Во тек е последниот месец од годинава и празниците веќе се ближат. Но, за нештата да функционираат правилно во бизнисот во 2018та, треба да почнете со планирање сега. Дали сакате уште една обична година или нешто повеќе? Што е тоа што би можело да се случи во новата? Вработување на луѓе? Развој на нов производ? Подобрување на стратегиите? Одберете неколку карактеристики и работете на нив додека траат празниците. Може да искористите некои од следниве предлози:
Развој на продажни стратегии
Развијте нови продажни стратегии за вашиот бизнис во 2018та. Што е тоа што ќе го нудите како главен производ на пазарот? Како ќе генерирате насоки и како ќе ги квалификувате? Дали ќе вработите личност за продажба оваа година? Дали имате e-mail кампања? Создадете заедно со вашиот тим еден буџет кој ќе ви помогне да се имплементираат новите продажни стратегии.
Обновете ја вашата веб страна
Вашиот сајт е вашата прва продажна алатка и се повеќе луѓе пристапуваат кон него преку мобилните телефони. Потребно е да се осигурате дека вашата страна е едноставна и поврзувачка на мобилен. Погледнете ја навигацијата - колку избори имаат клиентите, која е брзината итн. Набљудувајте ги и аналитиките на Google за да ја забележите вашата најпопуларна содржина и доколку постои можност, да ја подобрите.
Поврзете се со клиентите
Колку често се слушате со вашите клиенти? Понекогаш, магијата се случува токму преку телефон, особено ако се обидувате да изградите пријателство со вашите клиенти. Бидете во контакт со нив, можете многу да добиете.
Инвестирајте во он-лајн реклами
Промовираните реклами моментално се неопходен метод на маркетинг. Секогаш тестирајте ги вашите кампањи, па потоа инвестирајте во подолги кампањи.
Прегледајте ги резултатите од 2017та
Кој приход е остварен, а колку е профитабилноста? Каков е сообраќајот на страната? Која содржина е најмногу споделувана? Кои се најдобрите клиенти? Дали е потребно обновување на брендот? Креирајте листа на успеси и листа на работите кои излегле од колосек. Процесот ќе ви помогне да размислете за она што може да го направите подобро и да ги поставите целите за вашиот мал бизнис за 2018та година.