Според статистички прогнози на ЦИА, до 2050 година во Република Македонија ќе има за 4,4% помалку жители.
Во Црна Гора ќе има за 7,9% помалку луѓе, во Хрватска за 7,7%, во БиХ за 8,2%. Романија ќе се соочи со пад на населението за 8,2%, а во Грција бројот на жители ќе се намали за дури 10%. Најцрна прогноза ЦИА има направено за Србија, каде се предвидува дека ќе има дури 32,2% помалку население. „Белата чума“ ја зафати цела Европа. Падот во Литванија ќе биде 37,6%, во Молдавија 44,1%, во Летонија 35,8%. Сегашниот мотор на ЕУ, Германија ќе има 12,8% помалку население. На оваа прогноза единствено Косово ќе има позитивен биланс во однос на останатите земји и тоа дури 17% повеќе граѓани.