Промовирани огласи »

Младите вработени луѓе во Македонија сметаат дека работничките права не се почитуваат, но се плашат да пријават и било какво прекршување на нивните права за да не бидат избркани од работа, покажуваат наодите од истражувањето што го спроведе Коалицијата на младински организации СЕГА.

Резултатите од онлајн истражувањето спроведено од 15 јануари досега укажува дека 75 отстои од вкупно анкетираните 1.239 испитаници сметаат дека работничките права се напишани само на хартија, а 57 отсто се плашат да пријават било какво прекршување од две причини – за да не бидат избркани од работа и поради тоа што сите останати вработени молчат.

Десет отсто од вработените работат со устен или без никаков договор, а на 10 отсто од вкупниот број на вработени не им е дадено да го прочитаат договорот за вработување што го потпишуваат.

Од невработените лица, 25 проценти изјавиле дека се подготвени да влезат на работа без да потпишат било каков договор, а 64 проценти се подготвени да потпишат бланко отказно решение.

Овие факти покажуваат дека состојбата со вработените млади луѓе во Македонија е загрижувачка и она што треба да се направи е системско решение преку кое ќе се заштитат работничките права и работодавачките ќе бидат помотивирани да го отворат процесот и да ги едуцираат идните вработени во однос на нивните права кои им се загарантирани со законот – изјави извршниот директор на Коалицијата СЕГА, Зоран Илиески.

И според претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати Благоја Ралповски, во Македонија не се почитуваат работничките права и тоа е една од причините поради кои младите ја напуштаат државата.

Истражувањето е спроведено во рамки на националната кампања „365 работнички права за младите“ што ја спроведуваат младинските информативни и советодавни центри Инфо СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Факултети.мк и Кондеферацијата на слободни синдикати на Македонија.

Промовирани огласи »

Најдовте подобра можност за развој на вашата кариера и ја напуштате моменталната работа. Браво за вас, но пред да започнете со вашиот нов бизнис, треба да завршите чист на вашата моментална работа.

Во такви моменти многу луѓе се во искушение да кажат сè што им лежело на срце во изминатите години, да се пожалат од нешта кои ги мачеле, на кои не смееле да ги наведат и да ги кажат во лицето на шефот. Па, колку е мудро тоа?

Размислете колку вреди да го правите. Можеби тоа ќе ве охрабри, но дали ќе предизвика значителни промени? Наместо тоа, можно е да се создадат проблеми за колегите кои сеуште работат таму.

Ако постојано му посочувавте на главниот дека работите не функционираат добро и тој не обрнувал внимание на вас, едвај сака да ве чуе во последниот ден. И тој не заслужува да добие корист од твојата  експертиза ако не го ценел тоа досега.

Тажната вистина е дека во повеќето случаи, шефовите не се возбудени од мислењето на работниците кои заминуваат, и едвај ги земаат предвид критиките што доаѓаат од нив. Пострашно е кога тие не се возбудени од мислењата на нивните сегашни подредени - ова е веќе предуслов за сериозни недоразбирања.

Не заборавајте и нешто друго - сè се случува, можеби еден ден ќе се вратите на оваа работа или ќе треба да соработувате со компанијата. Ако се разделите со лошо, ова може да не успее во вашите идни опции. Оставете ја вратата отворена за секоја пригода.

Промовирани огласи »

Со црвенило и оток на лицето мајка пред два дена го земала од градинка својот шестгодишен син. Детето кажало дека воспитувачката од градинката го удрила неколкупати. Мајката за настанот го известила и директорот на градинката кој и рекол случајот да го пријави во полиција. Настанот, кој се случил во градинката „калинка“ во Аеродром е внесен и во денешниот полициски билтен.

Е.Г. го однела синот во Здравствена установа, каде од страна на лекар и била издадена лекарска потврда за констатирани повреди во вид на оток во пределот на лицето. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, стои во билтенот на МВР. 

Според неофицијалните информации кои ги добивме, мајката навела дека друго дете било сведок на настанот и потврдило дека воспитувачката го удрила неговото другарче. 

Директорот на градинката за Телевизија 24 го потврди настанот но не сакаше да соопшти повеќе детали додека полицијата целосно не го истражи.

Директорот Јоаким Димулков додава дека покрај пријавата во полиција, разговарано е и со воспитувачката која го негирала настанот. Тој очекува надлежните органи целосно да го расчистат случајот, но доколку се потврдат обвинувањата воспитувачката треба да биде најстрого санкционирана.

Од општина Аеродром наведуваат дека за настанот се известен и надлежните служби од Министеротсвото за труд и социјална политика кои треба да изготват записник од увидот. Детали најавуваат во текот на утрешниот ден.

Родителите кои денеска ги земаа своите деца од градинка, а кои не сакаа да зборуваат во камера, рекоа дека не се запознаени со настанот, но до сега нивните деца не се пожалиле од воспитувачките. Дел од нив пак велат дека и да имало во минатото некаков инцидент такви информации или биле сокриени или биле неточни.

Преземено од 24 вести.

Промовирани огласи »

Македонската компанија „Жито пром“ годината ја почна со учество на еден од најголемите саеми за слатки во светот ISM кој се одржа во Келн, Германија, а главниот производ со кој се претставија беа кроасаните 4U. Тие може да се најдат во сите поголеми маркети во земјава, но се продаваат и во Грција, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Италија, Холандија, Норвешка, Катари Бугарија.

Една од нашите цели, остварувањето на нови контакти на саемот успешно ја спроведовме. Ни пријдоа заинтересирани, потенцијални партнери од речиси секој дел од светот, поточно од околу 50 земји. Се вративме со неколку потврдени соработки и со уште повеќе во најава. Очекуваме дел од овие контакти да преминат во успешни соработки – велат од „Жито пром“.

На манифестацијата која траеше четири дена штандови имаа 1650 изложувачи од целиот свет, а ја посетија повеќе од 38.000 професионалци од оваа сфера меѓу кои и производители, дистрибутери, претставници и сопственици на ланци на маркети од различни земји итн.

Го нарекуваат најслаткиот саем на светот и земајќи го во предвид бројот на компании кои учествуваат може да се каже дека името е комплетно заслужено. Предизвик е да се истакнеш во морето на понуди, но кога имаш добар производ како што се кроасаните 4U и креативност тогаш секогаш може да се постигне посакуваниот резултат – објаснува менаџерскиот тим на компанијата „Жито пром“ од Гевгелија.

Иако претставувањето на саемот во Келн е одличен почеток на промотивните активности за годинава, компанијата планира уште многу новитети во 2018.

Ќе биде напорна година со големи промени и крупни чекори. Очекуваме отворање на нови пазари и пласман на производи во нови земји со кои дојдовме во допир преку саемот. Втората фабрика за производство на кроасани е завршена и веќе се тестираат новите линии, се засилува тимот што стои зад целата приказнаи напорно се работи сето ова да се доведе до регуларно функционирање. Има идеи и за нова линија на производи и вкусови на кроасани – посочуваат од компанијата.

Кроасаните 4U засега се произведуваат со вкус на какао, јагода, ванила и кајсија и со мешаните вкусови на какао и ванила и вишна и ванила. Сите вкусови ги има во единечна варијанта, како и во фамилијарно пакување.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »