Промовирани огласи »

Неколку продолжени викенди и празници кои се паѓаат во неработни денови. Вака изгледа новата програма на неработни денови за 2018 година која ја објави Министерството за труд и социјална политика.

Уште на самиот старт на годината, Бадник се паѓа во сабота, што значи дека денот и онака е неработен за поголемиот дел од граѓаните. Божиќ е во недела, но неработен ќе биде понеделникот. За среќа Водици се паѓа во петок, па ќе има простор продолжен викенд.

Во април се велигденските празници. Велигден ќе биде на 8 април, а неработен ќе биде понеделникот, на 9 април. Заедно со неработниот Велики петок на 6 април, ќе се отвори супер можност за подолг одмор со оглед на тоа што ќе можете да отпатувате на петок до понеделник.

Интересен спој на празници ќе има во мај. На 24 мај четврток нема да се работи за Кирил и Методиј, а во петок, на 25 мај, нема да се работи за Духовден, што е уште еден продолжен викенд, и простор, заедно со четвртокот да се врзат 4 неработни денови.

Споен викенд ќе има и на 15 јуни, бидејќи тој петок нема да се работи поради празнувањето на Рамазан Бајрам, ден кој е неработен за сите граѓани.

Од празниците кои „пропаѓаат“ како неработни денови, поради тоа што се паѓаат во сабота, оваа година ќе ги „загубиме“ Бадник на 6 јануари, Денот на независноста на 8 септември и Св. Климент Охридски на 8 декември.

Во продолжение комплетната листа со неработни денови за 2018 година

За сите граѓани на РМ
• 1 јануари (понеделник), Нова година
• 7 јануари (недела), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден
• 9 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
• 1 мај (вторник), Ден на трудот,
• 24 мај (четврток) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
• 15 јуни (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
• 2 август (четврток), Ден на Републиката
• 8 септември (сабота), Ден на независноста
• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,
• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед
• 6 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик
• 19 јануари (петок), Богојавление (Водици)
• 6 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
• 25 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден
• 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед
• 2 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
• 1 ноември (четврток), Празникот на сите светци
• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука За граѓаните припадници на српската заедница во РМ • 27 јануари (сабота), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
• 8 април (недела), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
• 23 мај (среда), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

Досега 71.524 Македонци побарале бугарско државјанство. Ова го изјави заменик-претседателот Илиана Јотова во Скопје, објави БГНЕС.


Од почетокот на мандатот на претседателот Румен Радев, кој стапи на функција во јануари оваа година, 1.184 Македонци добиле бугарско државјанство, рече потпретседателката Јотова за време на состанокот во бугарската амбасада во Република Македонија.

Таа вети дека во блиска иднина системот за стекнување бугарско државјанство ќе биде олеснет. Ви ветувам дека во најскоро време ќе се олесни процедурата за добивање бугарско државјанство, рече таа.

Таа изјави дека меѓу приоритетите на бугарско претседавање со ЕУ се изградбата на Коридорот 8, отворањето нови гранични премини со Македонија, како и модернизација на веќе постоечките.

Промовирани огласи »

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР в сабота, ќе го одбележи Меѓународниот ден за борба против насилството врз сексуалните работници.

Утре, 16 декември, СТАР-СТАР во соработка со Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ ќе организира „Скопје ред лајт дистрикт“.

Скопје ред лајт дистрикт“ претставува уметничка инсталација со цел да го отслика шармот на улицата на црвените фенери со бордели во Амстердам. Улицата на црвените светла претставува симбол на слободниот и толерантен став кон најстарата професија на светот. Скопје за прв пат ќе добие девојки на излог.  Уметничката инсталација ќе биде поставена од 17 до 22, со пауза од 19 до 20 на бул. Климент Охридски бр.48, излозите до клубот Вулкан – соопштија од граѓанската иницијатива.

В недела, 17 декември, ќе се одржи Марш на црвенитечадори, со почеток во 12 часот, на улица Македонија.

На 17-ти декември (недела) по десетти јубилеен пат се приклучуваме кон глобалното одбележување на Меѓународниот ден за СТОП на насилство врз сексуалните работници. По тој повод сексуалните работници заедно со своите поддржувачи ќе маршираат на Улица Македонија во Скопје за гласно да испратат порака: СТОП на насилството врз сексуалните работници!, порачуваат од СТАР-СТАР.

Промовирани огласи »

Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во централна и источна Европа, ја освои наградата за Европска авиокомпанија на годината – Aviation 100.

Наградата ја прими Оуин Џонс, главен директор за корпорации на Wizz Air, на Airline Economics Growth Frontiers конференција и свечената гала-вечер одржана во Лондон.

Aviation 100 ја пофали Wizz Air за извонредната година на раст, во која компанијата доби рекордни броеви на патници и дополнително ја прошири својата мрежа.

Ние сме горди што ја добиваме оваа престижна награда, што уште еднаш потврдува дека Wizz Air е одличен бизнис, како и одлична авиокомпанија. 2017 година беше многу возбудлива година за Wizz Air, бидејќи остваривме неверојатен раст од над 24% и рекорден број на патници кои ја зголемија нашата мрежа до преку 550 правци низ 43 земји и воведовме бројни иновативни подобрувања на искуството на нашите клиенти, изјави Џонс при примањето на наградата.

Тој уште најави дека авиопревозникот нарачал и дополнителни 146 авиони од типот Airbus А320 и во 2018 година ќе бидат исклучиво посветени на корисничкото искуство и стимулирање на побарувачката.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »