Глобалниот институт Мекинси во истражување спроведено во 46 земји и за 800 различни професии утврди дека роботската автоматизација ќе влијае на петтина од глобалната работна сила.
Се наведува дека третина од работната сила во побогатите земји како Германија и САД ќе мора да се преквалификуваат за други работни места.
Најмногу ќе трпат оние кои во моментот управуваат со машини и работниците вработени во прехранбената индустрија. Сиромашните земји кои имаат помалку пари за вложување во автоматизација нема да почувствуваат големо влијание.
Во Индија роботите ќе заменат близу 9 отсто од работниците. Авторите на истражувањето тврдат дека автоматизацијата ќе ги загрози хипотекарните брокери, сметководителите и останатите службеници во канцеларија.
Професиите кои бараат човечка интеракција, како лекари, адвокати, учители и бармени се помалку подложни на автоматизацијата.
Специјализираните помалку платени работни места како градинарство, водоинсталатерски работи и работа на одржување исто така послабо ќе бидат погодени од автоматизацијата.
Во развиените земји ќе се зголеми потребата за универзитетско образование, затоа што изборот на професии кои бараат пониско образование ќе се намалат.
Само во САД до 2030 година автоматизацијата ќе влијае на 39 до 73 милиони луѓе, со тоа што 20 милиони работници лесно ќе се префрлат во други индустрии.
Во Велика Британија во истиот период ќе бидат автоматизирани 20 отсто од моменталните работни места.