Промовирани огласи »

Низ светот годинава се појави нов тренд кој навистина изгледа одлично, а истовремено и помага при подигнувањето на еколошката свест кај луѓето. Се работи за ултра модерните еколошки градини на покривите на зградите низ светот.
Да ги погледнеме највпечатливите:


1.Hedonistic Rooftop Penthouses, Copenhagen, by JDS Architects

2.Vertical Forest, Milan, by Stefano Boeri

3.CapitaGreen, Singapore, by Toyo Ito

4.Diane von Furstenberg Studio HQ, New York, by WORK Architecture Company

5. Fichtebunker, Berlin, by Verde Gartengestaltung

Ваквите трендови формирани од човекот, се место за релаксација и вклопување во природата која ни недостасува во модерното живеење. Секако, истите се поздравени од многу модерни семејства низ светот. Во моментот многу нови станбени капацитети кои се во изградба, во своите градежни планови имаат проектирано еко-градини на покривите, со цел збогатување на нашата околина и подобрување на воздухот во урбаните средини.

Промовирани огласи »

Младата Мартина Димоска, која беше прогласена за личност на годината на „Нова Македонија“ во 2014/2015 година откако го освои првото место на Меѓународниот натпревар за вселенски апликации на НАСА во Македонија при „Њуменс бизнис-акцелераторот“ продолжува со своите огромни успеси и на возраст од 22 години стана најмладата менторка во НАСА. Истовремено, таа постојано го надградува своето образование во домашни и во реномирани странски образовни институции и сега ја очекува својата трета факултетска диплома. 

Уште како малечка го имав тој сон да бидам дел од НАСА. Многу ми е мило што вложив доволно за мојот сон да стане реалност. Мислам дека како најмлад ментор носам една поинаква тежина, но и поинаква предност. Тежина затоа што се чувствувам должна да понудам што повеќе професионалност и знаење за решавањето на предизвиците, бидејќи ментор сум и на многу поискусни и повозрасни од мене. Па, за да бидеме на исто ниво мора да го понудам максимумот. Предноста доаѓа од фактот што учесниците можат побрзо да се поврзат со мене и полесно да го дефинираме проблемот затоа што не се чувствува бариерата - вели Димоска.

Таа на 22 години веќе има стекнато дипломи по мехатроника, роботика и вградени системи на академијата „Њуменс бизнис-акцелератор“ и по аеронаутичко инженерство на универзитетот „Кент Стејт“.

Јас сум единствена од мојата фамилија што се закитува со факултетска диплома и горда сум на тоа, а уште погорда сум што за скоро ќе се закитам и со трета, како инженер на материјали и нанотехнологии при Технолошко-металуршкиот факултет. Патот е навистина напорен. Треба да менаџираш добро со времето, треба да имаш огромно разбирање од пријателите и од семејството, а притисокот е огромен. Паралелните студии се многу напорни и додека има и потешки професори има и такви што ги разбираат трудот и амбицијата, па тука се да излезат во пресрет. Тоа е од огромна помош - заклучува Димоска.

 Таа е многу скромна и вели дека од секое досегашно искуство научила многу, а сите заедно ја имаат изградено како личност.

Без разлика дали ме имаат подобрувано морално или интелектуално или, пак, ме притискале редовно да бидам надвор од комфорната зона и да вложувам енормно многу време, сето тоа ме правело поиздржлива, поупорна и подобар човек. Ниту едно од достигнувањата не можам да го издвојам како омилено, затоа што тие ме подобриле како личност. Можеби една од најдобрите лекции што сум ги научила е да не престануваме да работиме на себе и да вложуваме во нас, за да бидеме што е можно подобри, посовесни и почовечни - вели Димоска. 

Изминатата 2016 година ја помина како успешен стипендист на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, а потоа своето образование го продолжи како стипендист во Соединетите Американски Држави.

Ми претставува огромна чест што бев избрана на ваква висококонкурентна програма. Бев во САД да ги завршам моите студии на универзитетот „Кент Стејт“, изучувајќи аеронаутичко инженерство, што ги синхронизира моите претходни две дипломи: инженерство на материјали и нанотехнологии на Технолошко-металуршкиот факултет и од Академијата за мехатроника, роботика и вградени системи при „Њуменс бизнис-акцелераторот“, што ме води чекор понапред до постигнување на моите планирани цели - вели Димоска.

Нејзиното професионално доусовршување не престанува тука со оглед на тоа што таа беше прифатена како кандидат за летната школа во ЦЕРН - Женева.

Практиката во ЦЕРН - Женева ќе ми овозможи да се надградувам во полето на системското инженерство паралелно со инженерството на материјали и нанотехнологии, што ми е всушност и струка. Да бидеш вклучен во најголемите светски експерименти и да можеш да учиш од докажани експерти е нешто на што чекам со нетрпение! Ќе бидам вклучена во програма од мултикултурен тим, ќе имаме следење на предавања што ќе нѐ усовршат и ќе учествуваме во дискусии и работилници со луѓе што се лидери во својата област. На крајот од програмата ќе придонесеме со завршни проекти, каде што нашиот придонес ќе биде оценуван - вели Димоска.

Извор: http://novamakedonija.com.mk/

Промовирани огласи »

Интернет гигантот Yahoo престанува официјално да постои. Новото име на компанијата ќе биде Altaba, a досегашната извршна директорка Мариса Маер поднесува оставка.

Одлуката за заминување на Yahoo во историјата е потврдена во извештајот на компанијата кој таа го испрати до американските регулатори.

Во извештајот се наведуваат точните планови како Verizon ќе го преземе Yahoo. Да се потсетиме, Yahoo беше продаден за 4,8 милијарди долари. А кога ќе се заврши целиот процес на преземање, кога ќе биде предаден, мејлот, веб страните, мобилните апликации и рекламните алатки, компанијата ќе го добие новото име – Altaba.

Новото име претставува одраз на трансформацијата на Yahoo во холинг компанија зa инвестирање во кинескиот лидер во елeктронска трговија, Alibaba Group, и компанијата Yahoo Japan, кои заедно вредат повеќе од 40 милијарди долари.

Исто така се наведува дека досегашната шефица на Yahoo, Мариса Маер, ќе ја напушти таа функција по спојувањето.

Покрај Мариса, од компанијата ќе заминат уште неколку долгогодишни директори – коосновачот на „Yahoo“, Давид Фило и уште четири директори кои во моментов се во Управниот одбор.

Причините за заминувањето, како што изјавија, немаат врска со несогласувањата во самата компаниja или некоја нејзина филијала.

Промовирани огласи »

Американскиот синџир за брза храна McDonald’s ќе го продаде контролниот уред од својот бизнис во Кина и во Хонгконг за 2,08 милијарди долари на кинеско-американски конзорциум.

Конзорциумот е составен од државната компанија Citic и американскиот инвестициски фонд Carlyle, кои ќе купат 80% од уделот, додека McDonald’s ќе задржи една петтина од сопственоста. Планот вклучува и отворање повеќе од 1.500 ресторани во текот на идните години во помали кинески градови.

Citic, Citic Capital Holdings, Carleyle групацијата и McDonald’s ќе основаат компанија која ќе работи како франшиза на синџирот во континтентална Кина и во Хонгконг во текот на наредните 20 години. Договорот е дел од планот на McDonald’s да го промени начинот на работа на странските пазари со оглед на тоа дека компанијата се соочува со забавен раст.Се наведува дека целта на оваа купопродажба е зајакнување на присуството меѓу кинеските потрошувачи, „кои треба да станат главен двигател на кинеската економија во годините коишто следуваат“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »