Промовирани огласи »

Вип воведува нова промоција со која на своите припејдкорисници во мобилната телефонија им овозможува користење на двојно повеќе интернет. Корисниците можат да изберат еден од двата неделни интернет пакети и секогаш да бидат онлајн со своите пријатели и незаборавно да се забавуваат.

Во зависност од комуникациските потреби, корисниците можат да изберат неделен пакет со 2GB интернет за само 99 денари или да го изберат неделниот пакет со 400МБ за само 49 денари.

За корисниците кои сакаат да сурфаат и да користат бесплатни разговори треба да изберат еден од неделните пакети за разговори, SMS и вклучен двојно повеќе интернет.Со неделниот пакет за разговори, СМС и двојно повеќе интернет за само 99 денари корисниците добиваат можност за неограничени разговори кон Vip и промотивно 400MB интернет. Со активирање на неделниот пакет за 149 денари корисниците добиваат неограничени разговори и СМС кон сите мрежи и промотивно 1GB интернет.

Повеќе информации за оваа најнова промоција можете да добиете со јавување во контакт центрите на Вип на 1234 и на www.vip.mk

Промовирани огласи »

Врз основа на член 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија" бр. 1 67/1 5 пречистен текст и 27/1 6) и член 2 2 од Законот за вработени во јавен сектор („Службен весникна Република Македонија" бр. 27/14, 199/14 и 27/16) Јавното претпријатие за државни патишта, со седиште на ул. „Даме Груев" број 14, во Скопје, објавува ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на работници на определено време до 31. 12. 2018 година во Јавното претпријатие за државни патишта за следните работни места:

1. Советник за правни работи, подготовка и следење на експропријација, во Одделението за правни работи, застапување, подготовка и следење на експропријација во Секторот за правни работи, човечки ресурси и општи работи 4 (четворица) извршители, со исполнување на сл едните посебни услови:

Најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование од областа на правните науки
Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европ ската унија (англиски, француски, германски)
Активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење
Работно искуство најмалку три години работно искуство во струката
Работното време е распоредено во една смена и трае 8 часа дневно
Дневното работно време од 08. 00/8. 30 часот до 16. 00/16. 30 часот
Работа во работни денови од понеделник до петок
Неделното работно време изнесува 40 часа
Основната плата изнесува 33. 540, 00 денари

Покрај гореневедените посебни услови, предвидени со Правилникот за систематизација на работни места во Јавното претпријатие за државни патиштабр. 0211513/1 од 29. 11. 2017 година, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување на работници согласно Законот за работните односи.

Кон пријавата заинтересираните кандидати треба да достават:
Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност;
Уверение / диплома за завршен степен на образование,
Уверение за државјанство
Потврда/Доказ за работно искуство
Потврда/Доказ за активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Потврда/Доказ за активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење
Доказите за исполнување на условите треба да бидат во оригинална форма или копија заверена кај нотар.
Вработувањето ќе биде на определено време до 31. 12. 2018 година.

2. Советник за односи со јавност, во Оддел ение за организирање и поддршка на работата на Директорот 1 (еден) извршител, со исполнување на следните посебни услови:

Најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование од областа на правните науки, политичките науки или наука за книжевноста
Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европ ската унија (англиски, француски, германски)
Активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење
Работно искуство најмалку три години работно искуство во струката
Работното време е распоредено во една смена и трае 8 часа дневно
Дневното работно време од 08. 00/8. 30 часот до 16. 00/16. 30 часот
Работа во работни денови од понеделник до петок
Неделното работно време изнесува 40 часа
Основната плата изнесува 33. 540, 00 денари

Покрај гореневедените посебни услови, предвидени со Правилникот за систематизација на работни места во Јавното претпријатие за државни патишта бр. 0211513/1 од 29. 11. 2017 година, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување на работници согласно Законот за работните односи.

Кон пријавата заинтересираните кандидати треба да достават:
Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност;
Уверение / диплома за завршен степен на образование,
Уверение за државјанство
Потврда/Доказ за работно искуство
Потврда/Доказ за активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Потврда/Доказ за активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење
Доказите за исполнување на условите треба да бидат во оригинална форма или копија заверена кај нотар.
Вработувањето ќе биде на определено време, до 31. 12. 2018 година.

3. Самостоен референт Технички секретар на Директорот, во Одделение за организирање и поддршка на работата на Директорот 1 (еден) извршител, со исполнување на следните посебни услови:

Најмалку ниво на класификации VA или ниво на квалификации IV според македонскатарамка на квалификации и стекнати 1 80 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование
Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење
Работно искуство најмалку три години работно искуство во струката
Работното време е распоредено во една смена и трае 8 часа дневно
Дневното работно време од 08. 00/8. 30 часот до 16. 00/16. 30 часот
Работа во работни денови од понеделник до петок
Неделното работно време изнесува 40 часа
Основната плата изнесува 24. 752, 00 денари

Покрај гореневедените посебни услови, предвидени со Правилникот за систематизација на работни места во Јавното претпријатие за државни патиштабр. 0211513/1 од 29. 11. 2017 година, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување на работници согласно Законот за работните односи.

Кон пријавата заинтересираните кандидати треба да достават:
Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност;
Уверение / диплома за завршен степен на образование,
Потврда/доказ за работно искуство
Уверение за државјанство.
Потврда/Доказ за активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Потврда/Доказ за активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење
Доказите за исполнување на условите треба да бидат во оригинална форма или копија заверена кај нотар.
Вработувањето ќе биде на определено време, до 31. 12. 2018 година.

Рокот за пријавување на кандидатите е 5 (пет) работни дена, од денот на објавувањето на огласот во дневен печат. Ненавремените пријави нема да се разгледуваат.

Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пристигнатите пријави.

Лице за контакт Албана Бајрами.
Контакт телефон 02/31 18044.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат за вработување со доставување на пријава за вработување со контакт податоци и документи/ докази за исполнување на условите за вработување на адреса на Јавното претпријатие: ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА ул. „Даме Груев" бр. 14, 1000 Скопје или во писарницатанаЈавното претпријатиеза државни патишта, со назнака „за јавен оглас за пријавување на кандидати за вработување во Јавното претпријатие за државни патишта"

КАНДИДАТИТЕ СЕ ДОЛЖНИ BO ПРИТАВАТА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА НАВЕДАТ ЗА КОЕ РАБОТНО МЕСТО АПЛИЦИРААТ.

Постапката за избор на кандидатите ќе ја спроведе Комисија формирана од страна на Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта. По завршување на постапката, за извршениот избор секој кандидат ќе биде писмено известен.

Огласот е активен до: 20.02.2018 

Промовирани огласи »

Во изминативе неколку години повеќе истражувања се занимаваа со темата околу осумчасовното работно време, за кое било заклучено дека едноставно не функционира. Резултатите од сите овие истражувања покажале дека должината на траењето на работното време нема никаква врска со тоа колку сте ефикасни и продуктивни. Па, од каде дошла идејата за осумчасовно работно време?

Кампањата ја започнал еден социјален реформатор, Робер Овен, во 1810 година, во време кога фабриките работеле 24 часа, а работниците често работеле од 10 до 15 часа.

Тогаш, Овен го измислил слоганот: „Осум часа работа, осум часа одмор, осум часа спиење“, а во 1926 година, повеќе од еден век подоцна, компанијата Ford Motor станала првата која вовела траење на смена од осум часа и двојно им ја зголемила платата на вработените.

Денеска, осумчасовното работно време е дефинитивно застарен концепт.

Специјалист за циклусот на сон, Натаниел Клејтман, открива нешто што се нарекува „основен циклус на одмарање“, објаснувајќи дека нашите тела функционираат на 90-минутен период во текот на ноќта меѓу длабок и лесен сон.

Истото тоа се случува и во текот на денот, нашата поголема и помала будност се менуваат во ист период, поради што ни се потребни повеќе паузи за да бидеме повеќе продуктивни.

Доктор Тревис Брејдери ја предложил следната алтернатива: Идеален однос на работа и одмор би бил 52 минути работа и 17 минути одмор. Луѓето кои го одржувале овој баланс имале високо ниво на фокусираност на работата која ја извршуваат.

Шведска исто така експериментирала со смени од шест часа во еден дом за стари лица. Првите извештаи потврдиле дека медицинските сестри биле посреќни, имале повеќе енергија и биле попродуктивни. Штом се вратиле на старо, сестрите веднаш почнале да се жалат на умор и исцрпеност.

Новинарот Овен Џонес предложил да се работи четири дена неделно, а негов колега од „The Guardian“ ја поддржал идејата за работно време од четири дена.

Иако се уште не е постигнат консензус околу должината на траењето на смените, едно е сигурно: Тоа не е осум часа дневно.

Промовирани огласи »

Аеродромот што до вчера го носеше името на „Александар Велики“ сега ќе се вика „Меѓународен аеродром – Скопје“, додека автопатот што го носеше името на истиот историски лик од антиката сега ќе го носи името „Пријателство“.

Скопскиот аеродром и автопатот од Табановце до граничниот премин Богородица од вчера официјално имаат нови имиња.

Владината одлука за преименување стана официјална откако излезе во Службен весник.

Аеродромот што го носеше името на „Александар Велики“ сега ќе се вика „Меѓународен аеродром – Скопје“, додека автопатот што го носеше името на истиот историски лик од антиката сега ќе го носи името „Пријателство“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »