Промовирани огласи »

Започнува доградбата на патарината „Миладиновци“ – апел граѓаните да ја користат „Петровец“ како алтернатива

Поради градежни активности на „Миладиновци“, ЈП за државни патишта апелира граѓаните привремено да ја користат патарината „Петровец“ за побрз и поефикасен сообраќај.

Јавното претпријатие за државни патишта соопшти дека започнува доградбата на наплатната станица „Миладиновци“, поради што до возачите е упатен апел во наредниот период да ја користат патарината „Петровец“ како алтернативна рута.

Од претпријатието велат дека пренасочувањето на сообраќајот има цел да го намали времето на чекање и да обезбеди побрз проток на возилата додека траат градежните работи. „Петровец“ веќе има функционален систем за електронска наплата, што овозможува поефикасен и побрз премин за корисниците.

Доградбата на „Миладиновци“ е дел од пошироката модернизација на патарините во земјава, со воведување електронска наплата преку безконтактни смарт-картички и ТАГ уреди. Проектот се реализира во рамки на договорот со конзорциумот Аселсан – Жикол, а се финансира со заем од Европската банка за обнова и развој. Од ЈП за државни патишта апелираат возачите да ги следат препораките за да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот.

Тагови: патарини патарината Миладиновци

Промовирани огласи »

Вработување во ТРАНСКОМ!

Погледнете ги сите огласи за вработување во ТРАНСКОМ!

Транском е компанија специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали.

Моментално вработува:

Специјалист за корисничка поддршка со шпански+англиски јазик во областа на туризмот
Supplier Experience Specialist (m/f)
Специјалист за корисничка поддршка со германски+англиски јазик во областа на туризмот
Специјалист за корисничка поддршка со француски+англиски јазик во областа на туризмот

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Тагови: Transcom Macedonia

Промовирани огласи »

Зошто кандидатите повеќе не „паѓаат“ на employer branding?

Никој не „паѓа“ на брендови како порано што се смени?

Долго време, силниот employer branding беше доволен за да привлече внимание и апликации. Убави канцеларии, инспиративни приказни и „кул“ култура тоа беше формулата. Но денес, таа формула сè почесто не функционира. Кандидатите станаа повнимателни, поискусни и најважно поскептични.

Промената започна со довербата

Голем број отпуштања, реструктурирања и економска неизвесност ја нарушија довербата во компаниите. Кандидатите веќе не веруваат слепо во брендирани пораки – тие сакаат докази. Ако порано беше доволно да се каже „ние сме одлично место за работа“, денес тоа мора да се покаже.

Повеќе информации, помалку илузии

Со платформи за reviews, социјални мрежи и транспарентност на плати, кандидатите имаат пристап до реални искуства од вработени. Employer branding повеќе не е тоа што компанијата го кажува за себе, туку тоа што другите го потврдуваат.

Приоритетите се сменија

Во време на несигурност, кандидатите бараат:

  • Стабилност
  • Јасни услови
  • Транспарентност
  • Реални можности за развој

„Култура“ и „тим билдинг“ повеќе не се доволни ако основните работи не се исполнети.

Од маркетинг кон автентичност

Employer branding повеќе не може да биде само маркетинг кампања. Денес се очекува:

  • Искрена комуникација
  • Реални приказни од вработени
  • Конзистентност помеѓу тоа што се ветува и што се живее

Компаниите што ќе продолжат со „улепшана“ слика ризикуваат брзо да ја изгубат довербата.

Што значи ова за HR?

HR тимовите мора да направат промена во пристапот:

Од привлекување → кон градење доверба
Од пораки → кон искуства
Од бренд → кон реалност

На крајот, кандидатите не бараат совршена компанија – бараат чесна компанија. А токму тоа станува најсилниот employer branding во 2026.

Прочитај и за: Snap (Snapchat) најави голем бран отпуштања: околу 1.000 вработени

Тагови: HR трендови employer branding

Промовирани огласи »

Францускиот институт во Скопје распиша конкурс за престижните стипендии „France Excellence“ за академската 2026/2027

Францускиот институт во Скопје објавува отворен конкурс за стипендии во Франција

Францускиот институт во Скопје го објави годишниот отворен конкурс за престижната стипендиска програма „France Excellence“, наменета за македонски студенти кои сакаат да продолжат со мастер студии во Франција во академската 2026/2027 година. Програмата им нуди на младите академски таленти можност да се запишат на реномирани француски универзитети и високообразовни институции, со финансиска поддршка што покрива дел од трошоците за студирање и престој.

Покрај финансиската помош, избраните кандидати ќе добијат и дополнителни бенефиции, меѓу кои поддршка за сместување и здравствено осигурување, со цел полесна адаптација во новата академска и културна средина. Право на аплицирање имаат кандидати со македонско државјанство, кои не се постари од 30 години, а предност ќе имаат оние што планираат да студираат на француски јазик, особено во областа на природните науки. Ќе се разгледуваат и апликации за студиски програми на англиски јазик.

Изборот на добитниците ќе се врши врз основа на академскиот успех, квалитетот на мотивацијата и јасноста на планот за студии и професионален развој во Франција. Крајниот рок за аплицирање е 15 мај 2026 година, а сите информации за условите и потребната документација се достапни на официјалната веб-страница на Францускиот институт во Скопје.

Тагови: стипендија студенти Франција

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »