Промовирани огласи »

Идната година една од балканските земји ќе мора да „увезе“ 70 лекари. 

Станува збор за Хрватска. Откако оваа земја влезе во ЕУ, над 550 лекари заминале во странство и не се вратиле, потврдуваат од комората. 

Странските лекари најлесно ќе се вработуваат во средини кои не се атрактивни за хрватските лекари. 

Се поставува прашањето каде да се најдат лекари кои за 1000 евра ќе работат далеку, а за 50 или 100 км оттаму би заработиле два или три пати повеќе.

Промовирани огласи »

Владата направи нов чекор кон намалување на услугите на Катастарот со тоа што на завчерашната владина седница ја усвои информацијата на Агенција за катастар на недвижности за изменување и дополнување на Тарифникот за висина на надоместокот за повеќе услуги на катастарот. Со предложените измени, цените на услугите на Агенција за катастар на недвижности за различни услуги се намалуваат од 28 до 90 отсто. Претходно иницијативата за спуштање на цените ја водеше и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој најави до 50% пониски цени за граѓаните.

Врз основа на претходна анализа, заедно заклучивме дека постојат услови ова ветување да го реализираме без да го нарушиме финансирањето на Агенцијата за Катастар. Дополнително, во функција на децентрализирање на услугите, а со тоа и зголемување на нивната достапност, што несомнено е во интерес на граѓаните и компаниите, денес се согласивме дека е неопходно да вратиме дел од овластувањата на приватните геодетски фирми. Имено, наместо Агенцијата за катастар да има ексклузивно право за вршење на теренски работи за потребите на единиците на локална самоуправа и институциите на централната власт, заради забрзување на услугите праксата покажува дека е потребно таквите права и овластувања да ги имаат и приватните геодетски фирми, кои ќе ги исполнат неопходните услови изјави неодамна Сугарески.

Според замислата на министерот за транспорт и врски треба да се врати конкуренцијата меѓу Катастарот и приватните геодетски фирми за да се унапреди квалитетот на понудените услуги. Долната граница на цената на услугите треба да остане регулирана како и досега, додека горната цена на услугите ќе биде регулирана во согласност со пазарните услови.

Разговаравме и за ублажување на казнената политика и воведување на мерката опомена. Превземавме обврска да направиме одредени анализи и во најкус можен рок да излеземе со конкретен предлог кој повеќе ќе се темели на превентивни мерки и политики отколку казни по секоја цена кои беа форсирани од претходната влада. Наша цел не е да бидеме страховлада туку да останеме сервис на граѓаните и мотор на економскиот развој.Најавувам дека ваквите средби ќе станат редовна пракса бидејќи наша заедничка цел е унапредување на геодетската дејност во Република Македонија и нејзино прилагодување на потребите на граѓаните и институциите смета Сугаревски.

На ваквото намалување на цените на услугите на катастарот реагираше ВМРО-ДПМНЕ од каде тврдат дека на овој начин институцијата ќе банкротира.

Промовирани огласи »

Дигиталниот маркетинг се развива повеќе од било кога и стратегиите кои функционираат за вашиот бренд може да бидат бескорисни три месеци од сега. И покрај ова, постојат одредени маркетинг стратегии кои може да им се случат дури и искусните маркетери.

1. Прифатете го откажувањето преку аналитиките

Во денешното дигитално време, агилноста е многу важна. Брендовите мора да бидат подготвени да дадат чекор наназад доколку нивните моментални тактики не функционираат. 

Како да знаете дали не функционираат? Аналитики. Која содржина добива најмногу кликови. Како вашите потрошувачи се поврзуваат со вашата содржина? Кои кампањи се особено успешни, а кои не? 

