во вашата област, како професори така и студенти. Прашајте каде работеле претходно, како ги пронашле нивните работни места и дали би сакале да ве поврзат вас. Дополнително, поврзете се онлајн за да пронајдете други личности кои биле во контакт со нив. 

Не го формирајте секој разговор во професионално поврзување, држете ги очите и ушите отворени и кога се социјализирате. Можеби има некој/а со кој би можеле да се поврзете во локалната библиотека, локалниот парк или фитнес час кој познава некој/а кој би можел да ви значи многу како професионална конекција. 

  • Како да користете? 

Пред се, запомнете дека вие ги замолувате луѓето да ви дадат нешто: нивното време, нивниот совет, нивната поддршка. Вие ги замолувате нив за услуга, затоа бидете љубезни, трпеливи и гостопримливи. Слушајте повеќе отколку што зборувате. Бидете љубопитни, отворени за предлози и флексибилни, отколку да имате фиксирана агенда и очекувања. Ако сте имале добар прв состанок, но не сте сигурни каде одите од таму, прашајте дали би можеле привремено да се консултирате со нив при подготовката за важни интервјуа. Доколку не успеете да се договорите ништо на еден состанок, тоа не е неуспех. Ја градите вашата кариера и врски, не барате работа. Ова може да трае многу подолго отколку работа, ако има вредност и за двете страни. 

Промовирани огласи »

Флексибилното работно време е важно со цел германските компании да останат конкурентни на глобален план, изјави претседател на Експертскиот совет за проценка на економските услови, Криштоф Шмит за весникот „Велт ам Зонтаг“.

Оваа изјава е надоврзување на дебата која што се води во моментов во Германија за воведувањето на флексибилно работно време и промена на законот за работните односи.

Претпријатијата треба да има правна сигурност и да не го прекршуваат законот кога вработените навечер учествуваат на една телефонска конференција или наутро со појадок ја проверуваат службената електронска пошта. Тоа ќе им даде поголема слобода не само на работодавачите, туку и на вработените, вели Шмит.

Оваа тема е и тема на преговорите за идната германска влада. Либералната Слободна демократска партија (ФДП) излезе со барање за флексибилен однос кон работното време.

– Законот за работни односи повеќе не е во согласност со времето во кое живееме и мора да станеме пофлексибилни, изјави претставникот на ФДП, Михаел Тојрер и додаде дека е потребна промена на германскиот закон, па наместо осумчасовниот работен ден да се предвидува работна недела од 48 часа, која би можела да се прилагоди на потребите на работодавачот.

Промовирани огласи »

Дали знаете каде ги трошите парите секој месец? Дали знаете каде ги потрошивте вчера? Креирањето и следењето на буџет е нешто што на многу луѓе им е тешко да го прават. Буџетот е основа на стабилна финансии, без разлика на вашата ситуација и не е тешко да се направи.

Што е буџет? 

Буџетот не е ништо повеќе од преглед и план на тоа колку пари имате и на што ги трошите.

Може ли да замислите еден бизнис да стане успешен без да се води сметка за неговите приходи и расходи? Истото важи и кога се работи за вашите лични финансии. Ако не знаете колку месечно остварувате приход и на што ги трошите, патот до финансиска стабилност и успех ќе ви биде потежок. Најголемиот страв кој многу од луѓето го имаат за креирањето буџет е дека ќе е потребно да внимаваат на целото „забавно трошење“ - нешта како повремена вечера во отмен ресторан, кино или посета на баба и дедо за празниците. Ова сценарио е можно по креирањето на буџет, но никогаш нема да знаете на кои трошоци треба да внимавате ако не седнете и потрошите време во креирањето буџет. 

  • Преглед на приходите 

Првиот чекор кон креирањето буџет е да дефинирате колку ви се приходите на месечно ниво. Ова е лесно и вообичаено ја вклучува вашата плата. Доколку сте во брак, вклучете го и вашиот партнер (доколку тој/таа е во работен однос). Исто така, тука би влегле и сите други начини на кои заработувате пари - онлајн работа, втор бизнис, приходи од земјоделство, хонорарна работа и слично. 

  • Преглед на трошоците

Кога веќе јасно се дефинирани приходите, потребо е да погледнете во вашите месечни трошоци. Започнете со фиксни трошоци, оние кои ви се постојани и не се менуваат - кирија, рата од кредит, осигурување и слично. Во трошоците исто така влегуваат и режиски трошоци (сметки за електрична енергија, вода, парно, комунални услуги и сл.), храна, претплати и слично. 

  • Последната ставка 

Сега ги имате сите потребни информации за да добиете јасен увид во вашите финансии. Потребно е само да ги одземете вашите трошоци од приходи и ќе добиете позитивен или негативен број. Ако добиете позитивен, трошите помалку отколку што заработувате. Доколку бројот е негативен, не грижете се премногу. Целта токму на овој буџет е за да добиете јасна слика за вашите финансии и да почнете со промените, доколку се потребни. Можеби ќе е потребно да посетувате ресторани поретко или да патувате поретко, но ако успеете да заштедете во неколку области, можеби ќе бидете во можност да вложите во нешто што ви е многу поважно. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »