Промовирани огласи »

После краткотрајното опоравување клучните индекси на американскиот Волстрит повторно потонаа.

Индустрискиот индекс Дау Џонс изгуби 1 032 поени или 4,2 посто спуштајќи се на 23 860 поени, што е околу 10 посто пониско од рекордот постигнат пред неколку недели.

До новиот пад дошло поради зголемена загриженост на инвеститорите дека наскоро би можело да дојде и до забрзан раст на каматните стапки. Освен Дау Џонс, индексот сочинет од 30 водечки американски индустриски компании, силен пад е забележан и кај технолошкиот Nasdak и S&P 500, кои паднале повеќе од 3 посто.

Она што дополнително е загрижувачки е дека ваквите силни падови сепостигнати со промет поголем за 50 посто од просечниот.

Кога би морала да изберам помеѓу вложувања во обврзници и акции со очекуван раст на каматните стапки, обврзниците не би ми изгледале атрактивни, изјавила помошничката на директорот за инвестиции во компанијата PAAMCO Александра Купе.

Промовирани огласи »

Британската полиција денеска ослободи околу 200 мигранти од Литванија, Романија, Полска и Бугарија кои биле принудувани да работат без плата на фарма во областа Корнвол, во јужна Англија. 

„Робовите“ се ослободени при акција на полицијата во соработка со трудовата инспекција. Полицијата во акцијата уапси тројца мажи, од кои едниот е обвинет за раководење со групата, а другите двајца за организирање модерно ропство.

Мигрантите се пренесени во специјален прифатен центар, каде што им е пружена помош.

Ова не е прв ваков случај. Во изминативе години вакви злоупотреби на луѓе имаше во Мексико во фабрика, исто и во фабрика во Индија каде жртви беа деца. 

Во Бразил во 2010 година 44 луѓе се ослободени од плантажите со шеќерна трска. 

Продавањето на африкански мигранти во Триполи не беше изолиран случај затоа што повеќе од 40 милиони луѓе во светот, од кои четвртина се деца, моментално се робови, вели едно истражување од 2016-тата година.

Поимот модерно ропство се однесува на принудна работа, од која се опфатени 25 милиони луѓе. 

Промовирани огласи »

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека е време да се укине американската лотарија за добивање Зелена карта.

Време е да завршиме со лотаријата за визите. Конгресот мора да обезбеди имиграциски систем и да ги заштити Американците, напиша Трамп на Твитер.

Познатата „Лотарија за визи“ се одржува со години во САД и беше шанса за многумина од целиот свет да добијат американска зелена карта.

Промовирани огласи »

Министерот за здравство, Венко Филипче ја образложи одлуката од пред три дена за трансферот на децата со сериозни болести, од одделот за хематологија, во другите оддели, поради недостиг на медицински сестри.

За решавање на проблемот во хематолошкиот оддел, Филипче рече дека се обезбедени средства за вработување на 20 медицински сестри. Тој рече дека со Министерството за труд ја анализираат и идентификуваат бројката на невработени медицински сестри, кои ќе се распределат во клиники каде што има потреба.

Освен недостатокот на медицински сестри, Лекарската комора алармираше и за недостаток на лекари. Според нив, алармантна е бројката од 80% од дипломираните лекари на Факултетот за медицина, кои ја напуштија земјата.

Според податоците на Лекарската комора секоја година само на Медицинскиот факултет во Скопје дипломираат 220 лекари, додека 173 од нив ја напуштат земјата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »