Промовирани огласи »

Избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, во Њујорк разговарал со кинескиот милијардер и основач на Alibaba, Џек Ма. Тема биле заеднички проекти и отворање милион работни места во Америка.

Имавме извонреден состанок. Џек и јас заеднички ќе правиме некои прекрасни работи - изјави Трамп за новинарите по средбата.

Ма изјави дека САД-Кина односите „треба да бидат зајакнати, попријателски и попродуктивни“.

Истовремено дојде информацијата дека Alibaba го презема синџирот кинески стоковни куќи Intime за 2,6 милијарди долари, во рамки на план за приватизација на оваа трговска компанија.

Промовирани огласи »

Невработеноста во ЕУ достигна најниска вредност по речиси 8 години, станува јасно од податоците на „Еуростат“. Таа е на ниво од 8,3% до крајот на ноември, откога се последните објавени податоци. Месец порано невработеноста беше на ниво од 8,4%, а пред една година – 9 отсто.

Луѓето без работа во рамките на еврозоната се 9.8%, без промена во однос на месец порано, но со значително намалување од 30-ти ноември 2015-та година, кога невработеноста достигна 10,5 отсто.

Според последните податоци на „Еуростат“, вкупно 20.4 милиони мажи и жени во ЕУ се без работа, како од нив 15.8 милиони луѓе се во еврозоната. Наспроти октомври 2016-та година намалувањето е од 41.000 во ЕУ и 15.000 луѓе во еврозоната.

Падот во однос ноември 2015-та година е од 1.5 милиони луѓе во ЕУ и 972.000 во еврозоната.

Најниска е невработеноста во Чешка и Германија, а највисока во Грција, Шпанија и Кипар.

Најниска во моментов е невработеноста во Чешка и Германија, односно на ниво од 3,7 и 4,1 отсто. Највисока е таа во Грција и Шпанија, каде што бројот на луѓето без работа по последните податоци е 23.1 и 19.2 проценти.

Наспроти една година порано намалување на невработеноста се забележува во 24 земји од ЕУ, додека раст има во Естонија, Кипар, Данска и Италија. Најголем пад пак има во Хрватска, каде што падот е од 15,7 на 11,4 проценти.

Потсетуваме дека невработеноста во САД кон крајот на ноември 2016-та година е на ниво од 4,6 отсто, во споредба со 4.9% пред еден месец и 5% пред 12 месеци.

Вкупниот број на невработени млади во ЕУ (луѓе под 25-годишна возраст), е 4.2 милиони луѓе, а од нив 3 милиони се во еврозоната. Овој процент е највисок во Грција (46.1%), Шпанија (44.4%) и Италија (39.4%), а најнизок во Германија (само 6.7 отсто).

Промовирани огласи »

Руските милијардери се збогатија за 29 милијарди долари по победата на републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори во САД, пишува списанието „Форбс". 

Изданието го става на прво место шефот на Новатек, Леонид Михелсон, чија состојба по изборите во САД се зголеми за 1,9 милијарди долари до 18,2 милијарди долари. Во март минатата година „Форбс" го проценуваше неговото богатство на 14,4 милијарди долари.

Изданието го рангира и косопственикот на Новатек, Генадиј Тимченко. Од ноември 2016 година акциите на Новатек поскапеле со 16%, така што вредноста на 23% учество на бизнисменот се зголемила за 1,8 милијарди долари.

„Форбс" го спомна и косопственикот на Сибур, Кирил Шамалов, сопруг на најмладата ќерка на претседателот на Русија, Владимир Путин, но не наведе конкретни бројки.

Според „Форбс“ за наведениот период состојбата на руските милијардери се зголемила повеќе отколку богатството на богатите граѓани на која и да било друга земја во светот, со исклучок на САД.

На листата на „Форбс" има шест пати повеќе милијардери во САД отколку во Русија. Сепак, секој американски милијардер се збогатил со 2,8%, а секој руски - со 7,1%. 

Промовирани огласи »

Низ светот годинава се појави нов тренд кој навистина изгледа одлично, а истовремено и помага при подигнувањето на еколошката свест кај луѓето. Се работи за ултра модерните еколошки градини на покривите на зградите низ светот.
Да ги погледнеме највпечатливите:


1.Hedonistic Rooftop Penthouses, Copenhagen, by JDS Architects

2.Vertical Forest, Milan, by Stefano Boeri

3.CapitaGreen, Singapore, by Toyo Ito

4.Diane von Furstenberg Studio HQ, New York, by WORK Architecture Company

5. Fichtebunker, Berlin, by Verde Gartengestaltung

Ваквите трендови формирани од човекот, се место за релаксација и вклопување во природата која ни недостасува во модерното живеење. Секако, истите се поздравени од многу модерни семејства низ светот. Во моментот многу нови станбени капацитети кои се во изградба, во своите градежни планови имаат проектирано еко-градини на покривите, со цел збогатување на нашата околина и подобрување на воздухот во урбаните средини.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »