Промовирани огласи »

Скопје и Варшава од 1 јуни годинава ќе бидат поврзани со директна авионска линија, објавија денеска ТАВ Македонија и ЛОТ Полиш ерлајнс.

Летови на оваа линија ќе има речиси секој ден, односно шест пати неделно, освен во недела, со модерни Ембраер воздухоплови. Билетите се веќе во продажба, преку Контакт-центарот на LOT, на интернет страницата www.lot.com, и кај продажните агенти.

Ембраерите на LOT секој понеделник, среда и петок ќе полетуваат од Аеродромот „Шопен“ во Варшава во 10:35 часот за да пристигнат во Македонија во 12:40 часот. Патниците на летот од Скопје за Варшава ќе заминуваат во 13:20 часот. Секој вторник, четврток и сабота летот од Варшава е закажан да полета во 14:25 часот, а да слета во Скопје во 16:30 часот. Поаѓањето од Скопје е планирано да биде во 17:10 часот, додека пристигнувањето во Варшава е во 19:15 часот.

Директорот на корпоративни комуникации и портпарол на LOT, Адриан Кубицки, изјави дека Скопје е комплетно нова дестинација во понудата на авиокомпанијата.

Македонија е секоја година сé повеќе популарна кај туристите, воодушевувајќи ги со својата историја, регионалната кујна и културната разновидност. Нашите патници штотуку добија можност да се запознаат со различните туристички вредности на таа неверојатна земја. Сигурен сум дека многумина ќе ја искористат оваа можност уште ова лето, вели Кубицки.

Распоредот на летови е креиран така што патниците кои патуваат од Скопје да имаат пристап до брзи и погодни летови за конекции од аеродромот „Шопен“ во Варшава до дестинации во САД, Канада и Западна Европа.

Од ТАВ Македонија очекуваме оваа авионска линија да се покаже како многу успешна.

Со ова полските туристи ќе имаат можност да ја посетат и да ја откријат Македонија, а во исто време и граѓаните на Македонија и на соседните земји ќе имаат можност да патуваат со директна линија до Варшава и да ја доживеат Полска. Оваа авиолинија, исто така, ќе послужи за двете земји да ги зајакнат бизнис-врските, да се овозможи подобра комуникација со Источна Европа, како и трансатлантски летови до многу дестинации во светот кои се понудени од Варшава, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

Промовирани огласи »

 „Риби“ и „Овен“ се новите ковани пари кои Народната банка ги издаде и пушти во оптек а кои спаѓаат во групата колекционерски цели и се од серијата „Хороскопски знаци“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 182/17 и 8/18).

Кованата пара „Риби” од серијата  „Хороскопски знаци“ ги има следниве карактеристики:

- на аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Риби. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот систем. Во позадината е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“. Исто така, прикажани се и натписи на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.

- на реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на риби од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“, создадена од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на знакот риби и соѕвездието Риби претставена на монетата преминува и на вметнато кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак риби. Во долниот дел се претставени две златни рипки на позадина на цртеж на кој е претставен Сончевиот систем. На левата страна се прикажани латинското име на хороскопскиот знак – PISCES и ознаката „Ag 925“.

Кованата пара „Овен” од серијата  „Хороскопски знаци“ ги има следниве карактеристики:

- на аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Овен. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот систем. Во позадината е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“. Исто така, прикажани се и натписи на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.

- на реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на овен од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“, создадена од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на знакот овен и соѕвездието Овен претставена на монетата преминува и на вметнато кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак овен. Во долниот дел е претставена глава на златен овен на позадина на цртеж на кој е претставен Сончевиот систем. На левата страна се прикажани латинското име на хороскопскиот знак – ARIES и ознаката Ag925.

Овие ковани пари се изработени од сребро Ag925, со тежина на среброто од 23,30 г, чистота на среброто од 19,43 г, во квадратна форма со димензии 37 х 37 мм, полирани со позлата и вметнато кобалтно стакленце со димензии 18,4 х 6,1 мм.

Цената на кованaтa парa „Риби“ и на кованата пара „Овен“ изнесува 2.800,00 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Промовирани огласи »

После краткотрајното опоравување клучните индекси на американскиот Волстрит повторно потонаа.

Индустрискиот индекс Дау Џонс изгуби 1 032 поени или 4,2 посто спуштајќи се на 23 860 поени, што е околу 10 посто пониско од рекордот постигнат пред неколку недели.

До новиот пад дошло поради зголемена загриженост на инвеститорите дека наскоро би можело да дојде и до забрзан раст на каматните стапки. Освен Дау Џонс, индексот сочинет од 30 водечки американски индустриски компании, силен пад е забележан и кај технолошкиот Nasdak и S&P 500, кои паднале повеќе од 3 посто.

Она што дополнително е загрижувачки е дека ваквите силни падови сепостигнати со промет поголем за 50 посто од просечниот.

Кога би морала да изберам помеѓу вложувања во обврзници и акции со очекуван раст на каматните стапки, обврзниците не би ми изгледале атрактивни, изјавила помошничката на директорот за инвестиции во компанијата PAAMCO Александра Купе.

Промовирани огласи »

Британската полиција денеска ослободи околу 200 мигранти од Литванија, Романија, Полска и Бугарија кои биле принудувани да работат без плата на фарма во областа Корнвол, во јужна Англија. 

„Робовите“ се ослободени при акција на полицијата во соработка со трудовата инспекција. Полицијата во акцијата уапси тројца мажи, од кои едниот е обвинет за раководење со групата, а другите двајца за организирање модерно ропство.

Мигрантите се пренесени во специјален прифатен центар, каде што им е пружена помош.

Ова не е прв ваков случај. Во изминативе години вакви злоупотреби на луѓе имаше во Мексико во фабрика, исто и во фабрика во Индија каде жртви беа деца. 

Во Бразил во 2010 година 44 луѓе се ослободени од плантажите со шеќерна трска. 

Продавањето на африкански мигранти во Триполи не беше изолиран случај затоа што повеќе од 40 милиони луѓе во светот, од кои четвртина се деца, моментално се робови, вели едно истражување од 2016-тата година.

Поимот модерно ропство се однесува на принудна работа, од која се опфатени 25 милиони луѓе. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »