Дигиталниот маркетинг се развива повеќе од било кога и стратегиите кои функционираат за вашиот бренд може да бидат бескорисни три месеци од сега. И покрај ова, постојат одредени маркетинг стратегии кои може да им се случат дури и искусните маркетери.
1. Прифатете го откажувањето преку аналитиките
Во денешното дигитално време, агилноста е многу важна. Брендовите мора да бидат подготвени да дадат чекор наназад доколку нивните моментални тактики не функционираат.
Како да знаете дали не функционираат? Аналитики. Која содржина добива најмногу кликови. Како вашите потрошувачи се поврзуваат со вашата содржина? Кои кампањи се особено успешни, а кои не?
Успешните брендови потребно е да направат две нешта:
- Водете сметка за аналитиките за да може да донесувате одлуки основани на проверени податоци
- Бидете подготвени да ги отфрлите стратегиите кои не функционираат - со други зборови, не жртвувајте премногу и пробајте нови, креативни пристапи
2. Креирање содржина само поради „креирањето содржина“
Содржинскиот маркетинг е основата на секоја дигитална маркетинг стратегија, но тоа не значи дека треба да пишувате блог по блог само за да добиете видливост на брендот.
Ако не ја креирате содржината со спефицична цел - да привлечете повеќе клиенти, да ја стабилизирате вашата креативност или за да ја зголемите продажбата на вашиот најнов продукт, на пример - вие само се вртите во место. Поставувањето на јасни цели ќе го води креирањето на вашата содржина, ќе ве поттикнува за добивање нови идеи, правилно таргетирање на вашата публика и на крајот, привлекување полојални клиенти.
3. Игнорирање на вашите клиенти
Многу се мали шансите дека ќе постои маркетинг тим или бренд кој доброволно ќе прифати дека ги игнорира своите клиенти.Меѓутоа, многу компании го прават тоа без да бидат свесни. Вашите клиенти ви кажуваат што најмногу им се допаѓа од вашиот дигитален маркетинг секој ден - преку аналитиките. Ако не ги прегледувате аналитките и се прилагодувате соодветно, тогаш губите многу вредна информација.
Ако вашите потрошувачи се поврзуваат со вашиот бренд на социјалните медиуми, но вие не се поврзувате со нив, тогаш вие ги игнорирате вашите клиенти. Ако давате фидбек на кого не обрнувате внимание, вие ги игнорирате вашите клиенти.
4. Не инвестирајте во вашиот e-mail маркетинг
Е-mail маркетингот е еден од најдобрите начини да „влезете во умот“ на вашиот потрошувач, единствено ако го работите правилно. Потребен е многу труд, особено на почетокот и многу брендови не инвестираат доволно време во овој маркетинг за да ги видат вистинските резултати. Постојат повеќе начини за да се поврзите со вашите клиенти преку мејл:
- Поставете еден мејл само за клиентите кои никогаш не купиле ваш производ/услуга
- Креирајте друг мејл за да им се заблагодарите на клиентите кои веќе се поврзани со вашиот бренд
- Создадете уште еден мејл за да ги охрабрите клиентите кои се претплатиле на вашите мејлови да ја посетат вашата веб страна и сл.
Секој бренд прави привремени дигитални маркетинг грешки, но избегнувањето на поголемите може да ви заштеди квалитетно време и главоболки.