Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи денеска ќе го промовира проектот за поедноставување на процедурите за пријавување и плаќање на персоналниот данок на доход за даночни обврзници – физички лица. Проектот се имплементираше во изминатата година и е финансиран од ЕУ во вредност од 98.530 евра.

Од УЈП сметаат дека проектот ќе овозможи поедноставување на процедурите за пријавување и плаќање на персоналниот данок на доход за фирмите и за граѓаните.

Фокусот на проектот е намалување на административниот товар и трошоците за пресметка и плаќање на даноците, зголемување на даночната ефикасност и следењето на наплатата на персоналниот данок на доход.

Во рамките на проектот развиени се нови веб базирани и кориснички ориентирани даночни услуги „е-Персонален данок на доход“ за пријавување и плаќање на персонален данок на доход од страна на граѓаните и фирмите и зајакнати се капацитетите на Управата за јавни приходи за одржување и понатамошен развој на системот.

Со новиот софтверски систем „е-Персонален данок на доход“ ќе се овозможи следење во реално време на пресметките и плаќањето на персоналниот данок на доход за физички лица од аспект на приходите остварени по сите основи, како и подобро планирање на јавните финансии за државните органи, што се планира да се имплементира во јануари 2018 година по усвојувањето на измените на Законот за персонален данок на доход.

Преку системот e-pdd.ujp.gov.mk ќе се овозможи издавање на пополнета Годишна даночна пријава од страна на УЈП во 2019 година за приходите кои граѓаните ги оствариле во 2018 година.

Промовирани огласи »

За жал колегите не можеме да си ги избереме како што ги избираме нашите пријатели. Токму поради тоа, канцеалриите најчесто се со мешана содржина - и мажи и жени во иста просторија. Мажите имаат неколку замерки за женските колешки па ги споделија со KARIERA.mk, а наша должност е да ви ги пренесеме и на вас :)

Гласно зборување на телефон

Ова за сите мажи е хорор. Посебно во понеделник наутро, кога треба да го раскажете својот бурен викенд на најдобрата другарка или колешката до вас. Мажите мразат гласно зборување за лични работи на работното место.

Јака шминка

Повеќето од мажите сметаат дека жените на работа треба да изгледаат убаво и средено но и природно во исто време. Многу од нив се изнасниле дека не сакаат да ги видат своите колешки со темен кармин и тапирана коса, но речиси 90% кажале дека е пријатно за очи нивните колешки да носат штикли.

Не средени нокти

Ова е апсолутно не прифатено за секоја жена. Токму заради тоа и мажите гласале дека е навистина лошо кога ќе здогледаат нокти од нивната колешка кои се не средени или уште полошо изгрицкани и нечисти.

Доцнење

Повеќето од мажите се на време, бидејќи немаат на што да потрошат време наутро. Затоа многу ги иритира доцнењето на работа од женските колешки, посебно ако ја земате истата плата.

Промовирани огласи »

Во тек е последниот месец од годинава и празниците веќе се ближат. Но, за нештата да функционираат правилно во бизнисот во 2018та, треба да почнете со планирање сега. Дали сакате уште една обична година или нешто повеќе? Што е тоа што би можело да се случи во новата? Вработување на луѓе? Развој на нов производ? Подобрување на стратегиите? Одберете неколку карактеристики и работете на нив додека траат празниците. Може да искористите некои од следниве предлози:

Развој на продажни стратегии

Развијте нови продажни стратегии за вашиот бизнис во 2018та. Што е тоа што ќе го нудите како главен производ на пазарот? Како ќе генерирате насоки и како ќе ги квалификувате? Дали ќе вработите личност за продажба оваа година? Дали имате e-mail кампања? Создадете заедно со вашиот тим еден буџет кој ќе ви помогне да се имплементираат новите продажни стратегии. 

Обновете ја вашата веб страна 

Вашиот сајт е вашата прва продажна алатка и се повеќе луѓе пристапуваат кон него преку мобилните телефони. Потребно е да се осигурате дека вашата страна е едноставна и поврзувачка на мобилен. Погледнете ја навигацијата - колку избори имаат клиентите, која е брзината итн. Набљудувајте ги и аналитиките на Google за да ја забележите вашата најпопуларна содржина и доколку постои можност, да ја подобрите. 

Поврзете се со клиентите 

Колку често се слушате со вашите клиенти? Понекогаш, магијата се случува токму преку телефон, особено ако се обидувате да изградите пријателство со вашите клиенти. Бидете во контакт со нив, можете многу да добиете. 

Инвестирајте во он-лајн реклами 

Промовираните реклами моментално се неопходен метод на маркетинг. Секогаш тестирајте ги вашите кампањи, па потоа инвестирајте во подолги кампањи. 

Прегледајте ги резултатите од 2017та

Кој приход е остварен, а колку е профитабилноста? Каков е сообраќајот на страната? Која содржина е најмногу споделувана? Кои се најдобрите клиенти? Дали е потребно обновување на брендот? Креирајте листа на успеси и листа на работите кои излегле од колосек. Процесот ќе ви помогне да размислете за она што може да го направите подобро и да ги поставите целите за вашиот мал бизнис за 2018та година. 

Промовирани огласи »

Што направивте на последното интервју освен што го испринтавте вашето cv и се појавивте на закажаниот термин? Во ред, можеби и се нашминкавте и ја исфениравте вашата коса,или пак ја испеглавте кошулата со рабови. Сепак тоа не е доволно за да добиете позиција која толку многу ја посакувавте!

KARIERA.mkви предлага неколку стратегии кои може да ги примените наредниот пат:

Немојте да бидете премногу пребирливи

Аплицирањето за ново работно место е слично како и аплицирањето за факултет, каде што имате прв избор на факултет и неколку дополнителни можности во случај да не успеете во оригиналната замисла. Па, направете листа од работните места за кои навистина сонувате, но и оние за кои ви изгледа дека сигурно ќе можете да ги добиете.

Средете ги профилите на социјалните мрежи

Погледнете ги првите неколку страни со ваши фотографии на социјалните мрежи и отстранете го сето она што би можело да се смета како непрофесионално.

Истражувајте доколку е неопходно

Утврдете дали имате врска со кој било во компанијата каде што конкурирате за работа користејќи Linkedin. Можеби ќе ви биде од корист доколку најдете некој што ќе може да ви помогне при одговарањето на прашањата на интервјуто.

Заблагодарете се

Испратете порака за да се заблагодарите истиот ден после разговорот. Нека биде именувана и лична. Не ви е потребно повеќе од еден до два реда за да ја направите пораката едноставна.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »