Некои работи што ги правите без многу размислување навистина ве осиромашуваат без да го почувствувате тоа. Сепак буџетот кој го имате е само ваш и треба да го користите како што вие сметате дека треба.
Eве неколку работи кои неосетно ве прават сиромашни:
Не ја распределувајте платата, пред да почнете да ја трошите
Ова е една од причините поради кои секогаш си го поставувате прашањето: каде отидоа парите. Штом добиете плата, секогаш ја распоредувате. Издвојувате за заштеди, за сметки, за плаќања по кредити, за храна, за транспорт, итн.
Секогаш купувате импулсивно
Шопингот како терапија не е лошо нешто, но понекогаш ни станува навика да трошиме импулсно – т.е. купуваме работи кои не ни требаат. Ако вашето купување не е итно, одложете го за друг ден. Ќе забележите како овој чекор позитивно влијае врз финансиите.
Не си земате храна од дома за канцеларија
Не е лошо, дека јадете надвор, но ако сакате да заштедите средства, чувствувајте се слободни да пројавите креативност дома и да си донесете вкусен ручек во канцеларијата.
Користите такси, кога може да дојдете и пеш
Ако местото каде сте се упатиле, е во близина, прошетајте се. Престанете да користите такси по секоја пригода. Ќе си заштедите доста средства.
Се лишувате премногу
Ако сте премногу под стрес за работата и парите, тоа се одразува врз вашето физичка и ментална состојба. Освен тоа и врз вашиот емотивен свет. Се стремиме да се раководите од буџетот, да не излегувате од него и покрај тоа да продолжите да се радувате на заработеното. Дајте си оддишка и подарете си уживање, кога можете да си го дозволите тоа. Знаете дека заслужувате.