Промовирани огласи »

Mилијардерот Ма Хуатенг oд Кина го надмина Марк Зукерберг од Фејсбук со своето богатство. 

Ма завршил одлична работа со вложувањето во „Snapchat” и „Tesla Motors”, а благодарение на новите деловни потфати, неговото богатство вреди повеќе од богатството на Марк.

Како што oбјави Форбс, личното богатство на Хуатенг се проценува на преку 48 милијарди долари, а до него тој дошол пред сè со вложување во социјални мрежи и видео игри за мобилни телефони.

Кинескиот милијардер има многу поширок спектар на интереси во однос на Зукерберг, и затоа тој е  на листата на најбогати и највлијателни IT луѓе на светот. Главната причина за триумф е „Tencent Holdings”, која официјално е и најуспешната компанија која се занимава со социјални мрежи. Нејзината вредност е проценета на преку 500 милијарди долари со што Хуатенг е побогат не само од Марк, туку и од Пејџ и Брин – основачите на „Google”.

Промовирани огласи »

Туна салата

Може ли да биде поедноставно од ова? Оваа шарена комбинација на вкусови и хранливи материи со својата брзина на подготовка го решава проблемот на недостаток од време за подговотовка на оброк и ви обезбедува максимална ефикасност на работа и добро чувство се до следниот оброк.

Потребни состојки (за 1 порција):

  • 100 грама туна
  • 2 лажици грашок
  • 2 лажици пченка
  • зелена салата
  • 1 црвена пиперка
  • 1 лажица маслиново масло
  • неколку маслинки

Начин на подготовка:

Сите состојки измешајте ги со зелената салата во еден голем сад и зачинете ги со маслиново масло, бибер и оцет по вкус.

Варени јајца

Нема полесна варијанта за ручек ос варени јајца. Искомбинирајте ги со некој сендвич или пак некоја салата за да не почувствувате глад набрзо по оброкот

Сендвич

Доколку немате многу пари за богат ручек на работа, секогаш сетете се дека домашниот сендвич ќе ве засити и ќе ви заштеди некој денар. Подгответе сендвич од дома со состојки кои ги имате во фрижидер. Кашкавалче, саламче и некој намаз ќе завршат работа барем еднаш неделно.

Промовирани огласи »

Да се биде паметен не е доволно кога се работи за успех во животот. Поседувањето на високо ниво на емоционална интелегенција (ЕИ) може да ви помогне да бидете еден чекор пред оние луѓе кои единствено се потпираат на високиот коефициент на интелегенција. Силната емоционална интелегенција им помага на луѓето да се справуваат со одредени социјални ситуации и да ги менаџираат односите. Во бизнисот, ова може да биде суштински фактор за успех. 

Што е емоционална интелегенција? 

Академците Џон Маер и Питер Саловеј го вовеле терминот емоционална интелегенција во `90тите и бил популаризиран од писателот Даниел Колман, автор на Емоционална интелегенција: Зошто е поважна од IQ, книга која била интернационален бестселер. 

Постојат два главни дела на ЕИ. Првата е лична компетентност. Ова значи да се поседува свесност за самите себеси, а тоа е способноста да се разликуваат емоциите кои ги чувствуваме и начинот на справување со нив. Исто така, способноста да се менаџира влијанието на средина на вашите емоции. Второ, луѓето кои поседуваат добра ЕИ имаат социјална компетентност. Ако го поседувате ова, вие сте добри во разгледување на динамиката во социјалните ситуации и модифицирање на сопственото расположение и однесување за подобрување на социјалните сценарија и односи. 

Еден од најдобрите пример на ЕИ е способноста да се читаат емоциите од лицата на луѓето. На пример, ако видете некоја личност која е тажна или нервозна без тие тоа да го покажат, вие ќе ја имате способноста да одговорите соодветно. Колман вели дека емпатијата и способноста да ги оставиме нашите телефони, да ги исклучиме нештата што не деконцентрираат и вистински да се посветиме на личноста со која се поврзуваме е неверојатно моќно. 

Дали навистина ни е потребна ЕИ во бизнисот? 

Една од карактеристиките на високо ниво на ЕИ е способноста да се остане смирен и да се гледаат нештата јасно кога се работи под притисок. “Кога сме способни да ги разбереме емоциите на вработените, тогаш можеме да го разбудиме најдоброто во нив“ - вели Колман. Особено високо ниво на ЕИ им е потребно на менаџерите.

„Ако имате улога на менаџер, 60 до 80% од вашето време ќе го поминувате помеѓу други луѓе. Способноста да се формираат позитивни односи е клучна. Работодавците и секој од кој се бара интеракција на работното место имаат поголеми шанси да креираат попријатна работна атмосфера ако не секогаш ги ставаат своите емоционални потреби пред оние на соработниците и вработените. Потребна е способноста за емпатија, паузирајте и обидете се да ја разберете перспективата на другиот, зошто се налутени или вознемирени. Да се биде смирен и со разговор да се реши една ситуација може да направи огромна разлика“ изјава дадена од професор Ноблет, професор на бизнис школо во Деакин, Австралија. 

Како може да ја подобрите вашата ЕИ? 

Првиот чекор е идентификување на сопствените емоции, нивно менаџирање и искажување на правилниот начин. Но најважно од се е пронаоѓање на мотивацијата. 

„Мора вистински да сакате да работите напорно кога се работи за разбирање на чувствата на другите и нивната позиција во секоја една ситуација, секој кажан аргумент или расправија. Има многу бенефити на креирањето позитивни односи и врски. Луѓето со висока ЕИ не само што искусуваат задоволувачки интеракции и го намалуваат бројот на конфликтите, тие исто така се и добри тимски играчи и така, имаат поголеми шанси да се искачат на професионалната скала, за разлика од другите кои ќе бидат на другата страна.“ изјавува професорот Ноблет. 

Промовирани огласи »

Причината која стои позади луѓето кои поминуваат добро на интервјуата за работа не се само вистинските одговори. Главната причина е за поставувањето вистински прашања. Кога другата страна поставува прашања, тоа ги прави регрутерите или сопствениците енергични, поврзани и заинтересирани за личноста која седи спроти нив. Од друга страна, прашањето ги мотивира регрутерите да размислуваат за одговорот, но во исто време и за причината зошто токму тоа прашање, што кажува тоа за нив, дали е прашано со намера или случајно? 

Што вашите прашања кажуваат за вас? 

Кандидатите кои најчесто се одбрани се оние кои многу јасно покажуваат дека сакаат да бидат овде; тие се поврзани за интервјуирачкиот процес исто како и регрутерите и сопствениците. Често, не е за тоа кој е паметен или квалификуван, иако и тоа помага.

Секогаш е за ставот и желбата за учење. 

Една препорака е да подготвите пет прашања и да прашате три од нив за време на вашето интервју. Во продолжение, прочитајте некои прашања кои ќе покажат дека сте дошле спремни и дека сакате да научите за компанијата и интервјуерот:

1. Во што најмногу уживате да работите овде? - Може да добиете некој обичен одговор кој ништо нема да ви каже повеќе отколку што можеби веќе знаете - и тоа ќе ви каже многу за компанијата. Ако слушнете одговор полн со желба кој сосема се поврзува со вашите вредности, тогаш знаете дека сте на добар пат. Ако ни сопствениците не искажат среќа за работењето во својата компанија, тогаш не треба да го губите своето време. 

2. Кои вештини и искуство треба да ги поседува идеалниот кандидат? - Прашајте го ова прашање и бидете подготвени за пренасочување кон вас. Бидејќи вие како кандидат секако сте размислувале за опцијата што вас ве прави одлични за оваа позиција, ова се вашите пет минути. 

3. Како изгледа успехот овде? - Одговорно и многу паметно отворено прашање кои покрива многу теми. Недиректно, вие прашувате за тоа како се третирани вработените, внатрешните процеси, идните можности за промоција. Одговорот на ова прашање ќе ви каже многу за компанијата. 

4. Кој е вашиот стил на менаџирање? - Клучно прашање. Вие веќе сте запознаени со вашиот стил на работење и сега прашање е дали истиот одговара на вашиот потенцијален работодавач и соработници. Слушајте го одговорот и видете дали имате заеднички страни. 

5. Како оваа работна позиција и улога се вклопува во целосната стратегија на компанијата? - Тука веќе преминувате на бизнисот. Со ова прашање ќе откриете колку навистина е важна работната позиција за која аплицирате и дали вашиот претпоставен ја смета за важна. 

6. Кој го сметате за ваш најсилен конкурент и зошто? - Одлично прашање за да ги покажете своите истражувачки способности за конкуренцијата. Бидете подготвени за дискусија за поголемите трендови во индустријата. 

7. Што е следниот чекор? - Не е доволно само да се заблагодарите за дадената шанса или обичното „ќе бидеме во контакт“. Обидете се да добиете слика за тоа кој е следниот чекор, од кого треба да очекувате одговор и кога.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »