Промовирани огласи »

Од денеска со возачка дозвола од „Б-категорија“ може да се возат и моторцикли до 125 кубика

Во сила денеска стапија измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Граѓаните со возачка дозвола од „Б-категорија“ за автомобил, од денеска имаат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ со зафатнина на моторот од 125сс (центиметри кубни) и чија сила на моторот не е поголема од 11 KW, откако стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Законските измени беа подготвени и поднесени од пратеничичката група на Движење ЗНАМ со поддршка на пратениците од мнозинството, а 8 април годинава беа изгласани со огромно мнозинство во Собранието. Во меѓувреме, траеја администеративните процедури за Правилникот подготвен од Министерството за внатрешни работи, со чие денешно објавување во Службен весник во сила се законските измени.

Како што образложи пратеникот од ЗНАМ Павле Арсовски во Собранието, со законот се придвидува во Македонија возачот кој поседува возачка дозвола од Б категорија да има право да управува мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ откако ќе наполни 23 години и поседува минимум 5 години важечка возачка дозвола од категорија „Б“ и поседува потврда за посета на 4 часовна теоретска обука.

Како законодавци имавме предвид дека ваквите решенија ќе го поттикнат користењето на помали и поекономични моторни возила, ќе го намалат сообраќајниот метеж во урбаните средини и во голема мера ќе ја подобрат мобилноста на граѓаните. Всушност, користењето на мотоцикли во сообраќајот, освен тоа што во голема мера ќе го олеснат протокот во сообраќајот, претставуваат една од поевтините варијанти за алтернативен градски превоз. Тоа значи дека овозможуваат поголема флексибилност и практичност, особено во урбаните средини каде што сообраќајниот метеж е изразен. Мотоциклите од категоријата „А1“ се практично и економично превозно средство кое зафаќа помал простор и на патиштата и при паркирање – рече Арсовски.

Исто така, потенцира тој, имаат голем придонес во заштитата на животната средина поради минималното испуштање издувни гасови. И она што е најважно, нивото на безбедност се задржува преку дополнителна обука или временски услов за поседување на возачка дозвола.

Во Европската унија од 2006 година во сила е Директивата 2006/126/Е3 на Европскиот парламент и на Советот, каде е регулирано дека државите може да одобрат лицата кои имаат валидна возачка дозвола за „Б“ категорија, да можат да возат и мотоцикли од категоријата „А1“, а под таа категорија спаѓаат мотоцикли со зафатнина на цилиндрите не поголема од 125 см“, со моќност не поголема од 11 KW.

Држави каде може да се управува Мотоцикл до 125 см³ со возачка дозвола од Б категорија може да се управува во Шпанија, Грција, Португалија, Франција, Австрија, Чешка, Белгија, Луксембург, Словенија, Полска,…

Тагови: возачка дозвола мотори Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата

Промовирани огласи »

Помалку бракови и повеќе разводи во првите три месеци од годинава

Трендот продолжува! На што се должат разводите, кој е вашиот став?

Во првиот квартал годинава склучени биле 1.797 бракови и нивниот број е намален за 2.7 проценти во споредба со истиот период од 2025 година, објави денеска Државниот завод за стaтистика. 

Од друга страна, податоците на ДЗС покажуваат зголемување во процентот на разводи.

Во истиот период, според податоците на ДЗС, регистрирани биле 494 разведени бракови, што претставува зголемување од 6.2 проценти во споредба со истиот период од 2025 година.

Тагови: брак Државен завод за статистика Македонија

Промовирани огласи »

Вработување во Леар Корпорација!

Погледнете ги сите огласи за вработување во Леар Корпорација!

ЛЕАР КОРПОРАЦИЈА е комопанија која се бави со производство на автомобилски навлаки и седишта во ТИРЗ - Тетово.

Моментално вработува:

Оператор на машина за шиење
Transportation Administrator – Logistic Center in Skopje Office
Materials Administrator – Logistic Center in Skopje Office

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: ЛЕАР ЦОРПОРАТИОН МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

Промовирани огласи »

Како да ја победите тремата при започнување нова работа?

Еве како да се вклопите побрзо и без стрес!

Започнувањето нова работа е возбудлив чекор, но кај многумина предизвикува и трема, несигурност и страв од непознатото. Прашањата како „Дали ќе се вклопам?“, „Ќе се снајдам ли?“ или „Што ако направам грешка?“ се сосема нормални. Добрата вест е дека речиси секој вработен поминал низ истиот период на адаптација.

Најважно е да си дадете време. Никој не очекува да знаете сè уште од првиот ден. Новото работно место значи нови луѓе, нови правила и нов начин на работа, па сосема природно е да ви треба период за привикнување. Наместо да се обидувате веднаш да бидете совршени, фокусирајте се на учење и постепено напредување.

Еден од најдобрите начини да ја намалите тремата е да поставувате прашања. Многу луѓе се плашат да не изгледаат неискусно, но всушност љубопитноста и желбата за учење оставаат позитивен впечаток. Подобро е да прашате и да научите правилно, отколку да претпоставувате и да направите непотребна грешка.

Исто така, обидете се да изградите добра комуникација со колегите. Едноставен разговор, насмевка или покажување интерес за тимот може многу да помогне за побрзо да се почувствувате прифатено. Добрата работна атмосфера често започнува со мали, секојдневни интеракции.

Важно е и да не се споредувате со другите. Колегите околу вас можеби изгледаат сигурно и опуштено, но најверојатно и тие некогаш биле нервозни на првиот работен ден. Секој има свое темпо на адаптација.

Наместо да размислувате за можните грешки, фокусирајте се на можноста за нов почеток. Новата работа е шанса за учење, напредок и стекнување нови искуства. Тремата нема веднаш да исчезне, но со секој изминат ден ќе се чувствувате посигурно, поискусно и поподготвено.

Запомнете не мора да бидете совршени уште од првиот ден. Доволно е да бидете подготвени да учите, да се трудите и да верувате во себе.

Прочитајте и за: Од вреден вработен до емоционално исцрпен: Како се случува тоа?

Тагови: нова работа совети за работа

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »