Промовирани огласи »

За некои луѓе, пишувањето на CV може да се опише како „шпагети на ѕид“ филозофијата - искористете ги сите карти што ги имате и видете која ќе биде успешна. Но, на регрутерите и менаџерите за вработување, најважен им е квалитетот, не квантитетот. Вие имате само седум секунди за да го задржите нивното внимание и затоа е подобро веднаш да ги презентирате добрите работи. Поради ова, добро е одвреме навреме да вршите проверки на вашите назначени вештини, способности и искуства во CV-то. 

Ако се уште се прашувате што би можеле да отфрлете од вашето CV, можете да започнете од следниве карактеристики:

  • Јазик кој сте го учеле само во средно образование

Да, можеби сте учеле француски јазик за време на целото ваше средно образование, но дали навистина го поседувате тоа знаење да се чувствувате удобно во секојдневните разговори со луѓе чиј овој јазик им е мајчин? Ако одговорот е „не“, тогаш не треба да припаѓа во вашето CV.  Не е важно дали имате основно или средно познавање на еден јазик - ако не можете да го искористете за работа, оставете го. 

Најлошо можно сценарио е вашиот регрутер или менаџер да го зборува течно тој јазик и за време на интервјуто да разговара со вас, што значи и ако лажете во CV-то веднаш ќе бидете откриени. 

  • Основни компјутерски вештини како e-mail или Microsoft Word

Во ова време, именувањето на овие две како вештини е еднакво на именување „читање“ или „основна математика.“ Тие не ве прават поразлични - тие се очекувани да ги поседувате како знаење. 

На регрутерите ова може да им се чини како да се обидувате да го зголемите волуменот на вашето CV бидејќи немате релевантен број на вештини за позицијата за која аплицирате. Еден исклучок од ова правило е ако сте имале специфична задача за која ви била потребно да ги користете мејлот или Microsoft Word - тоа е друг случај кој вреди да биде спомнат. 

  • Социјални медиуми (ако не сте ги користеле како дел од работата)

Можете да имате илјадници следбеници на Twitter, пријатели на Facebook и бескраен број на допаѓања на Instagram, но менаџирање на вашиот личен бренд и менаџирањето на професионалниот бренд на компанијата се две сосема различни работи. Работењето на социјалните медиуми во професионално опкружување често бара многу повеќе од само објавување на содржина - најчесто вклучува анализа на податоците, искуство со платена содржина и слично. 

  • Меки вештини 

Ова е малку трик карактеристика бидејќи регрутерите сакаат да видат збир на меки вештини во вашето CV. Меѓутоа, тие мораат да бидат презентирани преку примери отколку само да бидат именувани. Да кажете дека сте одличен комуникатор е бескорисен факт ако немате конкретни примери да го докажете. 

Особено е важно да ги прикажете вашите меки вештини на многу јасен начин во вашето CV. На пример, наместо да внесувате само „Лидерство“ или „Вештини за мултитаскинг“, подобро е да напишете „Водење на проект за комплетирање на X% стапка на ROI преку релевантна позиција.На овој начин, ќе може да биде мерливи до одредени граници вашите меки вештини и ќе му дадете отворена можност на регрутерот да ги провери истите. 

  • Претерувања или лаги 

Работобарателите многу често ги копираат вештините од конкретен оглас во нивното CV. Но, ако немате ниедна од наведените вештини, не ги вклучувајте само и само поради работата. Ако сметате дека ќе се извлечите, неспособностите ќе излезат на виделина. 

Ако немате одлични вештини за јавно говорење, не го ставајте ова во вашето CV. Ако вашата работа бара секој ден да застанете пред 100 луѓе и да одржувате говор, многу е веројатно дека ќе пропаднете во работата особено брзо. 

Но, ова не значи дека треба да ги имате сите потребни вештини кои се прикажани во огласот за да аплицирате за работа - едно добро правило е дека 80, 90% е добар процент за да аплицирате. 

  • Ирелевантни или смешни вештини 

Ова може да звучи многу очигледно, но навистина постојат луѓе кои би вклучиле во нивното CV „експертско ниво на правење њоки“ или „шампион во пинг-понг.“ Не вклучувајте вештини кои се ирелевантни за работата за која аплицирате. Дури и да знаете дека поседувате некои вештини некогаш е подобро да не ги напишете. Да, постојат некои регрутери и менаџери за вработување на кои оваа карактеристика ќе им биде смешна. Но, кога аплицирате за работа, не знаете кој ќе ги цени овие способности, а кој не. Затоа е подобро да си останете професионални до крај. 

Промовирани огласи »

Првиот чекор во вработувањето во конкурентна индустрија е да го разберете и променете начинот на кој моментално гледате на нештата. Кои се нештата за кои треба да размислете доколку сакате да работите во конкурентски кариерни индустрии?

Можности за успех во кариерата 

Еден од најважните фактори е постојаната желба за да се вработите на таа работна позиција. За многу успешни луѓе се верува дека имале среќа, но вистината е дека потребна е огромна желба и упорност без разлика во која област работите. 

Правењето жртва е нешто што е многу често во секоја индустрија и потребно е да бидете подготвени за тоа. 

Повеќе од желба 

Не е потребна само желбата за да ја добиете работата која ја посакувате, бидејќи најголемиот дел од луѓето веќе ја поседуваат таа љубов и желба кон работата кон која и вие целите. Развојот е она што влијае на вашите способности. Потребно е да ги развиете потребните вештини за успех. Без разлика дали сакате да бидете новинар, доктор, адвокат или претприемач, Вам ви се потребни вештини кои ќе ви овозможат да ги работите задачите кои ви се дадени. 

Постојано вежбајте ги вашите вештини и преку тоа, и вашата енергија ќе се промени драматично. Енеријата која се добива од стекнувањето знаење е онаа што ви дозволува да ја смените вашата перспектива. Ова ви дозволува да ги проширите вашите хоризонти и намерата на вашата цел. 

Она што не го знаете, не го знаете

Последната компонента која морате да ја процесирате е знаењето. Како го стекнуваме знаењето кое ни е потребно за успех во дадена област? Тоа го правите така што ќе бидете повеќе заинтересирани, отколку интересни. Искористување на сите податоци и содржини до кои имаме пристап и најважно, барање на помош. Знаењето е тесно поврзано со да се биде човечен и затоа треба да бидете во можност да побарате помош за да ја добиете работата која ја посакувате. 

Услуга и овозможување вредност 

Со цел да задржите една позиција во вашата посакувана индустрија, не само што е потребно да имате желба и постојана љубов за индустријата, туку и постојано развивање на вештините со кои сте ја добиле позицијата на прво место. Барајте помош доколку ви е потребно и нудете ја и на другите кои ќе го вреднуваат вашиот труд уште повеќе. 

Промовирани огласи »

Пакетите Vip Roam Surf 200 и Vip Roam Surf 500 важат за: Vip Mobile Србија, M-Tel Бугарија, Vodafone Албанија, Vipnet Хрваатска,Vodafone Грција...

Во периодот на празнување, зимскиот училишен распуст и зимски одмори, Вип уште еднаш ги потсетува своите корисници кои патуваат во странство за роаминг пакетите со кои можат да сурфаат опуштено и при тоа да имаат целосна контрола над трошоците.

Постпејд корисниците на мобилната телефонија можат да одберат пакет Vip Roam Surf 200 или Vip Roam Surf 500 со кои добиваат мобилен интернет за само 249 денари за 200MB односно 500MB за 499 денари. Пакетите се активираат со испраќање на СМС порака на бројот 140 999, со текст START SURF 200 или START SURF 500 во зависност од избраниот пакет. Истите може да се активираат од земјава или од странство, а може да се користат во текот на триесет дена од моментот на активација. По искористување на интернет сообраќајот вклучен во секој од пакетите, корисниците можат повторно да активираат еден од понудените пакети или да продолжат да користат интернет по намалени цени.

Со цел да уживаат во придобивките за користење интернет по најповолни услови при престојот во странство, сите постпејд корисници на мобилната телефонија можат да ги користат роаминг пакетите на Вип со кои несаканите трошоци стануваат минато бидејќи откако ќе биде истрошен вклучениот интернет во пакетот, пристапот до интернет автоматски ќе биде прекинат. Ова превентивно исклучување трае 30 дена од активирање на пакетот. За да може корисникот да продолжи да користи интернет во роаминг, може да активира дополнителен роаминг-пакет.

Пакетите Vip Roam Surf 200 и Vip Roam Surf 500 важат во следните земји и оператори: Vip Mobile Србија, M-Tel Бугарија, Vodafone Албанија, Vipnet Хрватска, Vodafone Грција, Vodafone Турција, A1 Австрија, A1Словенија, Velcom Белорусија и FL1 Лихтенштајн. 
Повеќе информации и детали корисниците можат да добијат на бројот 077 1234 или на веб страницата www.vip.mк

Промовирани огласи »

Кинескиот милијардер Џек Ма се откажа од купувањето на американската компанија за трансфер на пари MoneyGram, откако не доби зелено светло од Вашингтон.  Станува збор за договор од 1,2 милијарди американски долари, а одбивањето на купопродажбата се толкува како заострување на американската контрола на кинеските инвестиции.

MoneyGram и групацијата Ant Financial Services, чиј сопственик е кинескиот милијардер не успеале да добијат согласност од Одборот за странски вложувања во САД и покрај настојувањата да одговорат на сите барања на тоа тело.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »