Промовирани огласи »

Кога одбирате кариера имате многу одлуки за донесување. Сакате да одберете работа во која ќе можете да бидете успешни за годините кои доаѓаат. Додека можете да одберете кариера, додека го правите тоа може да трошите многу труд. Полесно е ако не морате да го правите тоа многу често. Тоа значи дека треба да одберите работа која не само што одговара за Вас, туку и да ве поддржува финансиски. Зголемете си ги шансите на донесување добра одлука со одбегнување на овие многу чести грешки.

  • Слушање што ви кажуваат луѓето што да правите или не 

Многу луѓе ќе мислат дека можат да си дозволат да споделуваат мислење за вашата кариера, пријатели или партнерот, што е погрешно. Во повеќете случаи, вашата одлука ќе има минимален ефект врз животот на другите луѓе. Вие сепак, ќе треба да се соочувате со изборите кои ги правите и одлуките кои ги донесувате. Осигурете се дека кариерата која ја одбирате е нешто на кое ќе сакате да го потрошите денот. 

  • Следење на постапките на некој друг

Може да чувствувате притисок дека мора да бидете дел од бизнисот во кој се вашите родители или дејностите во кои тие работат. Запомнете, изборите на вашите родители се нивни, вие имате право на нов избор. Она што е правилно за нив, не значи дека е и за нив. На долг рок, постојат добри шанси дека ќе бидете посреќни во нешто што е сосема неповрзано со нивните кариери.

  • Некомуницирање со оние кои имаат познавања

Ако ја пропуштите шансата да разговарате со некого кој моментално работи во секторот за кој сте заинтересирани, може да ве чини многу. Овие луѓе може да ви ја прикажат вистинската слика за работењето во тој сектор и доколку е возможно, зборувајте со повеќе луѓе за да не добиете субјективни мислења.

  • Парите, единствена цел

Заработувањето е клучен дел од работењето, но големината на заработката не е најдобар показател за задоволството од работата. Со други зборови, може да заработувате милиони, но ако ја мразите работата, тешко е да уживате во плодот. Барајте баланс помеѓу заработувањето за да се издржувате и работа која ве исполнува. 

  • Игнорирање на себеси

Вашиот карактер, интересите, вредностите и принципите ве прават подобри кандидати за одредени работни позиции отколку за други. Овие карактерни особини се дел од вас и нивното менување може да ви одземе многу време. Ако не ги земете во предвид кога одбирате кариера, постои огромна шанса да завршите со работно место кое не ви одговара. 

Промовирани огласи »

Дали основачот и извршен директор на Tesla and SpaceX би можел да биде и креаторот на најголемата криптовалута?

Една од најголемите мистерии околу биткоин – криптовалутата која само што надмина вредност од 10 000 долари – е тоа кој всушност ја создаде оваа криптовалува. Сатоши Накамото е наведен како автор на оригиналниот труд кој го опиша биткоин, но не постои вистинска личност или група на луѓе кој се има јавно изјаснето дека е Накамото.

Пред неколку дена, Сахил Гупта, кој стажирал како софтверски инженер во SpaceX, напиша статија во Medium аргументирајќи дека Сатоши Накамото е никој друг, туку Илон Маск, пишува Entrepreneuer.

Неговите докази со кои тој ја поддржува својата теза не се конретни, но прават некаква логика. Имено, оригиналниот труд со кој беше опишан биткоин во 2008 година е напишан од некој со длабоко разбирање во економија и криптографија, познавања кои Маск ги поседува според Гупта. Маск исто така одлично го владее програмскиот јазик С++, јазикот во кој беше напишан и биткоин, додал Гупта.

Искуството на страна, Илон е самоук полимат или човек со широко знаење и мудрост. Тој постојано иновира интердисциплинарно преку читање на книги за некоја тема и применувајќи го знаењето кој го стекнал. На овој начин тој изгради ракети, го измисли Hyperloop (кој прво го објави во труд), а можеби го измислил и биткоин, пишува Гупта.

Гупта исто така посочува кон еден твит на Маск од 2014 година.

Еден од најинтересните аргументи на Гупта како што пишува Entrepreneuer е тоа што според него, Сатоши Накамото е псевдоним кој истовреме е анаграм и звучи ‘So a man took a shit’ (Satoshi Nakamoto) што тотално одговарало на природата на Маск.

Ова не се доволно докази, но дефинитивно станува збор за интересна хипотеза.

Промовирани огласи »

24 годишниот Филип Штаклев од Скопје веќе три години работи во една од најбогатите земји на светот, Катар и за читателите на Фактор раскажува како е да се работи во оваа далечна земја.

Штаклев по вокација е геодет со завршено средно стручно училиште, но во Катар работи нешто сосема друго. Вели дека во Катар е лесно да се најде работа, може да се напредува, а катарските работодавци иако звчу расистички, сепак сакаат бели луѓе, односно оние работници кои потекнуваат од Европа за нив се кадар кој сакаат да го задржат.

Скоро 3 години сум тука, лета времето, како вчера да беше кога дојдов и бев цел збунет. Работам во хотел Ritz Carlton, започнав како спасител на плажа, а скоро бев унапреден во „Агент за гости”.Да бидам искрен не ми беше воопшто планирано, тогаш одев во средно сèуште. Бев неколку месеци пред завршување, а понудата ја добив од Црвен Крст на Македонија. Дојдов заради промена, искуство и нормално повисока заработка – вели Штаклев.

Овој млад човек вели дека може солидно да се работи во Катар, со оглед на тоа што платите се од 600 евра па нагоре.

Зависно од која позиција од 600евра па нагоре, со оглед на тоа што сè е платено од компанијата. Тука според закон компанијата која те повлекува мора да ти обезбеди сместување, превоз од и до работа, храна и авионска карта. Ценат услуга за тоа најдобро знам затоа што работам во хотел.

На сопствениците и менаџерите им е многу важно гостинот да замине среќен од хотелот, па затоа и имаме редовни тренинзи за услуга и комуникација со VIP гости. Искрено многу е поразлично од нашиот менталитет и тоа како ние живееме, но сепак би ги советувал сите што имаат можност да дојдат и да искусат нешто поразлично и да стекнат ново искуство во животот – раскажува Штаклев.

Засега немa точно дефинирани планови каде себе си се гледа во иднина, дали ќе се врати во земјава или останува во странство.

„Многу пати сум размислувал на таа тема кога ке ме фати носталгија за дома, но сепак во скоро време не ми е во план да се вратам за понатаму ке видиме како ке се одвиваат работите“ – вели тој.

Во споредба со другите арапски земји, Катар со години е во многу подобра економска состојба, а тоа се гледа и со ниската стапка на невработеност која достигнуваше и до 0.4%, или 0.6%.

Во вториот квартал од 2017 година невработеноста им е 0.10%.

Извор: faktor.mk

Промовирани огласи »

Глобалниот институт Мекинси во истражување спроведено во 46 земји и за 800 различни професии утврди дека роботската автоматизација ќе влијае на петтина од глобалната работна сила.

Се наведува дека третина од работната сила во побогатите земји како Германија и САД ќе мора да се преквалификуваат за други работни места.

Најмногу ќе трпат оние кои во моментот управуваат со машини и работниците вработени во прехранбената индустрија. Сиромашните земји кои имаат помалку пари за вложување во автоматизација нема да почувствуваат големо влијание.

Во Индија роботите ќе заменат близу 9 отсто од работниците. Авторите на истражувањето тврдат дека автоматизацијата ќе ги загрози хипотекарните брокери, сметководителите и останатите службеници во канцеларија.

Професиите кои бараат човечка интеракција, како лекари, адвокати, учители и бармени се помалку подложни на автоматизацијата.

Специјализираните помалку платени работни места како градинарство, водоинсталатерски работи и работа на одржување исто така послабо ќе бидат погодени од автоматизацијата.

Во развиените земји ќе се зголеми потребата за универзитетско образование, затоа што изборот на професии кои бараат пониско образование ќе се намалат.

Само во САД до 2030 година автоматизацијата ќе влијае на 39 до 73 милиони луѓе, со тоа што 20 милиони работници лесно ќе се префрлат во други индустрии.

Во Велика Британија во истиот период ќе бидат автоматизирани 20 отсто од моменталните работни места.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »