Промовирани огласи »

Како да напредувате во кариерата со само 15 минути дневно?

Тајната на кариерниот напредок не е во прекувремената работа!

Во свет во кој времето секогаш недостига, учењето повеќе не мора да значи часови пред книга или скапи обуки. Благодарение на микро-наставите и онлајн курсевите, денес можеш да градиш силна и модерна кариера за само 15 минути дневно.

Што се микро-настави?

Микро-наставите се кратки, фокусирани лекции – често во видео, текстуален или интерактивен формат кои покриваат конкретни теми, вештини или алатки. Наместо долг курс од неколку часа, добиваш содржина што можеш да ја совладаш додека пиеш кафе, се возиш во автобус или правиш пауза на работа.

Зошто се моќни?

  • Штедат време: Немаш изговор дека си премногу зафатен/а.
  • Фокусирани се: Учиш само она што ти треба без непотребен материјал.
  • Флексибилни се: Можеш да учиш кога сакаш, од каде сакаш.
  • Постојано те надградуваат: Секојдневното учење те одржува актуелен/на во индустријата.

Што можеш да научиш?

  • Дигитални вештини: Canva, ChatGPT, Excel, Google Ads, SEO
  • Меки вештини: Комуникација, преговарање, емпатија
  • Јазици: Научи нов јазик во 10 минути на ден
  • Лидерство и продуктивност: Техники од најдобрите менаџери
  • Фриленс и бизнис: Како да започнеш свој мал бизнис или да заработуваш онлајн

Каде да почнеш?

Платформи како Coursera, LinkedIn Learning, Udemy, edX, Skillshare и дури и YouTube нудат одлични микро-лекции. Некои се бесплатни, други се симболично платени но инвестицијата во себе е секогаш најисплатлива.

Наместо да чекаш „вистинско време“ за да се надградиш, искористи 15 минути дневно за да станеш поуспешен, поисполнет и поконкурентен на пазарот на труд. Малите чекори водат до големи промени започни денес!

Прочитајте и за: Зошто секој професионалец треба активно да го одржува својот LinkedIn профил?

Тагови: совети за работа

Промовирани огласи »

Огласи за работа во државна администрација!

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Помошник раководител на сектор за инвестиции, нови градби, тековно одржување и комунални трошоци

Самостоен референт за издавање на канцелариски материјали, Одделение за сметководство и плаќања, Сектор за финансиско - сметководствено работење

Советник за општи и нормативно правни работи - Секретар, Одделение за нормативно - правни работи, човечки ресурси и општи работи, Административна служба

Помлад соработник за правни и општи работи, Одделение за стручно административни и општи работи, Административно стручна служба

Помлад соработник за канцелариско и архивско работење, Одделение за архивско и канцелариско работење, Сектор за нормативно - правни и архивски работи

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Промовирани огласи »

Магдалена Крстеска: Од студентка на ФИНКИ до креатор на уникатни чанти од монистра

Зад секоја Marmió чанта стојат часови работа, посветеност и многу љубов

За почеток, претставете ни се. Кој стои зад Marmió и како започна вашата приказна?

Зад брендот Marmió стојам јас, Магдалена Крстеска. Моментално сум прикрај со студиите на ФИНКИ, а по природа сум исклучително љубопитна, креативна и амбициозна личност која секогаш сака да учи нови работи и да ги тестира сопствените граници. Иако мојата струка е насочена кон технологијата и аналитичкото размислување, желбата да започнам и да создадам нешто свое, уникатно, тлееше во мене уште многу одамна.

Всушност, со мојата другарка подолго време зборувавме и ја разработувавме идејата, но сè започна и официјално на едно вечерно кафе. Тогаш, понесени од адреналинот и креативната енергија, решивме дека е време за акција уште истата вечер го смисливме името, ги дефиниравме првите детали и отворивме страница на социјалните мрежи. На почетокот ја градевме оваа приказна заедно како тим, но со тек на време, од оправдани причини, патиштата во бизнисот ни се раздвоија. Тогаш решив да продолжам сама, преземајќи го целиот бренд во свои раце со уште поголем мотив, визија и посветеност.

Дали отсекогаш сте биле креативна личност или оваа љубов се разви со текот на времето?

Можам слободно да кажам дека отсекогаш сум била креативна личност. Дури и пред да се роди Marmió, секогаш наоѓав начин да ја изразам таа моја креативна страна, без разлика дали преку хобија или преку деталите во секојдневието.

Како се роди идејата за изработка на чанти од монистра и што ве привлече токму кон овој вид рачна изработка?

Идејата за ташните не дојде случајно таа всушност влече корени уште од моето детство, инспирирана од мајка ми и баба ми. Како мала си играв исклучиво со ташнички, а таа љубов е толку силна што и ден-денес никогаш не останувам рамнодушна кога ќе видам убава ташна.

Се сеќавам на три ланчиња од монистра кои мајка ми ги имаше во тоа време. Постојано ги расплетував и од тие ситни зрнца се обидував со свои раце да направам нешто ново. Монистрата уште тогаш ме фасцинираа со својот специфичен сјај. Со текот на годините, таа длабока љубов кон ташните, заедно со мојот перфекционизам и педантност во работата, природно созреаа и прераснаа во овој сон кој го живеам денес  да создавам уникатни ташни од монистра.

Кој беше првиот модел што го изработивте и дали сè уште го чувате?

Првиот модел што го изработивме беше моделот INICIO, симболично именуван по самиот почеток на оваа приказна, создаден од кристални монистра во впечатлива тиркизна боја. За жал, не го чувам кај себе.

Колку време е потребно за изработка на една чанта?

Времето за изработка зависи од самиот модел, односно од неговата големина, специфичната форма и дизајн кој треба да се постигне, како и од видот на самите монистра со кои се работи. Минималното време потребно за изработка е околу 15 часа интензивна и прецизна работа.

Што е најголемиот предизвик при рачната изработка на вакви модни додатоци?

Најголемиот предизвик при рачната изработка лежи во две нешта пронаоѓање на квалитетен материјал (монистра) и самата техника на изработка која е клучна за да се постигне трајноста и убавиот изглед на крајниот производ.
 

Каде го гледате Marmió во следните неколку години?

Во следните неколку години Marmió го гледам како препознатлив бренд што ќе биде симбол за креативност и уникатност. Исто така, моја голема желба е да отворам сопствено ателје простор каде што ќе се создаваат уште многу нови колекции, ќе се реализираат персонализирани идеи, а клиентите ќе можат одблиску да ги видат, почувствуваат и доживеат моделите, како и самиот процес на нивната изработка.

Воедно, во моментов работам на нови модели кои, покрај монистра, ќе вклучуваат и други материјали и техники на изработка. На тој начин сакам да внесам свежина и да понудам уште поголем избор на уникатни и современи дизајни.

Ако треба да го опишете Marmió со три збора, кои би биле тие?

Автентичност, креативност и безвременост.

Што би им порачале на младите луѓе кои сакаат своето хоби да го претворат во успешен бизнис?

Би им порачала да веруваат во себе, во своите соништа и да не се плашат да го направат првиот чекор. Секој успешен бизнис започнува со страст, но за да расте потребно е многу труд, посветеност и трпение. Ќе има предизвици и моменти на сомнеж, но важно е да останат доследни на својата визија и постојано да учат и напредуваат.

Тагови: бизнис идеи креативност ташна уметност Магдалена Крстеска

Промовирани огласи »

Огласи за работа во Тетово!

Најновите огласи за работа во Тетово!

Барате работа во Тетово? Проверете ги најновите огласи за вработување и најдете ја идеалната можност за вашиот кариерен напредок! Без разлика дали сте искусен професионалец или почетник кој бара прва работа, тука ќе најдете огласи што одговараат на вашите потреби и квалификации.

Придружете се на успешни компании и започнете ново поглавје во вашата кариера. Не чекајте! Аплицирајте веднаш и осигурете си посветла иднина.

Sales Representative in Tetovo
Маркетинг агенти - Тетово
Оператор на машина за шиење

Прочитајте и за: Огласи за работа во Велес!

Се уште сте во потрага по идеалното работно место?! Проверете ги сите останати огласи и аплицирајте ТУКА.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »