Промовирани огласи »

Досега 71.524 Македонци побарале бугарско државјанство. Ова го изјави заменик-претседателот Илиана Јотова во Скопје, објави БГНЕС.


Од почетокот на мандатот на претседателот Румен Радев, кој стапи на функција во јануари оваа година, 1.184 Македонци добиле бугарско државјанство, рече потпретседателката Јотова за време на состанокот во бугарската амбасада во Република Македонија.

Таа вети дека во блиска иднина системот за стекнување бугарско државјанство ќе биде олеснет. Ви ветувам дека во најскоро време ќе се олесни процедурата за добивање бугарско државјанство, рече таа.

Таа изјави дека меѓу приоритетите на бугарско претседавање со ЕУ се изградбата на Коридорот 8, отворањето нови гранични премини со Македонија, како и модернизација на веќе постоечките.

Промовирани огласи »

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР в сабота, ќе го одбележи Меѓународниот ден за борба против насилството врз сексуалните работници.

Утре, 16 декември, СТАР-СТАР во соработка со Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ ќе организира „Скопје ред лајт дистрикт“.

Скопје ред лајт дистрикт“ претставува уметничка инсталација со цел да го отслика шармот на улицата на црвените фенери со бордели во Амстердам. Улицата на црвените светла претставува симбол на слободниот и толерантен став кон најстарата професија на светот. Скопје за прв пат ќе добие девојки на излог.  Уметничката инсталација ќе биде поставена од 17 до 22, со пауза од 19 до 20 на бул. Климент Охридски бр.48, излозите до клубот Вулкан – соопштија од граѓанската иницијатива.

В недела, 17 декември, ќе се одржи Марш на црвенитечадори, со почеток во 12 часот, на улица Македонија.

На 17-ти декември (недела) по десетти јубилеен пат се приклучуваме кон глобалното одбележување на Меѓународниот ден за СТОП на насилство врз сексуалните работници. По тој повод сексуалните работници заедно со своите поддржувачи ќе маршираат на Улица Македонија во Скопје за гласно да испратат порака: СТОП на насилството врз сексуалните работници!, порачуваат од СТАР-СТАР.

Промовирани огласи »

Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во централна и источна Европа, ја освои наградата за Европска авиокомпанија на годината – Aviation 100.

Наградата ја прими Оуин Џонс, главен директор за корпорации на Wizz Air, на Airline Economics Growth Frontiers конференција и свечената гала-вечер одржана во Лондон.

Aviation 100 ја пофали Wizz Air за извонредната година на раст, во која компанијата доби рекордни броеви на патници и дополнително ја прошири својата мрежа.

Ние сме горди што ја добиваме оваа престижна награда, што уште еднаш потврдува дека Wizz Air е одличен бизнис, како и одлична авиокомпанија. 2017 година беше многу возбудлива година за Wizz Air, бидејќи остваривме неверојатен раст од над 24% и рекорден број на патници кои ја зголемија нашата мрежа до преку 550 правци низ 43 земји и воведовме бројни иновативни подобрувања на искуството на нашите клиенти, изјави Џонс при примањето на наградата.

Тој уште најави дека авиопревозникот нарачал и дополнителни 146 авиони од типот Airbus А320 и во 2018 година ќе бидат исклучиво посветени на корисничкото искуство и стимулирање на побарувачката.

Промовирани огласи »

Основачот на криптовалутата Биткоин Сатоши Накамото за некоја година има шанси да биде првиот трилионер во светот и да ги надмине најбогатите луѓе на планетата како Стив Џобс, Џеф Безос и Карлос Слим со тоа што неговото богатство ќе достигне неверојатна сума од 100 милијарди долари.

Сатоши Накамото е инаку само псевдоним кој е искористен во 2008 година при давањето предлог за формирање на електронска валута со директна врска од корисник до корисник што подоцна прерасна во биткоин. 

Никој не го знае вистинскиот идентитет на Сатоши Накамото чие богаство сега се проценува на 17 милијарди долари. Тој поседува 1 милион биткоини, па не е чудно и ако дел од тие средства ги искористи за нови инвестиции. 

Досега за четворица богаташи и иноватори се претпоставуваше дека се основачи на биткоинот меѓу кои и ексцентричниот технолошки визионер Илон Маск, но тој ги негираше сите шпекулации.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »