Референт за телефонска наплата

За компанијата: Еазу Фајнанс АД е Финансиско Друштво основано 2018та година во Република Македонија. Компанијата е насочена кон пазарот на брзи кредити и е еден од лидерите. Знаеме дека секој заслужува почит и разбирање... повеќе за компанијата »

Финасиско друштво Еазу Фајнанс АД Скопје е небанкарска финансиска институција која нуди различни производи од микокредитирање, хипотекарно кредитирање и факторинг.

Во насока на наш постојан развој и раст, се стремиме да интегрираме иновативни услуги кои се во чекор со неверојатно брзиот развој на дигиталниот свет.

Поради зголемување на обемот на работа, бараме личност за проширување на нашиот тим како Кредитен референт

Позицијата вклучува:

  • Евиденција на клиенти во долг
  • Навремена телефонска комуникација со должници
  • Секојдневнни обиди за наплата на долг преку разни канали 
  • Разговор со должниците со цел да се најде заедничко решение за плаќање на долгот надвор од постапка за присилна наплата и согласно внатрешните политики, процедури и стратегија на Друштвото.

Она што бараме од идниот кандидат е организираност, способност за работа под притисок, вештини за убедување, фокус кон резултати, високо ниво на доверливост и лојалност

Што ти нудиме?

  • Обука за работното место
  • Одлична работна атмосфера
  • Современа и најнова технологија
  • Можност за напредување
  • Фиксна плата + бонуси
  • Работно време од понеделник до петок од 08:30 до 16:30ч

Ние сме победници!

Играме како тим!

Од тебе очекуваме:

  • Да носиш одлуки и да решаваш проблеми засновани на податоци
  • Да бидеш одговорен и да превземеш одговорност
  • Да тестираш и научиш, да правиш грешки, но повторно да се обидеш
  • Да почитуваш, разбираш и помагаш во тимот

Потребни услови:

  • ССС/ВСС
  • Вредна, упорна личност со одлични преговарачки и организациони способности    
  • Тимски дух
  • Аналитичен пристап кон решавање на доделените задачи
  • Внимание на детали и ориентираност кон резултати     
  • Организираност и одговорност
  • Претходно работно искуство во банка или финансиско друштво се смета за предност

 

Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »