Да се биде паметен не е доволно кога се работи за успех во животот. Поседувањето на високо ниво на емоционална интелегенција (ЕИ) може да ви помогне да бидете еден чекор пред оние луѓе кои единствено се потпираат на високиот коефициент на интелегенција. Силната емоционална интелегенција им помага на луѓето да се справуваат со одредени социјални ситуации и да ги менаџираат односите. Во бизнисот, ова може да биде суштински фактор за успех.
Што е емоционална интелегенција?
Академците Џон Маер и Питер Саловеј го вовеле терминот емоционална интелегенција во `90тите и бил популаризиран од писателот Даниел Колман, автор на Емоционална интелегенција: Зошто е поважна од IQ, книга која била интернационален бестселер.
Постојат два главни дела на ЕИ. Првата е лична компетентност. Ова значи да се поседува свесност за самите себеси, а тоа е способноста да се разликуваат емоциите кои ги чувствуваме и начинот на справување со нив. Исто така, способноста да се менаџира влијанието на средина на вашите емоции. Второ, луѓето кои поседуваат добра ЕИ имаат социјална компетентност. Ако го поседувате ова, вие сте добри во разгледување на динамиката во социјалните ситуации и модифицирање на сопственото расположение и однесување за подобрување на социјалните сценарија и односи.
Еден од најдобрите пример на ЕИ е способноста да се читаат емоциите од лицата на луѓето. На пример, ако видете некоја личност која е тажна или нервозна без тие тоа да го покажат, вие ќе ја имате способноста да одговорите соодветно. Колман вели дека емпатијата и способноста да ги оставиме нашите телефони, да ги исклучиме нештата што не деконцентрираат и вистински да се посветиме на личноста со која се поврзуваме е неверојатно моќно.
Дали навистина ни е потребна ЕИ во бизнисот?
Една од карактеристиките на високо ниво на ЕИ е способноста да се остане смирен и да се гледаат нештата јасно кога се работи под притисок. “Кога сме способни да ги разбереме емоциите на вработените, тогаш можеме да го разбудиме најдоброто во нив“ - вели Колман. Особено високо ниво на ЕИ им е потребно на менаџерите.
„Ако имате улога на менаџер, 60 до 80% од вашето време ќе го поминувате помеѓу други луѓе. Способноста да се формираат позитивни односи е клучна. Работодавците и секој од кој се бара интеракција на работното место имаат поголеми шанси да креираат попријатна работна атмосфера ако не секогаш ги ставаат своите емоционални потреби пред оние на соработниците и вработените. Потребна е способноста за емпатија, паузирајте и обидете се да ја разберете перспективата на другиот, зошто се налутени или вознемирени. Да се биде смирен и со разговор да се реши една ситуација може да направи огромна разлика“ изјава дадена од професор Ноблет, професор на бизнис школо во Деакин, Австралија.
Како може да ја подобрите вашата ЕИ?
Првиот чекор е идентификување на сопствените емоции, нивно менаџирање и искажување на правилниот начин. Но најважно од се е пронаоѓање на мотивацијата.
„Мора вистински да сакате да работите напорно кога се работи за разбирање на чувствата на другите и нивната позиција во секоја една ситуација, секој кажан аргумент или расправија. Има многу бенефити на креирањето позитивни односи и врски. Луѓето со висока ЕИ не само што искусуваат задоволувачки интеракции и го намалуваат бројот на конфликтите, тие исто така се и добри тимски играчи и така, имаат поголеми шанси да се искачат на професионалната скала, за разлика од другите кои ќе бидат на другата страна.“ изјавува професорот Ноблет.