Министерството за труд и социјална политика го објави календарот на неработни денови за 2018, согласно Законот за празници во РМ.
За сите граѓани на Република Македонија, неработни денови се:
- 1 јануари (понеделник), Нова Гoдина
- 7 јануари (недела), Божиќ, со што 8 јануари (понеделник) нема да се работи
- 9 април (понеделник), втор ден Велигден
- 1 мај (вторник), Ден на трудот
- 24 мај (четврток), Ден на сесловенските просветители
- 15 јуни (петок), прв ден на Рамазан Бајрам
- 2 август (четврток), Ден на Републиката
- 8 септември (сабота), Ден на независноста
- 11 октомври (четврток), Ден на народното востание
- 23 октомври (вторник), Ден на македонската револуционерна борба
- 8 декември (сабота), Св. Климент Охридски
Неработни денови за граѓаните од православна вероисповед:
- 6 јануари (сабота), Бадник
- 19 јануари (петок), Богојавление
- 6 април (петок), Велики петок
- 25 мај (петок), Духовден
- 28 август (вторник), Голема Богородица
Неработни денови за граѓаните од католичка вероисповед:
- 2 април (понеделник), втор ден Велигден
- 1 ноември (четврток), Денот на сите светци
- 25 декември (вторник), Божиќ
Неработни денови за граѓаните од муслиманска вероисповед
- 21 август (вторник), Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
- 22 ноември (четврток), Ден на албанската азбука
За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
- 27 јануари (сабота), „Свети Сава“
За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
- 8 април (недела), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
- 23 мај (среда), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
- 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
- 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
- 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик