Во изминативе неколку години повеќе истражувања се занимаваа со темата околу осумчасовното работно време, за кое било заклучено дека едноставно не функционира. Резултатите од сите овие истражувања покажале дека должината на траењето на работното време нема никаква врска со тоа колку сте ефикасни и продуктивни. Па, од каде дошла идејата за осумчасовно работно време?
Кампањата ја започнал еден социјален реформатор, Робер Овен, во 1810 година, во време кога фабриките работеле 24 часа, а работниците често работеле од 10 до 15 часа.
Тогаш, Овен го измислил слоганот: „Осум часа работа, осум часа одмор, осум часа спиење“, а во 1926 година, повеќе од еден век подоцна, компанијата Ford Motor станала првата која вовела траење на смена од осум часа и двојно им ја зголемила платата на вработените.
Денеска, осумчасовното работно време е дефинитивно застарен концепт.
Специјалист за циклусот на сон, Натаниел Клејтман, открива нешто што се нарекува „основен циклус на одмарање“, објаснувајќи дека нашите тела функционираат на 90-минутен период во текот на ноќта меѓу длабок и лесен сон.
Истото тоа се случува и во текот на денот, нашата поголема и помала будност се менуваат во ист период, поради што ни се потребни повеќе паузи за да бидеме повеќе продуктивни.
Доктор Тревис Брејдери ја предложил следната алтернатива: Идеален однос на работа и одмор би бил 52 минути работа и 17 минути одмор. Луѓето кои го одржувале овој баланс имале високо ниво на фокусираност на работата која ја извршуваат.
Шведска исто така експериментирала со смени од шест часа во еден дом за стари лица. Првите извештаи потврдиле дека медицинските сестри биле посреќни, имале повеќе енергија и биле попродуктивни. Штом се вратиле на старо, сестрите веднаш почнале да се жалат на умор и исцрпеност.
Новинарот Овен Џонес предложил да се работи четири дена неделно, а негов колега од „The Guardian“ ја поддржал идејата за работно време од четири дена.
Иако се уште не е постигнат консензус околу должината на траењето на смените, едно е сигурно: Тоа не е осум часа дневно.