Промовирани огласи »

24 годишниот Филип Штаклев од Скопје веќе три години работи во една од најбогатите земји на светот, Катар и за читателите на Фактор раскажува како е да се работи во оваа далечна земја.

Штаклев по вокација е геодет со завршено средно стручно училиште, но во Катар работи нешто сосема друго. Вели дека во Катар е лесно да се најде работа, може да се напредува, а катарските работодавци иако звчу расистички, сепак сакаат бели луѓе, односно оние работници кои потекнуваат од Европа за нив се кадар кој сакаат да го задржат.

Скоро 3 години сум тука, лета времето, како вчера да беше кога дојдов и бев цел збунет. Работам во хотел Ritz Carlton, започнав како спасител на плажа, а скоро бев унапреден во „Агент за гости”.Да бидам искрен не ми беше воопшто планирано, тогаш одев во средно сèуште. Бев неколку месеци пред завршување, а понудата ја добив од Црвен Крст на Македонија. Дојдов заради промена, искуство и нормално повисока заработка – вели Штаклев.

Овој млад човек вели дека може солидно да се работи во Катар, со оглед на тоа што платите се од 600 евра па нагоре.

Зависно од која позиција од 600евра па нагоре, со оглед на тоа што сè е платено од компанијата. Тука според закон компанијата која те повлекува мора да ти обезбеди сместување, превоз од и до работа, храна и авионска карта. Ценат услуга за тоа најдобро знам затоа што работам во хотел.

На сопствениците и менаџерите им е многу важно гостинот да замине среќен од хотелот, па затоа и имаме редовни тренинзи за услуга и комуникација со VIP гости. Искрено многу е поразлично од нашиот менталитет и тоа како ние живееме, но сепак би ги советувал сите што имаат можност да дојдат и да искусат нешто поразлично и да стекнат ново искуство во животот – раскажува Штаклев.

Засега немa точно дефинирани планови каде себе си се гледа во иднина, дали ќе се врати во земјава или останува во странство.

„Многу пати сум размислувал на таа тема кога ке ме фати носталгија за дома, но сепак во скоро време не ми е во план да се вратам за понатаму ке видиме како ке се одвиваат работите“ – вели тој.

Во споредба со другите арапски земји, Катар со години е во многу подобра економска состојба, а тоа се гледа и со ниската стапка на невработеност која достигнуваше и до 0.4%, или 0.6%.

Во вториот квартал од 2017 година невработеноста им е 0.10%.

Извор: faktor.mk

Промовирани огласи »

Глобалниот институт Мекинси во истражување спроведено во 46 земји и за 800 различни професии утврди дека роботската автоматизација ќе влијае на петтина од глобалната работна сила.

Се наведува дека третина од работната сила во побогатите земји како Германија и САД ќе мора да се преквалификуваат за други работни места.

Најмногу ќе трпат оние кои во моментот управуваат со машини и работниците вработени во прехранбената индустрија. Сиромашните земји кои имаат помалку пари за вложување во автоматизација нема да почувствуваат големо влијание.

Во Индија роботите ќе заменат близу 9 отсто од работниците. Авторите на истражувањето тврдат дека автоматизацијата ќе ги загрози хипотекарните брокери, сметководителите и останатите службеници во канцеларија.

Професиите кои бараат човечка интеракција, како лекари, адвокати, учители и бармени се помалку подложни на автоматизацијата.

Специјализираните помалку платени работни места како градинарство, водоинсталатерски работи и работа на одржување исто така послабо ќе бидат погодени од автоматизацијата.

Во развиените земји ќе се зголеми потребата за универзитетско образование, затоа што изборот на професии кои бараат пониско образование ќе се намалат.

Само во САД до 2030 година автоматизацијата ќе влијае на 39 до 73 милиони луѓе, со тоа што 20 милиони работници лесно ќе се префрлат во други индустрии.

Во Велика Британија во истиот период ќе бидат автоматизирани 20 отсто од моменталните работни места.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика го објави календарот на неработни денови за 2018, согласно Законот за празници во РМ.

За сите граѓани на Република Македонија, неработни денови се:

  • 1 јануари (понеделник), Нова Гoдина
  • 7 јануари (недела), Божиќ, со што 8 јануари (понеделник) нема да се работи
  • 9 април (понеделник), втор ден Велигден
  • 1 мај (вторник), Ден на трудот
  • 24 мај (четврток), Ден на сесловенските просветители
  • 15 јуни (петок), прв ден на Рамазан Бајрам
  • 2 август (четврток), Ден на Републиката
  • 8 септември (сабота), Ден на независноста
  • 11 октомври (четврток), Ден на народното востание
  • 23 октомври (вторник), Ден на македонската револуционерна борба
  • 8 декември (сабота), Св. Климент Охридски

Неработни денови за граѓаните од православна вероисповед:

  • 6 јануари (сабота), Бадник
  • 19 јануари (петок), Богојавление
  • 6 април (петок), Велики петок
  • 25 мај (петок), Духовден
  • 28 август (вторник), Голема Богородица

Неработни денови за граѓаните од католичка вероисповед:

  • 2 април (понеделник), втор ден Велигден
  • 1 ноември (четврток), Денот на сите светци
  • 25 декември (вторник), Божиќ

Неработни денови за граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 21 август (вторник), Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

  • 22 ноември (четврток), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

  • 27 јануари (сабота), „Свети Сава“

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

  • 8 април (недела), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

  • 23 мај (среда), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

  • 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

  • 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

  • 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик

Промовирани огласи »

Семејна пензија ќе има и за лицата со попреченост, истакна министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Во изминатиот период покажавме дека само со дискусија и со насочување на финансиските средства кон лицата со попреченост и нивните потреби можеме да направиме итни промени, истакна министерката за труд и социјална политика Мила Царовска пред почетокот на меѓународната конференција „Механизми и структури за имплементација и за следење на имплементацијата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост – искуства од регионот“ во организација на Националното координативно тело за еднакви права на лица со инвалидност во Република Македонија.

Таа посочи дека во Законот за социјална заштита веќе регулирале одредените работи, а во собраниска процедура веќе е Законот за пензиско и инвалидско осигурување каде дозволуваат семејна пензија кај лица со попреченост кои некогаш имале активен работен однос, затоа што досега немаа право на семејната пензија.

Знаеме дека здравствената состојба не се подобрува, се влошува и затоа тие треба да имаат право да ја наследат семејната пензија. Навистина е важно дека како ресорно Министерство во делот на социјална заштита, пензии…ќе правиме максимум што можеме, но тука сме да дискутираме и дека во секое линиско Министерство ни е потребен човек одговорен што ќе ги имплементира и здравствените, инфраструктурните, образовните политики за да го добиеме пакетот на услуги и сервиси кои се потребни за оваа група граѓани, рече Царовска.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »