Промовирани огласи »

Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во централна и источна Европа, ја освои наградата за Европска авиокомпанија на годината – Aviation 100.

Наградата ја прими Оуин Џонс, главен директор за корпорации на Wizz Air, на Airline Economics Growth Frontiers конференција и свечената гала-вечер одржана во Лондон.

Aviation 100 ја пофали Wizz Air за извонредната година на раст, во која компанијата доби рекордни броеви на патници и дополнително ја прошири својата мрежа.

Ние сме горди што ја добиваме оваа престижна награда, што уште еднаш потврдува дека Wizz Air е одличен бизнис, како и одлична авиокомпанија. 2017 година беше многу возбудлива година за Wizz Air, бидејќи остваривме неверојатен раст од над 24% и рекорден број на патници кои ја зголемија нашата мрежа до преку 550 правци низ 43 земји и воведовме бројни иновативни подобрувања на искуството на нашите клиенти, изјави Џонс при примањето на наградата.

Тој уште најави дека авиопревозникот нарачал и дополнителни 146 авиони од типот Airbus А320 и во 2018 година ќе бидат исклучиво посветени на корисничкото искуство и стимулирање на побарувачката.

Промовирани огласи »

Основачот на криптовалутата Биткоин Сатоши Накамото за некоја година има шанси да биде првиот трилионер во светот и да ги надмине најбогатите луѓе на планетата како Стив Џобс, Џеф Безос и Карлос Слим со тоа што неговото богатство ќе достигне неверојатна сума од 100 милијарди долари.

Сатоши Накамото е инаку само псевдоним кој е искористен во 2008 година при давањето предлог за формирање на електронска валута со директна врска од корисник до корисник што подоцна прерасна во биткоин. 

Никој не го знае вистинскиот идентитет на Сатоши Накамото чие богаство сега се проценува на 17 милијарди долари. Тој поседува 1 милион биткоини, па не е чудно и ако дел од тие средства ги искористи за нови инвестиции. 

Досега за четворица богаташи и иноватори се претпоставуваше дека се основачи на биткоинот меѓу кои и ексцентричниот технолошки визионер Илон Маск, но тој ги негираше сите шпекулации.

Промовирани огласи »

Од туризам до сезони на празнични шопинзи, многу мали бизниси искусуваат еден вид на сезона во нивните бизниси. Всушност, близу половина од сопствениците на мали бизниси пријавиле дека имаат предвидливи периоди од годината каде нивниот бизнис е значајно подобар или не од останатите периоди во годината. Разликите во сезоните го прават тежок за менаџирање профитот низ цела година. Многу често, во случај на огромни варијации во приходите, моменталниот профит може да биде погрешно менаџиран. 

Постојат повеќе стратегии за успешно менаџирање на сезонскиот профит и различните стратегии функцнионираат различно за секој бизнис, но постои една која е прифатлива за сите - одржување на прогноза за дотокот на пари. Оваа прогноза ќе води сметка за текон на одливите и приливите на пари за да може да се предвиди колку пари ќе се има од месец за месец во текот на наредната година. 

Четири карактеристики кои треба да ги имате во предвид кога се работи за прогнозата: 

1. Знаете ги вашите сезони на работење

Ако сте сопственик на сезонски бизнис, првиот чекор е идентификување на вашите успешни и слаби сезони. Важно е да бидете реални со вашите предвидувања, затоа осигурете се дека нема да ги прецените или потцените приходите или расходите. Ако веќе имате сигурен бизнис, најдоброто место за почеток е поглед во архивата и изолирање на месеците со високи приходи и ниски трошоци и обратно. 

2. Водете сметка за варијабилните трошоци

Фиксните трошоци, како плаќањето на киријата или сметките, се лесни за паметење и вклучени во вашата прогноза, но варијабилните трошоци не секогаш ни се на ум. Од даноци, до осигурувања, до различни непредвидливи трошоци, постојат многу важни варијабилни трошоци кои потребно е да бидат дел од вашата прогноза. Планирањето за овие трошоци само ќе ви помогне на долг рок. 

3. Активно менувајте ја прогнозата

За да го оддржите вашиот прилив на пари и прогнозата за истиот на стабилно ниво, креирајте 12 месечен план и обврзете се да го менувате на крајот на секој месец. Додавајте нов месец на крајот на секој месец за да имате целосна слика за финансиското здравје на вашиот бизнис. На овој начин, сопствениците може да ги предвидат сите регуларности или нерегуларности во бизнисот и да го искористат периодот кога е успешен бизнисот и да паузираат ако статистиките кажуваат друго. 

Промовирани огласи »

Србија има одлични услови за производство на ореви и спаѓа во 15 најголеми производители на светот. 

Но, многумина пропуштаат шанса да се занимаваат со еден ваков профитабилен бизнис. 

Истото се однесува и за лешниците кои можат да се одгледуваат масовно. 

По десет години од садењето инвестицијата се враќа, а откако ќе поминат 15 години може да се заработат по 20.000 евра од хектар. 

Денес постојат модерни сорти кои имаат висока родност. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »