Промовирани огласи »

Денеска на наше огромно задоволство имаме чест како прв гостин во рубриката “Интервјуа“ на KARIERA.mk, да го имаме еден од најистакнатите HR професионалци во Македонија, Г-дин Стефан Јовановски - HR директор на најголемиот македонски телекомуникациски оператор ВИП.

Повеќе за тоа какво е искуството да се биде прв човек на еден од најважните оддели во една од најголемите компании во државава и кои се неговите тајни за континуиран успех во работата прочитајте во интервјуто во продолжение:

1. Кои се главните карактеристики на Вашите топ вработени? 

Навистина сум горд сум што сум дел од компанија во која вработените се отворени за учење и стекнување на нови знаења.  Живееме во свет кој постојано се менува и од особено значење е нашите вработени да бидат подготвени да ги совладаат најголемите предизвици но и трендови. Во ВИП негуваме една наша, уникатна организациска култура, која придонесува за работен ентузијазам на тимот и постигнување на нашите зацртани цели. Секојдневно инвестираме во тоа да нашите вработени имаат одлично технично знаење но и макотрпно работиме на тоа да бидат најдобри во тоа што го работат.

2. Сте имале прилика на двапати да бидете дел од големи спојувања на компаниите за кои сте работеле, ситуации во кои биле засегнати голем број на вработени. Која е главната улога на HR директорот за што побезболно надминување на овие осетливи ситуации?

Да, ја имав таа чест да бидам дел од две големи спојувања, кои благодарение на нашата макотрпна работа и посветеност беа завршени во рекорден период и без поголеми негативни последици кон компанијата. Како директор за човечки ресурси, мојата цел и целта на мојот тим беше да обезбеди непрекинат и редовен тек на работите. Сметам дека во вакви ситуации, директорот за човечки ресурси мора да има стаблизирачка улога, особено во ситуациите кои се менуваат со огромна брзина. Мора да бидете многу трпеливи но најважно од се, да работите на тоа да ја добиете поддршката и разбирањето од сите раководители  за важноста на процесите што се одвиваат во овој период.

3. Кои вештини според Вас се пресудни за да се изгради успешна кариера во HR индустријата.

Како и сите индустрии и нашата рапидно се менува. Живееме во ера на друштвени медии каде што постојат нови правила за рекрутмент, нови начини за градење на компаниска култура и комуникации а и технологии кои некогаш ја прават нашата работа полесна но некогаш и потешка. Сепак, сметам дека без разлика на технолошките  иновации, зад еден успешен менаџер за човечки ресурси треба да стојат смиреност, стабилност, добрата емотивна интелегенција, трпеливост, желба за надградување на знаењето но и многу макотрпна работа за да ги распознаете потребите на вработените и да ги направите истите нивна реалност.

4. Што е она што Ве мотивира да продолжите со работа во моментите кога работите не одат баш најдобро?

Јас сум човек кој не сака да се откажува. Секогаш сакам да ги истерам работите до крај, најдобро што можам. На крајот од денот, сметам дека надминувањето на тешките моменти всушност значи напредок и развој и без нив навистина не би можеле вистински да го откриеме сопствениот потенцијал.

5. Кои се најдобрите (и најлошите) работи да се биде HR директор на една голема организација како Вашата?

Да се биде дел од ВИП е навистина привилегија за секој бизнис професионалец. Со сигурност можам да кажам дека ги имаме најдобрите кадри на нашиот пазар а како една од најголемите странски инвестии во Македонија, нудиме и  фантастична можност за професионален развој. Да се работи во ВИП значи да се биде одговорен но и многу посветен. Сите ние секојдневно, со заеднички сили,  ја градиме приказната на ВИП и секојдневно ја живееме и чувствуваме визијата на компанијата. Што се однесува до предизвиците, се разбира, балансот меѓу приватниот живот и работата е нешто на што константно работам и секогаш се трудам да го дадам максимумот во двете.

6. Каков совет би им дале на сите оние кои сакаат да се вработат во ВИП?

Да се биде дел од ВИП значи да се работи во најдобриот телеком оператор не само во земјата туку и во регионот. Оние што сакаат да бидат дел од нашето семејство треба да се подготват за многу динамична работа, многу учење но и интензивен професионален развој. Ние сме едно семејство кое диши и живее во еден здив. Сите за еден, еден за сите. Не велам дека е лесно, но во нашата компанијата, макотрпната работа секогаш е наградувана.

7. Која е најлошата работа која некој кандидат ја направил на интервју? 

Многу кандидати чувстуваат притисок при интервју да се покажат во најдобро светло и некогаш користат лажни информации за себе и својата кариера. Мојот совет е да бидете тоа што сте. Нема потреба од лаги и невистини. Не постои совршен кандидат ниту кандидат кој знае апсолутно се. Фокусирајте се на вашите таленти, на она што ве прави горди самите со себе. Само така ќе можете да изградите успешна но и чесна кариера. Лагите, кога тогаш, излегуваат на површина.  

8. Кои се Вашите методи (и тајни) за стимулирање на креативна работна средина? 

Универзален рецепт не постои. Сметам дека пред се секој вработен треба да ја разбира и да ја живее визијата на компанијата во која работи. Моментот кога вашите вработени ќе го направат тоа е моментот кога можете успешно да изградите креативна но и позитивна работна средина. Она на што секојдневно работиме во ВИП е задавање на нови задачи на вработени, формирање на проектни тимови, хоризонтални промени и хоризонтален развој. Се трудиме да бидеме оригинални и да ги адаптираме нашите практики на новите времиња и трендови. Наша цел е секој вработен да се чувствува како дел од ВИП семејството. Само така, како едно семејство, ќе можеме да ги оствариме целите на компанијата но и целите на секој вработен.

9. Кои team-building активности се покажале како најефикасни во досегашната примена?

Сметам дека ваквите активности треба да бидат задолжителни во секоја компанија. Жално е што многу компании на овие активности гледаат како трошок а не инвестиција во својот тим но и растот на компанијата. Овие активности го зацврстуваат духот на компанијата, ги зближуваат вработените и на крајот од денот имаат директен удел во профитабилноста на компанијата.

10. Дали се сеќавате на времето кога Вие бевте на другата страна, на оние кои бараат работа - какво беше искуството при Вашето прво вработување? 

Сите сме биле на другата страна и токму таа страна не учи и ни помага да растеме во кариерата. Најважно од се, таа ни посочува какви менаџери треба да бидеме а какви не. Пред да ја добијам мојата прва работа, работев 4 години како волонтер во невладени организации и тамошното искуство ми помогна да се снајдам во секакви ситуации.  Бев пресреќен кога ја добив првата работа бидејки во тој момент тоа навистина беше мојата работа од соништата.

Промовирани огласи »

Колку вредат моите пари во странство? Во која земја може да се помине евтин одмор? Каде се најевтини храната, алкохолот, цигарите или хотелите? Институтот ВСИ бараше одговори на овие прашања. Ги најде во Македонија.

Доколку Германец со просечни примања се одлучи да ја посети Македонија, едно негово евро би вредело двојно повеќе, покажува истражувањето на германскиот Институт за економски и социо-економски истражувања, ВСИ. Тоа му го овозможува разликата во цена на основните животни производи. Доколку се одлучи на „пакет аранжман“ во Македонија со многу цигари, алкохол и исхрана во ресторани, престојот би можел да го чини и до трипати поевтино во однос на трошоците во Германија. Со едно евро би можел да задоволи далеку повеќе потреби отколку во неговата земја, односно неговата куповна моќ би се зголемила за речиси 60 проценти. 

Институтот ВСИ спроведе истражување за трошоците за живот, одмор и патување и некои луксузни производи во 39 европски земји. Разликите во цените на меѓународно ниво се големи, а тоа е особено изразено на релација Запад-Исток во Европа.

Убедливо најскапа е Швајцарија чиј индекс на трошоци во просек е за 50 проценти поголем од останатите развиени западно-европски држави.

Како основа за истражувањето земени се четири држави: Германија, Велика Британија, Холандија и Австрија. За секоја од овие држави направено е поединечно истражување, при што просечните цени во тие земји се индексирани со индекс 100 како средна вредност и направена е анализа во четири категории: цена на трошоците за живот, цена на алкохолни пијалоци, на цигари, и на ресторани и хотели.

Македонија е убедливо на дното во првата категорија: трошоци за живот во однос на сите четири држави, но и на ниво на Европа.

Во Македонија најевтино

Па така, просечниот Германец за основните животни производи во Македонија би морал да издвои само 45,3 отсто од цената која истите би го чинеле во неговата држава.

Уште поевтино во Македонија би поминал просечен Британец, Австриец или Холанѓанец. Со оглед на повисоките цени кај нив во однос на Германија, нивниот индекс во однос на Македонија е уште повисок.

Во однос на Велика Британија- Македонија има најнизок индекс на трошоци од 42,3. Следуваат Бугарија (43), Албанија (45), Србија (45,3). Фунтата, како и еврото, во овие земји има повеќе од двојно поголема вредност поради ниската цена на производите и услугите.

Уште поголема е разликата во цената на цигарите. Иако за Македонија нема податоци во оваа табела, може да се претпостави дека цените не се многу различни од оние во Албанија, Србија или Црна Гора кои имаат индекс од околу 20. Па така кутија цигари просечниот Британец би го чинеле пет пати поевтино во Македонија или во некоја друга балканска држава, а алкохолот околу 50 проценти помалку. Германецот, пак, би заштедил далеку помалку, со оглед на тоа дека алкохолот е релативно поповолен и во Германија, но сепак би платил околу 25 проценти помала сума. Поголема е заштедата кај цигарите кои во балканските држави чинат речиси една третина помалку отколку во Германија.

И хотелското сместување е можност западноевропејците да заштедат доколку се одлучат да отпатуваат во некоја земја од источна или југоисточна Европа. Највисоки цени за хотелско сместување на континентот имаат Исланд, Норвешка и Швајцарија. Германецот во Македонија би платил само околу 41,8 отсто од она што едно ноќевање би го чинело во неговата земја, и четири пати поевтино отколку да одлучи да отпатува на северот на Европа, во Исланд или Норвешка. Истиот однос е и кај рестораните. Просечен Британец би платил повеќе од двојно помалку во ресторан во Македонија (која има индекс од 39,9), додека Германецот би заштедил околу 60 проценти од цената на оброкот која би ја платил во некој ресторан во татковината.

Разликите се релативно големи и со останатите источно-европски држави кои се членки на ЕУ. Па така, еден килограм ориз во Унгарија или Литванија (околу едно евро) чини двојно помалку отколку во Германија. Големи се разликите и во занаетчиските дејности. Машко потстрижување во Полска чини 4,1 евро, во Унгарија- 5,9 евра, додека во Словенија или Германија- речиси 15 евра. Во Македонија ќе ве потстрижат за 2-2,5 евра во просек.

Она што анализата на Институтот не го зема предвид е просечната плата во земјите кои се анализираат. Просечната нето плата во Германија е околу 2,200 евра, додека во Македонија- помалку од 400 евра месечно. Оттука, разликата во цените на основните животни производи од околу 60 проценти, не ја одразува разликата во платата, која е речиси шест пати повисока во Германија. 

Во истражувањето на ВСИ користени се податоците на Еуростат, кои ја потврдуваат сликата за Македонија како најевтина дестинација во Европа во однос на цените на храната, безалкохолните, алкохолните производи и цигарите. Единствено Турција има делумно повисоки цени од Македонија и тоа само во однос на гардеробата и обувките. 

Промовирани огласи »

Граѓани креираа онлајн петиција за воведување работно време од 7:00 до 15:00 часот. Петицијата е адресирана до Владата на Република Македонија и до релевантните министерства и институции и во неа граѓаните аргументираат зошто е подобро повторно да се врати старото работно време.

Поголема посветеност на работата – човековото тело и човековиот ум се поефикасни во утринските часови

Потребно е воведување на работно време од 7:00 до 15:00 часот затоа што тоа значи поголема посветеност на работата бидејќи човековото тело и човековиот ум се поефикасни во утринските часови.  Исто така, тоа значи поголема заштеда на електричната енергија (во лето за ладење, а во зима за греење), но и поголема посветеност на семејството, а посебно со цел поголема улога и одговорност во правилното воспитување на сопствените деца. Со воведување на работно време од 7:00 до 15:00 часот ќе има повеќе време за факултативни активности и хобија што ќе овозможат подобрување на општата здравствена состојба на вработените, како и паметно организирано време во текот на денот - нагласуваат граѓаните во петицијата.

Оваа петиција, посочуваат граѓаните, ќе биде доставена до Владата на Република Македонија, до Министерство за труд и социјална политика и до синдикатите на јавниот и приватниот сектор.

Новото работно време е контрапродуктивно

Прашањето за враќање на старото работно време во јавноста не се актуализира за првпат. Претходно и од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија – УПОЗ, истакнаа дека повторно ја реактивираат Иницијативата за промена на работното време, која претходно била расправана од страна на работната група формирана од Економско-социјалниот совет на РМ и за која се согласиле претставници на ресорните министерства, синдикатите и работодавачите.

Податоците од анкетата што ја направил УПОЗ за потребата од менување на работно време, како што велат од УПОЗ, покажуваат дека за над 75 проценти од испитаниците, кои биле опфатени со анкетата,  новото работно време е контрапродуктивно и поради тоа бараат негово менување.

Според УПОЗ, новото работно време е контрапродуктивно. Резултатите од анкетата, велат од УПОЗ, не беа изненадувачки. Работното време (и потребата од негова промена) и понатаму е на врвот на листата на барања на членовите на Синдикатот на УПОЗ.

Рамнотежа меѓу работата и приватниот живот

Во публикацијата „Пристојно работно време – Урамнотежување на потребите на работниците со барањата на работното место на Меѓународната организација на трудот“, на која упатува и Организацијата на работодавачи на Република Македонија, се вели дека пристојното работно време им помага на работниците да постигнат подобра рамнотежа меѓу работата и приватниот живот.

Со пристојното работно време истовремено се унапредува конкурентноста на претпријатијата. Бројот на работни часови е еден од најважните фактори во одредувањето дали нечија работа е компатибилна со семејните одговорности и погенерално со животот надвор од работа - се вели  во публикацијата.

Да се стави акцент врз важноста за флексибилноста на пазарот на трудот

Правото за користење флексибилно работно време, нагласуваат и од Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс тинк“, би овозможило да се балансираат различните интереси на работникот и работодавачот. Целта е да се стави акцент врз важноста за флексибилноста на пазарот на трудот и да се адаптираат работните часови и работното време соодветно со зголемувањето на разновидноста во начинот на живот и подемот на семејствата со двајца вработени родители.

Флексибилното работно време овозможува простор во работата врз основа на личните потреби за флексибилност на работникот. Во однос на жените, флексибилното работно време овозможува подобра адаптација помеѓу нивните одговорности кон работата и семејството. Флексибилното работно време треба се имплементира како нов член во Законот за работни односи - посочуваат од „Фајнанс тинк“.

Промовирани огласи »

Тестирањето на шестчасовниот работен ден во Шведска веројатно ќе пропадне, откако првите резултати покажаа дека трошоците се поголеми од придобивките.

Експериментот со шест работни часа дневно се спроведува во Гетеборг, каде на медицински сестри во старечки домови им беа скратени два часа работа, без да им се намали платата. Тие пријавиле дека чувствуваат поголемо задоволство од животот, сметаат дека се поздрави и нудат подобра нега на своите пациенти.

Прелиминарните резултати на тестирањето покажуваат дека сите планирани цели се постигнати, но градот морал да вработи дополнителни 17 медицински сестри, што ги чинело 12 милиони круни.

Градските власти решиле проектот да не биде траен, бидејќи стравуваат дека трошоците ќе излезат од контрола.

Премногу е скапо да се спроведе генерално намалување на работниот ден во разумна временска рамка -  вели Даниел Бернмар, локален левичарски политичар кој се залагал за промената.

Сепак, не се откажува од плановите на долг рок.

Јас лично верувам во помалку работни часови како долгорочно решение. Колку стануваме побогати, толку повеќе треба да искористиме од тоа богатство на други начини, место нови автомобили и се поголема консумација.

Иако јавниот сектор на Шведска се откажува од пилот проектот, стартап сцената размислува да го воведе ова како трајно решение.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »