Промовирани огласи »

МВР со јавен повик за запишување на 200 редовни ученици во полициското училиште

Министерството за внатрешни работи објави Јавен повик за прием на 200 редовни ученици кои имаат интерес за запишување во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ во Полициската академија.

Министерството за внатрешни работи (МВР) објави Јавен повик за прием на 200 редовни ученици кои имаат интерес за запишување во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ во Полициската академија.

Кандидатите кои ќе имаат завршено прва и втора година средно училиште ќе можат да се пријават на јавен конкурс и, доколку ги исполнуваат предвидените услови, своето школување да го продолжат во средното полициско училиште.

Секој од кандидатите треба да ги исполни следните општи услови:

  •  да е државјанин на Република Северна Македонија,
  •  да нема навршено 18 години возраст на денот на објавување на јавниот повик за прием на ученици во Средното полициско училиште,
  •  активно да го користи македонскиот јазик и
  •  да е здравствено и психофизички способен.

Исто така,  општиот успех во двете завршени години средно образование треба да биде најмалку „добар“ и на ученикот да не му се изрекувани педагошки мерки во училиштето каде што ги завршил прва и втора година средно образование во средно училиште.

Во зависност од потребите на Министерство за внатрешни работи, ќе постои можност паралелно да продолжи и досегашната основна обука за полицаец, која трае една година.

Сите услови и целосниот Јавен повик можете да го погледнете ТУКА.

Тагови: Министерство за внатрешни работи (МВР) полициско училиште средношколци

Промовирани огласи »

Најди работа во Битола!

Најнови огласи за работа во Битола!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции во Битола на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Во последниот период, се забележува раст на огласи во различни индустрии, што е показател за економскиот развој на градот и зголемената потреба за квалификуван кадар. Овие огласи ги опфаќаат сите сектори – од производство, услуги и администрација, па сè до технологија, здравство и образование.

Во продолжение дел од огласите:

Продавачи/ки
Регионален Менаџер - Прилеп / Битола / Охрид
Доставувач на материјали на прозиводна линија - Битола
Дипломиран фармацевт или Фармацевтски техничар - Битола
Техничар за одржување во производство - Битола

Достапноста на различни работни позиции на нашиот веб сервис нуди голем спектар на можности за лицата со различни квалификации и професионално искуство. Овие огласи не само што го поттикнуваат индивидуалниот кариерен развој, туку придонесуваат и за подобрување на локалната економија и подигање на стандардот на живот во Битола.

Доколку сте спремни за нов работен предизвик, сите останати работни позиции за во Битола можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Најновите огласи за работа во Скопје!

Промовирани огласи »

Што да направите ако изгорите од сонце?

Црвенило, печење и чувствителна кожа по сончање? Еве како правилно да реагирате и побрзо да ѝ помогнете на кожата да закрепне.

Летните денови се идеални за плажа, базен и престој на отворено, но предолгото изложување на сонце без соодветна заштита може да доведе до изгореници. Освен што се болни и непријатни, тие можат да ја оштетат кожата и да го зголемат ризикот од сериозни последици доколку не се третираат правилно.

Еве што треба да направите ако изгорите од сонце:

Тргнете се од сонцето

Штом забележите дека кожата е црвена, чувствителна или почнува да пече, веднаш побарајте сенка или влезете во затворен простор. Дополнителното изложување само ќе ја влоши состојбата.

Разладете ја кожата

Истуширајте се со млака или ладна вода, но избегнувајте многу студена вода или мраз директно на кожата. Ладните облоги исто така можат да помогнат да се намали воспалението.

Хидрирајте ја кожата

По туширањето нанесете гел или крем со алое вера или хидратантен лосион без алкохол и парфеми. Ова ќе помогне да се смири иритацијата и да се задржи влагата во кожата.

Пијте многу течности

Изгорениците од сонце го дехидрираат организмот. Пијте повеќе вода во текот на денот за да ја надоместите изгубената течност.

Не ги пукајте плускавците

Ако се појават плускавци, не ги отворајте. Тие претставуваат природна заштита на оштетената кожа и нивното пукање го зголемува ризикот од инфекција.

Носете лесна облека

Одберете широка памучна облека која нема дополнително да ја иритира кожата додека заздравува.

Побарајте лекарска помош ако е потребно

Доколку изгорениците се придружени со висока температура, силна болка, големи плускавци, вртоглавица, гадење или знаци на дехидрација, задолжително обратете се кај лекар.

Како да спречите изгореници?

Најдобрата заштита е превенцијата. Користете крем со заштитен фактор (SPF 30 или повисок), нанесувајте го на секои два часа и по секое капење, носете капа и очила за сонце и избегнувајте директно изложување на сонце во периодот од 11 до 17 часот, кога УВ-зрачењето е најсилно.

Грижата за кожата не завршува кога ќе се вратите од плажа. Ако веќе сте изгореле, правилната нега ќе помогне побрзо да закрепнете, а следниот пат не заборавајте да користите заштитен фактор и да избегнувате долго изложување на силното сонце.

Тагови: високи температури вода здравје креми за сончање лето плажа изгорите од сонце

Промовирани огласи »

Скопскиот аеродром воведе нова технологија: Крај за вадење лаптопи и течности од рачниот багаж

Побрзи проверки, пократко чекање и поголема безбедност на Скопскиот аеродром. Со новите CT-уреди, патниците повеќе нема да ги вадат електронските уреди и течностите од торбите.

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ од вчера се пуштени во употреба нови безбедносни системи што значително ќе го олеснат процесот на контрола за патниците. Со новите уреди со компјутерска томографија, лаптопите, таблетите, мобилните телефони и течностите повеќе нема да мора да се вадат од рачниот багаж, додека прецизноста во откривање потенцијални закани е зголемена, а физичките проверки се намалени.

Во надградбата на безбедносната контрола се инвестирани речиси милион евра, со набавка на два нови CT-уреди и две автоматизирани ленти за враќање корпи од британската компанија Smiths Detection. Генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт, изјави дека со ова безбедносната контрола ќе биде побрза, времето на чекање пократко, а капацитетот на аеродромот значително зголемен, со можност за обработка на до двојно повеќе патници на час по линија.

Заменичката на министерот за транспорт, Калтрина Зеколи-Шаќири, оцени дека станува збор за уникатна инвестиција во регионот, која ќе ја зголеми и безбедноста и ефикасноста за патниците. Според „ТАВ Македонија“, со новата технологија Скопскиот аеродром се позиционира рамо до рамо со европски центри како Франкфурт, Хитроу и Цирих. Во првите пет месеци од годинава, двата македонски аеродроми опслужиле 1,58 милиони патници, што е раст од 31,2 проценти, додека бројот на летови се зголемил за 9,5 проценти.

Тагови: багаж ТАВ Македонија технологија

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »