Џош Бечтер (Josh Bechter) има многу титули. Закотвен е на листата милениумски инфлуенсери кои треба да се следат во 2018 година, а е еден од најпопуларните автори на социјалните мрежи/сајтови како што се “Quore” и “LinkedIn”. Покрај сето тоа, коосновач е на BAMF Media, учесник на “Growth Agency” и говорник. Јасно е дека знае како да креира содржина така што ќе привлече и влијае на публиката, и како да направи паметни потези во кариерата и работата.
Неодамна објави пост на LinkedIn , кој ви го пренесуваме како одличен бизнис (но и животен) совет:
„Една жена ми пиша порака преку LinkedIn. Сакаше бизнис совет. Подоцна и во живо разговаравме, и ми рече: „Се наоѓам на крстопат. Би сакала да основам своја компанија, но имам понуда да работам во областа на недвижнини“.
Ја прашав: „Што се предностите на едното и другото?“, а таа одговори: „Луѓето ми говорат дека би била одлична во бизнис со недвижнини.“
Ја прекинав и ѝ раскажав една случка.
***
Кога почнав со пишувањето, сите мои пријатели и семејството ми се смееја со години. И не ги обвинувам, бев одличен писател. Ми говореа дека треба да се занимавам со финансии, да студирам право..Не ги послушав. Дури и кога ја објавив првата книга, не ме сфатија сериозно.
Беа потребни пет години, над илјада текстови, и три книги, пред воопшто да почнам да стекнувам лојална публика и ја заслужив нивната почит.
И вредеше. Затоа што го сакам пишувањето. Не би го менувал за ништо на светот.
***
И потоа и реков: „Она во што веруваш ти да можеш да станеш далеку се разликува од она во што веруваат другите. Најдобрата работа која можеш да ја направиш на прво место, да си веруваш себе си.
Што ти вели твојот инстинкт дека треба да направиш со својот живот?“
Не одговори. Но, двајцата го знаевме одговорот.
Не е моја работа да и кажувам кој пат да го избере. Ниту тоа е работа на нејзиното семејство и пријатели.
Тоа е нејзин избор. Веќе ја знаеше вистинската одлука. Не направив ништо. Само ја потсетив.“