Промовирани огласи »

Во огромна конкуренција на реномирани македонски компании, телекомуникацискиот оператор Вип доби признание за успешно спроведена општествено одговорна практика за 2017 година. Признанието е доделено во категоријата “Однос кон вработените”, за потпишаниот Колективен договор помеѓу членовите на раководниот тим на компанијата и Синдикалната организација на оне.Вип.

Потпишаниот Колективен договор ја потврдува определбата на компанијата да го почитува правото на слобода на здружување и колективно договарање како и за подобрување на односите помеѓу вработените и менаџментот. Овој документ претставува темел за понатамошните заложби на двете страни за унапредување на релациите меѓу вработените и менаџментот се со цел да се овозможи здрав дијалог во креирањето на здрава работна средина.

Ова признание е уште една потврда дека Вип е компанија која ја негува корпоративната култура и континуирано работи на дијалогот помеѓу Синдикалната организација и менаџментот, со што ја потврдуваме и определбата за почитување на правото на здружување и колективно преговарање. Вип ќе продолжи да посветува внимание на правата на вработените, условите за работа и системите за унапредување и наградување и ќе работи на продлабочување на дијалогот со синдикалната организација, изјави Мислав Галер, Извршен директор на оне.Вип.

Колективниот договор подетално ги уредува правата и обврските на работодавецот и вработените, отсуствата од работа, плата и додатоци, откажување на договорот за вработување, начинот и постапката за утврдување на бројот и структурата на вишокот на вработени како и критериуми за унапредување.

По спојувањето на телекомункациските оператори ОНЕ и Вип во ново друштво оне.Вип во 2015 година, Синдикалната организација на ОНЕ (СОО) се пререгистрира во Синдикална организација на оне.Вип (СООВ) и како таков субјект од областа на синдикалното здружување делува како претставник на работниците во сите три компании (ОНЕ, Вип и Blizoo) кои ја сочинуваат новата компанија оне.Вип.

Манифестацијата Национална награда за најдобри општествено одговорни практики е во организација на Министерството за економија на Република Македонија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата, а се доделува десетта, јубилејна година по ред.

Промовирани огласи »

Според статистички прогнози на ЦИА, до 2050 година во Република Македонија ќе има за 4,4% помалку жители. 

Во Црна Гора ќе има за 7,9% помалку луѓе, во Хрватска за 7,7%, во  БиХ за 8,2%. Романија ќе се соочи со пад на населението за 8,2%, а во Грција бројот на жители ќе се намали за дури 10%. Најцрна прогноза ЦИА има направено за Србија, каде се предвидува дека ќе има дури 32,2%  помалку население. „Белата чума“ ја зафати цела Европа. Падот во Литванија ќе биде 37,6%, во Молдавија 44,1%, во Летонија 35,8%. Сегашниот мотор на ЕУ, Германија ќе има 12,8% помалку население. На оваа прогноза единствено Косово ќе има позитивен биланс во однос на останатите земји и тоа дури 17% повеќе граѓани.

Промовирани огласи »

Биткоинот денеска за прв пат се искачи на вредност од 10.000 долари. 

Пред само месец дена биткоинот вредеше 5.000 долари.

За еден биткоин утрово можеше да се добијат 10.035 долари на берзата „ЦЕКС“. 

Нил Вилсон, пазарниот аналитичар во компанијата „И-Ти-Екс капитал“ објаснува дека институционалните вложувачи и натаму ја држат дигиталната валута.

„Цените сигурно се „балон“ – луѓето купуваат само поради шпекулативни причини, а тогаш треба да бидете загрижени, затоа што тоа е потполно неодржлив „балон“- вели Вилсон.

Шефот на „ЏиПи Морган“ Џејми Димон тврди дека биткоинот е измама и дека поради глупости да го пушти во „оган“ секој што тргува со дигиталната валута.

Промовирани огласи »

Одговорните во Samsung изјавуваат дека се многу блиску до подобрување на нивните батерии, благодарение на откритието да користат графин наместо литиум, што моментално ги полни најголемиот дел од мобилните телефони и електрични возила.

Батеријата направена со овој вид материја ќе има поголем капацитет за 45% од литиум батеријата и ќе се надополнува за вкупно 12 минути, што е идеално за телефоните. Исто така, батеријата ќе е во можност да одржува стабилна температура од 60 степени Целзиусови, што е клучно за електричните возила. 

Одговорните од Samsung немаат специфицирано кога да ги очекуваме овие батерии во телефоните. Се што е познато е дека компанијата ги имплементирата во два патенти на нивната технологија. 

Прочитајте ја целосната вест на следниот линк: https://thenextweb.com/gadgets/2017/11/29/samsung-is-working-on-graphene-phone-batteries-that-could-charge-in-12-minutes/

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »