Компанијата Тесла го заврши инсталирањето на најголемата литиум-јонска батерија во светот и ќе ја уклучи во наредните денови.
Батеријата од 100 магавати во Јужна Австралија е дизајнирана да обезбеди безбедност на државната електроенергетска мрежа. Таа ќе складира доволно енергија за напојување на 30 000 домови околу час време.
Првиот човек на Тесла Илон Маск рекол дека батеријата ќе биде бесплатна ако не биде инсталирана во рок од 100 дена од потпишувањето на договорот за проектот.
Изгледа дека компанијата ќе го исполни крајниот рок , 1 декември за инсталирање на арматурна плоча која ќе биде поврзана со фармата на електроелектраната која ја корист француската компанија за обновување на извори за енергија Неоен.
Маск првично на Твитер понуди да го реши проблемот откако Јужна Австралија во февруари претрпе серија „падови на оптеретување“, како и колапсот од септември 2016 година, која остави 1,7 милиони луѓе без струја.
Државата ќе има право да го користи целиот капацитет на батерии со цел избегнување на падот на оптеретување.
Проектот е дел од широк пакет проекти чија чел е да обезбеди испораки на енергија во државата, која е во голема мера зависна од обновливи извори.