Успешните брендови потребно е да направат две нешта

  • Водете сметка за аналитиките за да може да донесувате одлуки основани на проверени податоци
  • Бидете подготвени да ги отфрлите стратегиите кои не функционираат - со други зборови, не жртвувајте премногу и пробајте нови, креативни пристапи

2. Креирање содржина само поради „креирањето содржина“

Содржинскиот маркетинг е основата на секоја дигитална маркетинг стратегија, но тоа не значи дека треба да пишувате блог по блог само за да добиете видливост на брендот. 

Ако не ја креирате содржината со спефицична цел - да привлечете повеќе клиенти, да ја стабилизирате вашата креативност или за да ја зголемите продажбата на вашиот најнов продукт, на пример - вие само се вртите во место. Поставувањето на јасни цели ќе го води креирањето на вашата содржина, ќе ве поттикнува за добивање нови идеи, правилно таргетирање на вашата публика и на крајот, привлекување полојални клиенти. 

3. Игнорирање на вашите клиенти 

Многу се мали шансите дека ќе постои маркетинг тим или бренд кој доброволно ќе прифати дека ги игнорира своите клиенти.Меѓутоа, многу компании го прават тоа без да бидат свесни. Вашите клиенти ви кажуваат што најмногу им се допаѓа од вашиот дигитален маркетинг секој ден - преку аналитиките. Ако не ги прегледувате аналитките и се прилагодувате соодветно, тогаш губите многу вредна информација. 

Ако вашите потрошувачи се поврзуваат со вашиот бренд на социјалните медиуми, но вие не се поврзувате со нив, тогаш вие ги игнорирате вашите клиенти. Ако давате фидбек на кого не обрнувате внимание, вие ги игнорирате вашите клиенти. 

4. Не инвестирајте во вашиот e-mail маркетинг

Е-mail маркетингот е еден од најдобрите начини да „влезете во умот“ на вашиот потрошувач, единствено ако го работите правилно. Потребен е многу труд, особено на почетокот и многу брендови не инвестираат доволно време во овој маркетинг за да ги видат вистинските резултати. Постојат повеќе начини за да се поврзите со вашите клиенти преку мејл: 

  • Поставете еден мејл само за клиентите кои никогаш не купиле ваш производ/услуга
  • Креирајте друг мејл за да им се заблагодарите на клиентите кои веќе се поврзани со вашиот бренд
  • Создадете уште еден мејл за да ги охрабрите клиентите кои се претплатиле на вашите мејлови да ја посетат вашата веб страна и сл. 

Секој бренд прави привремени дигитални маркетинг грешки, но избегнувањето на поголемите може да ви заштеди квалитетно време и главоболки

Промовирани огласи »

Тимот на KARIERA.mk во соработка со Програмата за зголемување на пазарната вработливост - ИМЕ на Швајцарската Агенција за Развивање и Соработка, имплементирана од Свисконтакт и ПРЕДА Плус, организираат:

Работилница за поврзување на побарувачката и понудата на ИТ специјалисти

Голем број компании се соочуват со проблемот за пристап до соодветно квалификувани ИТ кадри. Оваа индустрија забележува доста интензивни промени во последните 10 години низ светот, а и во Македонија. Секојдневно се зголемува побарувачката на ИТ кадри, а капацитетот на креирање на истите во Македонија е лимитиран. Земајќи го ова во предвид, ИМЕ заедно со KARIERA.mk ја организираат оваа работилница на која ќе се изврши презентација на првичните наоди од анализата на понудата на услуги/продукти за регрутација на ИТ специјалисти, како и на моделите за поврзување и адаптација на овие услуги. 

Целта на работилницата е следнава:

  • Поврзување на различни чинители за нивен придонес кон надминување на јазот помеѓу побарувачка и понуда во ИТ кадрите
  • Дискусија за можностите за соработка и вмрежување
  • Разгледување на моменталните понуди
  • Понуда на програмите од едукативните институции

Работилницата ќе се одржи на 06.12 (среда), во Хотел Парк во Скопје со почеток од 10 часот. Доколку сте заинтересирани за учество контактирајте не на [email protected] или на 077 888 722.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »