Промовирани огласи »

Не постои организација која не се грижи за перформансот на вработените. Ако менаџерите или сопствениците не се грижат за перформансот на своите вработени, тоа е индикатор за проблем од поголеми размери. Секој одговорен се грижи за работата која ја вршат вработените и особено се насочени кон високиот перформанс - и како индивидуи и во тимови. 

Што е потребно за да идентификувате вработени кои имаат висок перформанс? И од кога ќе ги идентификувате, како може менаџерите да продолжат да ги развиваат нивните вештини и способности? Самите вработени имаат навики кои ги одделуваат од другите, а тоа се следните: 

- Тие имаат нивен личен систем - Без разлика дали се работи за утринска рутина или било кој друг вид на повторувана акција, овој вид на вработени имаат нивен личен начин за постојаната организираност. Им помага да останат фокусирани на тоа што е важно, за да може да се концентрираат на перформансот. 

- Тие ги слушаат другите - за фидбек, за предлози и за докажани стратегии - Вработените кои покажуваат висок перформанс впиваат информации. Тоа може да биде за нивниот перформанс или говорник за време на конференција со совет за ресурсите. А можно е и да биде соработник кој објаснува стратегија која би можела да функционира за нив. 

- Tие се држат до својата одговорност - Секогаш фокусирани на квалитет, овие вработени го оддржуваат својот збор. Ако од било која причина, тие не успеат да ја извршат својата задача, тогаш преговараат за рокот. Луѓето кои работат со високи-перформери знаат точно што да очекуваат. 

- Тие се фокусирани на позитивното - Ова не значи дека се што се случува околу нив е секогаш позитивно. Но при даден избор од прославување и цинизам, тие пронаоѓаат начин да гледаат на светлата страна. 

- Тие прифаќаат предизвици - Вработените кои покажуваат висок перформанс се насочени кон превземање на напорни ризици. Тие се подготвени за решавање проблеми. Многу пати, тие се вработените кои ви го посочуваат и проблемот и ви го нудат решението. 

- Тие учат од нивните грешки - Високите перформери не секогаш ги исполнуваат своите цели. Но, тие ги користат овие моменти за рефлектирање и учење од ситуацијата. Тие не го гледаат моментот како неуспех, туку како можност. 

- Тие знаат како да го менаџираат своето време - Овие вработени се во можност да работат одлично бидејќи го разбираат својот стил на работење и како да завршат една работа. Ова вклучува и кажување „не“ одвреме навреме за да не разочараат. Или преговарање на обврски и поставување јасни очекувања. 

- Тие се посветени на нивниот личен развој - Новите вештини не им се одбивни на високите перформери - тие учат нешто ново секој ден. Не е потребно да биде нешто преголемо, тие го разбираат концептот на учењето се одвива во мали интервали. 

- Тие се особено многу поврзани за организацијата -  Неколку од овие навики укажуваат на индивидуа која е среќна со работата која ја работи и тимот околу него/неа. Тие имаат висок перформанс бидејќи компанијата инвестира во нивниот успех и создаваат работни врски базирани на доверба и почит. 

Промовирани огласи »

Граѓаните годинава последен пат ќе поднесуваат годишна даночна пријава во Управата за јавни приходи за остварени дополнителни приходи во текот на претходната година. Според измените на Законот за персонален данок на доход, кои стапија на сила од 1 јануари оваа година, од следната година, ќе добиваат пополнета годишна даночна пријава што ќе ја издава Управата за јавни приходи, а даночниот обврзник само ќе ја потврдува.

За приходите остварени во 2017 година даночните обврзници може да поднесат годишна даночна пријава до 15 март оваа година. ГДП може да се достави на шалтерите на УЈП, електронски или по пошта. Граѓаните имаат обврска да пријават доколку оствариле приходи од издавање под закуп на станбен објект или хонорар по основ на авторски договор, за остварена добивка од наградна игра над 5.000 денари, дивиденди…. Даночниот обврзник не поднесува годишна даночна пријава доколку остварува приход само од плата, пензија, земјоделска дејност и самостојна дејност.

Во последните години годишна даночна пријава поднесуваат над 400.000 граѓани. Во 2017 година, за 2016 година пријавиле дополнителни приходи 439.689 граѓани кои доброволно пријавиле 173.592.004.847 годишни бруто приходи и 10.133.228.081 персонален данок на доход.

Приходите кои граѓаните ги остваруваат во земјата и во странство се оданочуваат со персонален данок на доход по стапка од 10 проценти. За следната година се најавени промени во персоналниот данок и воведување прогресивна стапка на оданочување, која ќе значи побогатите да плаќаат повеќе.

Се проценува дека планираните промени ќе ја зголемат стапката на наплата на персоналниот данок за 40 проценти.

Согласно законот доколку даночниот обврзник не поднесе даночна пријава до 15 март 2018 година ќе му биде изречена глоба за сторен прекршок. За ненавремено поднесување, односно неподнесување на пријава и за нецелосно пријавени приходи глобата се движи од 100 до 200 евра во денарска противвредност.

На даночните обврзници кои треба да пријават дополнителни приходи до 15 март годинава, исплатувачот на приходите треба до 25 јануари да им издаде пресметка.

Согласно измените на Законот за персонален данок на доход од јануари годинава се воведува нова процедура за пресметување и плаќање на обврските за персонален данок на доход, односно пресметувањето на данокот ќе се врши со поднесување на Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) до Управата за јавни приходи, преку новиот систем е-персонален данок.

Обврска да поднесат електронска пресметка за приход и данок имаат исплатувачи на приходи правни лица, кога исплаќаат приходи по сите основи на физички лица резиденти на Република Македонија и на нерезиденти, освен за исплата на плата на вработени лица, физички лица резиденти кои остваруваат приходи од други физички лица и приходи од странство, освен за приходи од вршење на самостојна дејност, како и физички лица нерезиденти кои остваруваат приходи од други физички лица во Македонија.

Исплатувачите на приходи од 1 јануари 2018 година ќе немаат обврска да му издадат на секој обврзник збирен податок за вкупно платената аконтација, како и да поднесуваат годишни или месечни извештаи ПДД-АДП/ПИ, ПДД-АДП/КД и ПДД-АДП/ДП.

Промовирани огласи »

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“отвори посебна телефонска линија за пријавување на несовесно паркирани автомобили односно автомобили паркирани на места означени за лица со посебни потреби.

Од денеска граѓаните ќе можат да ги пријават непрописно паркираните автомобили на места означени за лица со попреченост на директниот телефонски број: 077 410 002. По добивање на повикот, пајак службата на ЈП ПОЦ ќе интервенира веднаш, а на местата каде што нема пристапност ќе се поставуваат блокатори.

Ги повикуваме сите граѓани доколку забележат автомобил паркиран на место означено за лица со посебни потребида алармираат на 077 410 002кај нашите служби. Само со еден телефонски повик ќе им помогнеме на лицата со инвалидитет непречено и нормално функционирање во градот и ќе влијаеме на свеста на возачите да паркираат совесно- изјави В.Д. директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Вангел Андрески.

Оваа активнот е дел од кампањата „Паркирај совесно! Не им го одземај паркинг местото на оние на кои им е најпотребно“која има за цел а се подигне свеста на возачите да не се паркираат на места наменети за лица со посебни потреби и да се посочи проблемот со непрописното паркирање низ градот.

Промовирани огласи »

Официјално е! Џеф Безос е најбогат човек на сите времиња бидејќи неговото богатство достигна неверојатни 105,5 милијарди долари.

Мнозинството на неговото богатство доаѓа од Амазон, акциите на компанијата вчера пораснале за 1,4 отсто и додале околу 1,4 милијарди долари во џебот на Безос.

Иако е најпознат по основање на компанијата Амазон, како многу други милијардери, води и други бизниси. Сопственик е на Вашингтон пост и Блу ориџин, компанија која се занимава со приватни пратувања во вселената.

Иако заработил невидено богаство, вели дека не го покренал Амазон само за да се збогати.

Знаев дека кога ќе наполнам 80 години, ќе зажалам поради се ова. Ќе зажалев ако не пробав да учествувам во таа работа која се вика интернет. Знаев дека тоа ќе биде нешто големо, рекол во едно интервју пред неколку години.

Богатството на Безос во 2017 се зголеми за дури 32,6 милијарди долари, што е најголем раст во историјата на Индексот на милијардери на Блумберг на кој второ место го држи Бил Гејтс со 89,1 милијарда долари.

Со зголемување на богатството основачот и шеф на Амазон, се поставува прашањето што планира да направи со тие пари.За разлика од Гејтс или американскиот вложувач Ворен Бафет, Безос засега релативно се одрече од мал дел од своето богатство во корист на сиромашните.

Шефот на Амазон однеодамна и се посвети на филантропијата. Во јуни преку Твитер побара совети за тоа како најдобро да им помогне на другите. Од 2002 година, Безос ги подели акциите во сегашната вредност од околу 500 милиони долари, пресмета Блумберг.

Гејст (62) да не поделереше чиси 700 милиони долари вредни акции на Мајкрософт и поделил речиси три милијарди долари добротвори организации, тој денес убедливо би бил прв на листата најбогати луѓе на светот, тежок околу 150 милијарди долари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »